музичко талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 May 2022 09:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичко талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонецот Леонардо од „Роџер брадрс“, „растури“ на „The Voice“- Австралија: Публиката „полуде“, Рита Ора од жирито се крена на нозе да тверкува (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonecot-leonardo-od-rodzer-bradrs-rasturi-na-the-voice-avstralija-publikata-polude-rita-ora-vo-zirito-ja-krena-na-noze-da-tverkuva-video/ Mon, 09 May 2022 09:03:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249278

21-годишниот Леонардо Илиев е најмалиот од тројцата синови на Зоран Илиев, познат како Зоки - Роџер или Зоки - Пијано кој во 20216 година со семејството се отсели од македонската престолнина во Мелбурн, Австралија, каде и претходно живеел како дете. Леонардо студира аудио продукција и создавање музика, а песната со која настапил на натпреварот „The Voice - Australia“ е негова, авторска песна и носи наслов „Nasty“ ( Валкано). Неговиот настап кој го крена жирито и публиката на нозе, веќе има над 440.000 прегледи. Додека Леонардо рапува на сцената, неговиот татко и браќата го бодрат од зад сцената, а британската ар ен би пејачка Рита Ора која е дел од жирито, Леонардо ја крена на нозе да танцува и тверкува на неговата изведба. Инаку, оние кои ја следат македонската естрадна поп сцена, сигурно се сеќаваат на братското рап трио „Роџер брадрс“ (ВИДЕО) од кое дел беше и Леонардо. Тој со неговите двајца браќа, тогаш уште деца,  во 2008/2009... беа актуелни на македонска сцена како рап атракција која имаше специфичен стил на изведба, облекување, однесување и настап на сцената. Проект кој беше идеа на нивниот татко Зоки-Роџер, на јавноста и е познат како човекот кој од својата куќа направи вистинско архитектонско и уметничко дело, инспирирано од сликарот Салвадор Дали. Тој своевремено раскажа дека се иселиле од земјава бидејќи системот не ги прифатил и дека објектот ќе го продава. Во 20219 година пак, кога Зоки-Роџер беше веќе заминат за Австралија, еден од неговите синови, тогаш  29-годишниот Давид кој остана во Скопје, исчезна. Го бараше полицијата, апел за помош испрати и самиот татко од Мелбурн, но за среќа познатиот ТВ водител и новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки-Фаци тогаш сосема случајно ќе го пронајде исчезнатиот Давид на автопатот кај Катланово, каде бил да се прошета во мир и тишина: „Претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одбива да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му“ – рече тогаш Зоки Фаци кој има семејна куќа во Катланово и добро го познава теренот, па кога го видел апелот  успеал да го пронајде здрав и жив. И самиот Леонардо вели дека и нему како и на неговите браќа на почеток, по преселувањето од Скопје му било малку проблем да се прилагоди на новата средина, но од друга страна, претпоставувал дека таму ќе има повеќе можности да успее. „Настапите се една од моите омилени работи заедно со правењето музика и интересно е затоа што веднаш гледаш како реагира публиката“, вели Леонардо. Погледнете го неговиот настап на музичкото талент шоу „The Voice - Australia“: Фото: Инстаграм принтскрин/leonardo_iliev/ Видео: Јутјуб/The Voice - Australia  ]]>

Ново музичко талент шоу кај нас: „Заблескај“ и сними дует со Елена Ристеска! https://arhiva.vistina.com.mk/novo-muzichko-talent-shou-kaj-nas-zableskaj-i-snimi-duet-so-elena-risteska/ Mon, 19 Apr 2021 13:04:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199634

Во организација на „Колор медиа плус“ и магазинот ,,Убавина и здравје“, кои зад себе имаат низа успешни организирани проекти, како што се регионалната конференција за жени „Профемина“, регионалналната манифестација „Стори“, Influenser awards, Βeauty awards и многу други настани, кон средината на идниот месец ќе започнат со емитување на музичкото талент-шоу „Заблескај“. Правилата за пријавување на кандидатите: Сите вие што сте музички талентирани и сакате да направите исклучителни музички кариери, а ви треба помош и поддршка, снимете се со вашите мобилни телефони како ја изведувате вашата омилена песна. Видеото со отпеаниот рефрен или стих од песната пратете ни го во ДМ на нашата официјална инстаграм-страница @ubavinaizdravje.mk или на нашата мејл-адреса – [email protected] Истото видео, откако ќе го пратите во ДМ, објавете го и на вашите профили на Инстаграм, ТикРок или на Фејбук со следните хаштагови: #заблескај и #заблескајсоорбит. Задолжително на видеото означете ги профилите на „Убавина и здравје“ на Инстаграм, Фејбук и ТикТок, во зависност од тоа на која социјална мрежа имате профил на кој ќе го објавите вашето видео. Пријавувањата стартуваат од денес, а ќе траат до 10 мај. Услов за да учествувате е да имате над 14 години. Петтемина најдобри ќе бидат избрани од страна на стручното жири, кое го сочинуваат истакнати и реномирани пејачи и познати личности чии имиња ќе ги објавиме наскоро, а шестиот што ќе влезе во овие топ-шест најдобри ќе биде оној кој ќе добие најголем број лајкови на видеото постирано на својот профил на социјалните мрежи. Потоа следуваат осум емисии, во кои што ќе бидат претставени кандидатите, а домаќинот задолжен за нивната промоција во јавноста е водителот Марко Новевски, на кого друштво во рамките на емисијата ќе му прават познати личности од домашната јавна сцена, кои заеднички со Марко ќе ги коментираат настапите. Гала-вечерта е планирана кон крајот на јуни. И следува најдобриот дел. Победникот добива песна што ќе ја сними во дует со најголемата музичка ѕвезда кај нас, Елена Ристеска, и уште многу изненадувања, кои ќе бидат откриени во текот на натпреварот. За музичкиот рефрен, односно за делот со музика и аранжман ќе бидат задолжени Јован и Иван Јованови, а текстот ќе го напише самата Елена. Ќе има изненадувања и за преостанатите финалисти, но да не откриваме се’ пред почетокот на шоуто. Пријавувајте се и заблескајте! Наскоро следуваат нови информации и детали.  ]]>