Музика и цртан филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Apr 2019 11:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Музика и цртан филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ,,Музика и цртан филм” – Концерт на „Пламенка Трајковска гудачки квартет“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-i-crtan-film-koncert-na-plamenka-trajkovska-gudachki-kvartet/ Wed, 10 Apr 2019 11:31:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82252

Пламенка Трајковска - гудачки квартет ќе оддржат концерт со наслов ,,Музика и цртан филм" на 12 април (петок) во НУ Центар за култура ,,Кочо Рацин" Кичево. Во цртаните филмови многу често се употребува класичната музика и овој концерт е конципиран како проекција на цртани филмови и изведба на класична музика со гудачки квартет во живо. На концертот се користат современа музичка технологија мултимедијални и анимациски елементи со цел децата да ја почувствуваат класичната музика како блиска и како своја. Изминатите години  Пламенка Трајковска со своите колешки интензивно работи на доближувањето на класичната музика до најмладата публика. Досега реализираа голем број на концерти во училиштата во Скопје и во повеќе домови на културата низ републиката. Минатата година реализираа концерти со наслов ,,Што е тоа гудачки квартет" во камерната сала на Македонската филхармонија. Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Илза Балата на виола и Маја Михајловска на виолончело. Концертот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2019 година и од НУЦК Кочо Рацин од Кичево.]]>