музички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Feb 2023 12:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Шавија потсети зошто е „првокласна кучка“: Српската старлета има свое топлес музичко видео уште кога сите други беа закопчани до грло (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-shavija-potseti-zoshto-e-prvoklasna-kuchka-srpskata-starleta-ima-svoe-toples-muzichko-video-ushte-koga-site-drugi-bea-zakopchani-do-grlo-video/ Mon, 13 Feb 2023 12:09:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288598

Старлетата и поранешна ријалити ѕвезда Наташа Шавија на социјалната мрежа Инстаграм објави жешко видео со кое по којзнае кој пат ја разгоре машката имагинација. Само што овој пат нејзиното видео е музичко и старо добри седум години. Во него таа пее, позира во еротска долна облека, изведува стриптиз покрај прозорецот, а во поедини кадри Шавија и танцува топлес. Впрочем, српската старлета потсети дека има свое топлес музичко видео уште кога сите  други беа закопчани до грло! Имено, музичкиот спот датира од далечната 2016 година, а песната носи наслов  „Не брини“ („Не грижи се“). Вокалните можности на старлетата можеби не се за кој знае каква пофалба иако и овие што години по неа почнаа пејат по учеството во разни реални шоуа не се ништо помузикални од неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nataša Šavija (@natasa.savija)

Затоа пак Нашата меѓу првите се осмели да се разголи, да ги покаже своите телесни квалитети и сиот свој раскош сдо кој ја надарила мајката природа... Со по некој ситен естстски зафат, се разбира. Во меѓувреме старлетата сфати дека нема големо фајде од пеењето, па целосно му се посвети на позирањето... Особено успеа пристојно да заработи откако ја отвори својата „ Only Fans“ страница за возрасни, на која самата тврди дека е... „Првокласна кучка“! Каква? „Не грижи се“, старлетата е тука да те потсети што се умее... (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Кои се трите најпопуларни пејачки на Инстаграм во Македонија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-trite-najpopularni-pejachki-na-instagram-vo-makedonija-foto/ Fri, 09 Dec 2022 10:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279259

Во текот на ноември,  real-time платформата (https://analytics.live) анализираше 200+ Instagram профили во Република Македонија во категоријата Showbiz, по  се добија првите три највисоко рангирани пејачки според бројот на добиените реакции (допаѓања, споделувања и коментари) од публиката, информираат од Пикаса Аналитикс. Методологија – „Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа аnalytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република  Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари). Резултатите се следниве: Од анализата произлегува дека највисоко рангирана пејачка според бројот на добиените реакции (допаѓања, споделувања и коментари) од публиката во Македонија е младата Антониа Гиговска. Веднаш зад неа е пејачката од Македонија со албанско потекло, Аделина Тахири, додека третопласирана е веќе етаблираната и еден од најдобрите македонски женски вокали, Тамара Тодевска. Анализата не содржи параметри кои покажуваат на што се темели нивната популарност на оваа социјална мрежа. Дали е тоа нивната општа популарност заради нивните песни, односно хитови, дали заради популарноста меѓу младите стекната со настапите по кафулињата, клубовите, дискотеките... ширум Македонија, дали можеби заради нивната активност на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде секојдневно самите прикачуваат и споделуваат различни содржини во вид на фотографии и видеа? И тоа не само музички, туку најчесто оние од секојдневието и нивниот приватен живот! Или можеби написите и објавите во медиумите токму за нивниот приватен живот, кој во последно време е мошне турболентен и интересен за јавноста. Особено оној на двете Македонки, па и на Албанката. Впрочем, Антониа Гиговска неодамна имаше раскинување на долгогодишната врска со љубовна афера за наводна прељуба, како од турска серија во продолженија... Тамара Тодевска исто така, па нејзината навидум „семејна хармонија“ по која сите мислеа дека пејачката конечно се смирила, од нигде-никаде изненадно  доживеа „брачен бродолом“ со бракоразводна постапка која е во тек. Аделина Тахири покрај раскошниот живот во кој ужива и луксузот кој секојдневно го прикажува токму на Инстаграм, стана дополнитело интересна за јавноста откако влета во брак со познат Македонец, адвокатот С. Марков, кој зад себе остави сопруга и ќерка, за да да влезе во брак со албанската пејачка. Што од сето ова, (а, можеби сето заедно) придонесло за огромната вирална популарност на пејачките, засега останува прашање за дополнителна анализа?! Фото: Инстаграм принтскрин/adelina_tahiri1/tamaratodevska/antoniagigovskaa
]]>

Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javno-muzichki-estradni-i-tv-dzvezdi-po-doma-zeni-domakjinki-ovie-poznati-makedonki-vapcaa-jajca-rano-nautro-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 21 Apr 2022 08:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247200

Велики Четврток или Величетврток како што  се вика меѓу народот е прvиот ден од почетокот на празнувањето на Велигденските празници, а главен обичај што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат. Вака велат обичаите и традицијата, а истите постојат  како дел од верата, духовното и културно наследство на еден народ, конечно дел од неговото битие и идентитет. Затоа нив ги почитуваат сите верници... Од обичните луѓе до познатите личности... Та биле тие ТВ, музички, естрадни... ѕвезди во јавниот живот, но по дома се жени - домажинки. Токму затоа овие познати Македонки, како што налага традицијата и обичајот,  вапцаа јајца уште рано наутро за Велики Четврток. На дамите не им се бројата годините , особено не на оние - познатитем но сепак ќе започнеме со „најискусните“... во домаќинлукот, секако! - Македонската по дива Калиопи Букле е несомнено една под нив. Нашата „Најмила“, знае колку е важно да се испочитува традицијата, па затоа и годинава не омана и пропупшти да го направи она што на Велики четврток се прави. Иако вообичаено е на овој ден да се бојадисуваат само три јајца и тоа во црвена боја, вредната Опи вапала полна чинија јајца и оа во неколку бои... Епа, нека е за многу години, како пто порачала самата Калиопи! - Најдолговечната македонска ТВ водителка Лила Филиповска оддамна покажала дека не е ништо помалку добра домаќинка! Знае како со банкарот и натпреварувачите во „Се' или нешто“, ама знае и како се почитуваат обичаите, па уште рано наутро пред собцето да изгрее, ги засукала ракавите и вапцала три црвени јајца. за неа, синот филип и за Рагнар... мачорот!? Важно е да се испочитува традицијата! - Уште една позната македонска ТВ водителка живее во духот на верата, обичаите и традицијата. Милена Антовска како тазе мајка по втор пат, истите ги испочитува, па и таа станала рано за да ги вапца јајцата.  Првото го споделила меѓу велигденските украси кои допрва треба да ја разубават велигденската трпеза. Единстевно остана нејасно дали до крај го испочитувала обичајот по вапцувањето на јајцата,  рано пред изгрејсонце, домаќинката да го земе првото јајце и на децата, уште додека се в постела, да им мине три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се крупни како јајцето, но и црвени во образите, што е знак за здравје и напредок. Но, како и да е... Нека е за многу години! -На уште една македонска ТВ водителка празничното станување рано не и падна тешко, зашто Снеже Велков тоа ионака го прави секојдневно, за да вози велосипед по скопските улици и патеки. Пилатес инструкторката и ТВ водителка оддамна покажала дека колку што е добра зад камерата, толку ја бива и во кујната, па затоа не изненади со тоа што и таа ја испочитувала традицијата и направила „нешто конкретно“ - вапцање на првите велигденски црвени јајца... За Велики Четврток! - Пејачката Елена Петреска по потекло е од Прилеп, град во кој многу се почитуваат и религијата и обичаите и традицијата... без оглед на тоа што оддамна прилепската ја заменила со скопска адреса на живеење, она што е во гените не го заборавила, па и таа како мајка и сопруга, но прд се као жена-домаќинка уште рано пред зори, за велики Четврток си ја завршила работата. Трите црвено-вапцани јајца пред иконата и времето на нивното бојадисување... 04:43 рано посабајле, пред изгрејсонце! Секако, ова не се единствените ТВ или музичко-естрадни дами кои за Велики Четврток ја почитуваат велигденската традиција на вапцање на првите црвени велигденски јајца... нрекои други пак можеби н јајца не вапцаа, ама се сетија да го одбележат денот. Како мисицата и пејачка, тетовката Кристина Димитриевска на пример,  која споделила потсетник дека денес е Велики Четврток... Или топ моделот, гевгеличанката Александра Накова, која јајца не вапцала, барем јавно не покажа, но затоа својот бутик за женска гардероба во Гевгелија го накитила со украси во вид на велигденски јајца наредени на велигденското дрвце. Како и да е, нека е за многу години Велики Четврток! Фото: Инстаграм принсткрин  ]]>

