музичко училиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Oct 2023 11:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичко училиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичкото училиште „Ентерпрајз“ – Скопје сo Rock&Roll на “Бела Ноќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzichkoto-uchilishte-enterprajz-skopje-so-rock-roll-na-bela-nok/ Mon, 02 Oct 2023 11:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320642

Музичкото училиште Ентерпрајз“ од Скопје ја имаше честа да ја отвори централната манифестација на традиционалната „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на 30. септември пред Порта Македонија. Рок концертот на класата на ученици на Ентерпрајз од 10 до 18 години претставуваше посебно доживување и за многубројната публика но и за младите рокери, кои како вистински професионалци царуваа на сцената. Секоја нумера беше поздравена со огромен аплауз од публиката. Концептуално концертот се состоеше од настап на 17 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, а секој бенд изведе по една нумера, а вкупно беа изведени 17 песни. Програмата која се изведуваше, беше составена од кавери на популарни рок нумери избрани од самите ученици. Музичкото училиште "Ентерпрајз" е првото и најголемото рок училиште кое започна со работа во далечната 2002 година под водство на Валентино Скендеровски. Во текот на изминативе две децении училиштето прерасна во институција која ги открива, инспирира и образува новите генерации на рок и поп музичари. Настапот на централната манифестација на „Бела ноќ“ е уште еден доказ дека учениците на Ентерпрајз се иднината на македонската рок сцена.]]>

Учениците од „Ентерпрајз“ поставија стандарди кои се тешко достижни и за професионални музичари (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/305073-2/ Tue, 06 Jun 2023 09:05:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305073

Во неделата на 04.06.2023 година, учениците од музичкото училиште „Ентерпрајз“  во летниот клуб „Хавана“ поставија стандарди кои се тешко достижни и за професионални музичари. Изведоа 28 мошне сериозни композиции, на кои работеа напорно во изминатиот период. Децата пееја и свиреа од душа, со почит, токму како што и доликува на музичката уметност. Клубот „Хавана“ беше преполн, до таа мерка што немаше игла каде да падне. Според извори од персоналот и организаторите, присутни биле повеќе од 800 посетители. Едвај можеше да се влезе, а камо ли  да се стаса до шанкот за да си земете освежување на спарното време. "Младите музички таленти изведуваа преработки на рок нумери од познати светски поединци и бендови како: „Queen“, „Red hot chili peppers“…  а за прв пат се изведуваа и македонски кавери, односно нумери на познатите македонски рок бендови како „Архангел“ или „Санаториум“ на пример… Многу сум горд на сите нив, не можам да се соземам од среќа! Им честитам на сите наши ученици и им посакувам весел и среќен распуст, а од септември ќе продолжиме да се бориме со нови предизвици. Нашиот предавачки тим под водство на Фани Скендеровска (организација и менаџмент), составен од: Дамјана Апостоловски (пијано и пеење), Ѓоле Максимовски (бас гитара), Стефан Петановски (гитара), Неврус Бајрам (гитара) Антоние Весковски (тапани)... несебично работеше во текот на целата учебна година и нивна е заслугата за квалитетот на музиката која нашите ученици ја интерпретираат. Драги мои немирни Ентерпрајзовци: Летово ќе се одмориме добро, а веќе од самиот почеток на септември (или малку порано) започнуваме со работилници и семинари кои ќе не воведат во новата учебна година. До тогаш, уживајте во заслужениот распуст, наполнете ги батериите и одиме понатаму, да ги рушиме сите бариери. Вчера покажавте дека сте најдобри и дека никој не може да ви го одземе тоа што го носите во вас. Ништо не е посилно од искрената љубов кон музиката! Ве сака вашиот најголем фан и малтретатор на пробите“ - напиша на својот Фејсбук профил познатиот македонски музичар и музички продуцент, член на „Меморија“, Валентино Скендеровски кој е воедно и основач и сопственик на музичкото училиште „Ентерпрајз“. ]]>

Во недела во летниот клуб „Хавана“: Завршен годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“ https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshen-godishen-kontsert-na-uchenitsite-od-muzichkoto-uchilishte-enterprajs-vo-nedela-vo-letniot-klub-havana/ Sat, 03 Jun 2023 11:23:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304781

На 4 јуни 20203 (недела) со почеток во 20 часот во летниот клуб „Хавана“ во Скопје ќе се одржи завршниот годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“. Младите музички таленти ќе изведуваат преработки на рок нумери од познати светски поединци и бендови како: „Queen“, „Red hot chili peppers“...  а за прв пат ќе се изведуваат и македонски кавери, односно нумери на познатите македонски бендови како „Архангел“ или „Санаториум“ на пример... Влезот на завршниот концерт е бесплатен. Ова музичко училиште постои повеќе од две децении, поточно цели 21 -на година и се занимава исклучиво со изучување на рок музика. Досега низ него минале стотици ученици од различни возрасти, од 6 па се до 20 години.  ]]>

Мили призна шокантни детали за себе: „Бев најлошиот ученик во историјата на музичкото училиште (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mili-prizna-shokantni-detali-za-sebe-bev-najloshiot-uchenik-vo-istorijata-na-muzichkoto-uchilishte-foto/ Tue, 09 May 2023 11:33:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301252

Познатиот продуцент откри интересни и шокантни детали за себе, неговиот талент и периодот кога бил ученик во музичко училиште. Еден од најпознатите и најплодните композитори и продуценти на современата музичка сцена, Александар Милиќ Мили, животот воопшто не го разгалил. Со макотрпна и самопожртвувана работа успеал да надомести се што изгубил во детството. Морал да се пресели од луксузен стан од 400 метри квадратни во Осиек во Белград и да спие кај роднина, но денес ужива во куќа на три ката во која се наоѓа и неговото музичко студио. Мили потекнува од академско семејство, на кое е многу горд, особено неговите родители, на кои најважно им било неговото образование и на неговиот брат Иван. Сепак, композиторот наведува дека иако денес е вешт во својата работа, кога бил ученик во музичкото училиште, ништо не укажувало на тоа. - Јас и Иван бевме воспитани така што имавме разни активности, спорт, музика и училиште и ако дававме резултат во тие работи, можевме слободно да правиме што сакаме. Родителите не поддржуваа, особено во музиката. Иван беше одличен пијанист, а јас бев најлошиот ученик во историјата на музичкото училиште, кое има традиција од 200 години. Никогаш ништо не вежбав, играв на 12 години додека сите останати во групата имаа 9 години. Бев катастрофа, но многу рано почнав да правам песни. Веќе на 9 години ја добив првата хрватска награда за поезија за деца. Постојано ме привлекуваше да ги снимам моите мисли и внатрешен свет на хартија - изјави Мили, кој дипломирал на Бизнис академијата во Прага, додека неговиот брат Иван стана еден од најдобрите неврохирурзи во Србија. Иако детството му било безгрижно, војната во Хрватска ја прекинала динамиката на убавите моменти, па тој и неговото семејство биле принудени да дојдат во главниот град на Србија. - Дојдов во Белград без ништо, со маица и фармерки, но уште тогаш мислев дека и ова ќе заврши и дека ќе го прекинам текот на таквиот живот, да спијам со сестра ми Ниница зад шпоретот. Беше тоа чуден и тежок период, но јас не гледав така - изјави Милиќ во својата животна исповед за Гранд. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Прва ТВ]]>