музичко онлајн талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 06:54:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичко онлајн талент шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра Трајческа е победничката во втората сезона на македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-trajcheska-e-pobednichkata-vo-vtorata-sezona-na-makedonskoto-muzichko-onlajn-talent-shou-zableskaj-video/ Mon, 05 Jun 2023 06:51:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304789

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит. Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова. Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб - „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни. Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место. Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден… А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата. Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година. Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение: ]]>