„Младински музички маратон 2020“ на „Скопско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/mladinski-muzichki-maraton-2020-vecher-na-skopsko-leto/ Fri, 31 Jul 2020 12:48:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161541

„Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“. Ќе настапат млади музичари – пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска. На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовски… Како и другите настани на „Скопско лето“, концертот ќе се одржи според протоколите, бројот на публиката ќе биде ограничен и со задолжително почитување на мерките за заштита – носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција и влез на публиката порано, односно од 20 часот.]]>

Прво доделување на регионални музички признанија https://arhiva.vistina.com.mk/prvo-dodeluvanje-na-regionalni-muzichki-priznanija/ Fri, 23 Nov 2018 12:27:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59506

Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик (Skymusic), на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи музички спектакл каков сè уште не е виден во овој дел на Европа. Дел од церемонијата на доделувањето на првите регионални музички признанија Huawei Music Awards Ceremony (MAC) ќе бидат најголемите ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи... На манифестацијата се очекуваат преку 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе присуствуваат 15 000 посетители. Единствениот целовечерен забавно–музички настан Huawei MAC директно ќе се пренесува на телевизиските станици со национална фреквенција во земјите од регионот. Huawei MAC ќе биде продукциски и телевизиски најсложен потфат кога било изведен на нашите простори, организиран по највисоки светски продукциски стандарди. Употребата на најновите аудио и визуелни технологии, подвижни екрани и сценографии, иновативен концепт на осветлување, најсовремени трендови на концертна техничка продукција – сето она по што Скајмјузик ја зазема лидерската позиција во регионот, на церемонијата на доделувањето на музичките признанија ќе биде подигнато на највисоко ниво. Изведувачите и музичките нумери за доделувањето на Huawei MAC признанијата ги номинираат радиостаниците. Гласачите од сите земји од регионот ќе имаат можност преку интернет страницата Huawei MAC www.musicawardsceremony.com да гласаат за своите фаворити, а на Фејсбук https://m.facebook.com/music.awards.ceremony) и Инстаграм–страниците  https://www.instagram.com/music.awards.ceremony) ќе можат да ги следат најновите вести и занимливости поврзани со манифестацијата. Huawei MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Скајмјузик, која зад себе има дводецениско искуство во техничка продукција на најголемите регионални музички настани. https://www.youtube.com/watch?v=LL7NX717xTc&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0sjrfMud3zze9ZwlYFAIpBFIt1uJSFCnOkpzDQrZ-S856flXScND6-qU8]]>

Богато музичко лето во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/bogato-muzichko-leto-vo-makedonija/ Mon, 28 May 2018 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29206

