на чело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Feb 2021 14:15:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на чело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Валентина Велковска-Трајановска е прва жена композитор на чело на СОКОМ https://arhiva.vistina.com.mk/valentina-velkovska-trajanovska-e-prva-zena-kompozitor-na-chelo-na-sokom/ Mon, 22 Feb 2021 14:14:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190900

Композиторот и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска е избрана за претседател на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) на Изборно собрание  што се одржа на 13.02.2021 за следниот мандат од две години. Со изборот таа воедно станува и првата жена композитор која застанува на чело на оваа институција во нејзиното повеќедецениско постоење. За Велковска -Трајановска тоа претставува огромна чест, но и предизвик да се раководи со СОКОМ.
– Огромен е предизвикот да се застане на чело на здружение што постои и делува повеќе од 75 години, каде како претседатели се вброиле најзначајните имиња од македонската музичка историја, а воедно и првата претседателка композитор. Одговорноста кон колегите композитори, музиколози и севкупно нашите професии е, исто така, огромна, особено поради тоа што живееме во времиња кога се подзаборава на стручноста и знаењето кое нѐ издвојува и обединува. Посебно сум благодарна што мојата предлог-програма за претседател и мојот избор го потврдија поголемиот дел од нашето членство, што ми влева надеж за подобри времиња и наша целосна соработка – истакна новата претседателка на СОКОМ за „Културен печат“.
Плановите за понатамошната работа на СОКОМ таа ги доставила при постапката за нејзин избор во форма на предлог-програма, која ги детализира идните насоки на работење на композиторското здружение.
– Има неколку горливи прашања што би морале да ги решиме, а што зависат од нашата соработка со надлежното министерство, останатите институции и севкупно останатите чинители на музичкото живеење на домашен и на меѓународен план. Живеењето во, за и од културата веќе подолго време за сите го помина и работ на можно опстојување, поради што мора да се изнајдат начини што би го помогнале опстанокот на нашите дејности – потенцира Валентина Велковска-Трајановска. Новото Претседателство на СОКОМ го сочинуваат композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски и м-р Борис Светиев, како и музиколозите проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска и д-р Мирјана Павловска Шулајковска. За Претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.
]]>

Ѓани правеше слава, како да е свадба, а Дарко Лазиќ го накитија со евра: Јадење и пиење, максимално весело и лепење на чело (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjani-praveshe-slava-kako-da-e-svadba-a-darko-lazikj-go-nakitija-so-evra-jadenje-i-pienje-maksimalno-veselo-i-lepenje-na-chelo-foto/ Fri, 22 Nov 2019 10:02:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119967

Кога Радиша Трајковиќ - Ѓани слави слава, тоа изгледа како да е свадба! Пејачи те и музичарите се китат со пари, изобилство на храна и пијалаци, а и познати пејачи не недостасуваат. Така беше и овој пат, кога во средата навечер во еден ресторан пејачот ја славеше својата слава, еден ден пред Аранѓеловдан (Св. Архангел и Михаил). Пејачот беше домаќин на бројни пријатели, колеги, блиското и пошироко семејство. Дарко Лазиќ беше меѓу првите што запеја на славата, а потоа следуваа Слаѓа Алегро, Емир Хабибовиќ и многу други. Домаќинката Слаѓана беше во одлично расположение и ги пречекуваше на врата гостите. Меѓу нив беа и наследниците на Ѓани: ќерката Софија и синовите Марко и Милош со девојките.   По вечерата домаќинот и неговите музички пријатели се фатија за микрофонот. Прв Дарко Лазиќ го зеде микрофонот и му се заблагодари на Ѓани на поканата.   По краткиот говор, пејачот пушти и глас и веднаш заработи банкнота од 500 евра, на своето чело. Во еден момент, за микрофонот се фати и домаќинот кој пееше староградски песни.]]>