музичко-моден пакет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Sep 2021 08:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичко-моден пакет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Star Boy – македонскиот трап артист кој живее во Париз го промовираше својот „Infinity Box“ во Монте Карло: Музичко ДВД, маичка од сопствениот моден бренд, беџ и стикери во еден пакет! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-trap-artist-koj-zivee-vo-pariz-go-promovirashe-svojot-infinity-box-vo-monte-karlo-muzichko-dvd-maichka-od-sopstveniot-moden-brend-bedz-i-stikeri-vo-eden-paket-video/ Fri, 24 Sep 2021 08:54:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220443

Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живеево Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“. Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки - три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската  колевка  на раскошот и луксузот, Монте Карло. Имено „музичко - модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменатат маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери. Инаку Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од Македонија на музичко поле и моден план, обидувајќи се да направи пробив во светот на шоу-бизнисот и модата каде конкуренцијата е жестока и пеколно немилосрдна, а во исто време не заборава кој е и од каде потекнува, афирмирајќи ја Македонија и преку сопствениот креативен израз. Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“ е еден од суштинските стихови во една од песните („Mad“) со која тој сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа. „Star Boy“  ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот. Во исто време „Star Boy“ го промовираше и својот веб портал (ROYALTY PARIS – LUXURY BRAND) на кој можат да се најдат сите информации за ова момче и неговата работа и творештво, како и да се набават посочените музичко-модни продукти. Еве ја неговата промотивна видео порака до сите Вас: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=BfbgmP6Ls-A[/embed]    ]]>