Десетина музички фестивали кои ова лето ќе се одржуваат на македонска територија нудат најразлично музичко доживување со домашни и странски изведувачи.
Доколку подетално ги разгледате понудите, секој може да си одбере каде ќе ги гради спомените ова лето. Фестивалите може да ги селектирате според локација, содржина или цена. Еве кои ви ги препорачуваме ние:
Таксират 2.0 - Скопје Концерти на „Гогол Бордељо“ и Питер Бенс Во рамките на одбележувањето на 20.издание на фестивалот Таксират годинава имаме понуда од повеќе концерти, а следни на листата се незаменливите џипси-панкери „Гогол Бордељо“. Концертот ќе се одржи на 29 мај во Младинскиот културен центар во Скопје и е во рамките на „Seekers And Finders“ турнејата за истоимениот нов албум. Комбинирајќи ги панк и ромската музика со хумор и ефектни, хаотични и енергични сценски настапи, Гогол Бордело (Gogol Bordello) ја раскажува приказната за имигрантите и дијаспората. Предводникот на бендот, украинецот Јуџин Хуц (Eugene Hütz), бегајќи од катастрофата во Чернобил, се вљубува во мистичните тонови и богатството на ромската музика која не ѝ припаѓа на „мејнстримот“, но со која е поврзан и од семејните корени. Влезницата за овој концерт чини 500 денари. Следен настан за одбележување на 20 години Таксират е концертот на Унгарскиот пијанистички виртуоз Питер Бенс. Тој го освои интернетот со своите аранжмани на хитовите на Мајкл Џексон, Квин и Сиа, собирајќи досега повеќе од 200 милиони прегледувања. Во Скопје ќе настапи на 31 мај во Македонската филхармонија, а цените на билетите се движат од 900, 1.000 и 1.100 денари.  
Скопје Колинг Од 21 до 24 јуни во Скопје на стадионот на АРМ ќе се одржи фестивалот „Скопје колинг“ на кој ќе настапат музичари од различни жанрови. На 21 јуни може да ги слушате Аксвел и Ингросо за цена од 1.000, 1.500 и 2.000 денари. Следниот на 22 јуни стдионот на АРМ ќе ги пречека „Морчиба“ и „Нувел Ваг“, а биелтите чинат 1.000 и 1.500 денари. На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња „Тексас“, а за првпат на отворено во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд. Цените за оваа фестивалска вечер чинат 1.000 и 1.500 денари. Фестивалот се затвора со Алан Вокер, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни. Оние кои веќе набавиле влезници за 2 јуни, истите ќе им важат и за 24 јуни. Додека пак останатите кои допрва ќе купат, влезниците чинат 1.000 и 1.500 денари. Дополнително информации ќе следат и за настапот на Фејтлес диџеј-сет со Систер Блис и настапот на Роџер Санчес. Организаторите најавија дека оваа недела ќе бидат пуштени во продажба и блок-картите за овој фестивал по цена од 2.000 и 3.000 денари.
  Оффест - Скопје Фестивалот Оффест годинава го за своето 17.издание ќе се одржи од 31 мај - 5 јуни. Програмата, вклучува актуелни и врвни имиња од т.н. музика на светот (world music), од Европа, Африка, САД и Австарлија. Jupiter & Okwess од Конго ќе гостува по вторпат. Fighting Windmills е единствената домашна група, со одличен нов албум, со своја премиерна концертна промоција на „ОФФест“. Dirtmusic е ол-старс група со Крис Екман (The Walkabouts), Хуго Рејс (The Bad Seeds на Ник Кејв) и Мурат Ертел (Baba Zula), и ќе се претстави во едно психоделично-рок издание. Автентичните Officina Zoe од Италија доаѓаат со својот хипнотички транс. Од Тунис, ќе гостува Ifriqiyya Electrique со шаманско-индустриски-електро ритуал. Ориентален рок со најдоброто од Турција – Gaye Su Akyol и нејзината група. Пополноќна afro-groove забава до утринските часови со DJ Mukambo од Белгија. Магичните Barmer Boys ја продолжуваат вековната индиска музичка традиција. Trans-Aeolian Transmission ќе ни приреди свој специфичен аудио-видео перформанс. И за затворање на фестивалот, африканската кралица – Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, која доаѓа од Мали. Во четири вечери (31 мај – 3 јуни), концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар. На 31 мај и 1 јуни со почеток во 21 часот, а на 2 и 3 мај со почеток во 20 часот. Полноќната забава на 2 мај е со почеток по 24 часот во „Клуб Епицентар“. Завршната вечер е на 5 мај во Македонската опера и балет со почеток во 20:30 часот. Билетите за четирите вечери во МКЦ се по цена од 500 денари за вечер. Билетите за концертот на Уму Сангаре во Македонска опера и балет се со цена 1 200 денари за галерија и 1 500 денари за партер. Билетите за полноќната забава во „Клуб Епицентар“ се со цена од 200 денари. Комплет билетите се со привлечна цена од 1.500 денари за девет концерти. Во комплетот билети не е вклучен само концертот на Уму Сангаре. „Тру саунд оф Каменица“ – Македонска Каменица На 23 јуни во Македонска Каменица во рамките на фестивалот „Тру саунд оф Каменица“ концерт ќе имаат „Култур шок“. Култниот џипси-панк бенд од САД веќе 20 години се фестивалска атракција. Нивната музика се карактеризира со микс на традиционална балканска музика со рок, панк и метал. Македонска поддршка за овој концерт се бендовите „The Black & Vice Social Club“ и ЕКВ трибјут бендот „Weltschmerz“. Влезниците чинат 300 денари.
  Д фестивал - Дојран Три дена фестивал под отворено небо во Дојран. Добропознатиот Д фестивал годинава се одржува од 6 до 8 јули. се најавуваат над 100 изведувачи на четири бини и можност за кампување. Настапуваат: Пол Ван Дајк, „Disciples“, „Финк“, Горан Трајковски, Дуке Бојаџиев, Севдализа, „Who See“, Френки, „Riot Days by PussyRiot Theatre“, „Бркови“, „Хелем Нејсе“, „Коала Војс“, „Палиндром“, „Конспираси“ и други. Цените за овој фестивал изнесуваа 600 денари за три дена без кампување и 650 денари тридневна влезница со кампување.
  Охрид Колинг На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на 1,2 и 4 август ќе може да се забавувате со Димитри Вегас и Лајк Мајк, Армин Ван Бурен и Џакс Џоунс. На 1 август за првпат во Македонија и во регионот ќе настапат Димитри Вегас и Лајк мајк, а влезниците за нивниот настап чинат 1.000, 1.500 и 2.000 денари за фан зона за која има само илјада билети. На 2 август ќе настапи и Џакс Џоунс и за овој настап влезниците чинат 500 денари за партер и 700 денари за фан зоната. Армин Ван Бурен е веќе докажан изведувач кој ја развеселува македонската публика. Неговиот настап ќе биде на 4 август, а влезниците се по цена од 1.000, 1.500 и 2.000 денари. За овој фестивал пуштени се во продажба и блок-влезници по цена од 1.600, 2.100 и 3.000 денати. Сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 01 и 04 август), со истите да може БЕСПЛАТНО да присуствуваат на денот на настапот на Џакс Џоунс на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
  Грин бич - Струга Фестивалот „Грин бич“ ова лето ќе се одржува на нова локација на крајбрежјето на Охридското Езеро и тоа за првпат во Струга. На 27 јули , макеоднската публика за првпат ќе има шанса на домашна територија да ја слушне техно-дивата Нина Кравиц. Сибирската дама е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали. Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката. Домашна поддршка ќе биде Ана Мало и Дејан Декс. Промо-билетите кои се пуштени во продажба чинат 500 денари.   Револушн фестивал – Кочани Во рамките на 55, издание на Драмски аматерски фестивал во Кочани од денеска ќе се одржува и музичкиот хепенинг „Револушн“ во Паркот на револуцијата. Првата вечер ќе настапат Диџеј Дадо и „Летечки пекинезери“, на 29 и 30 мај ќе настапат Диџеј буби, Диџеј дарк фејс, Диџеј Мастер Џи, диџеј Ацко и „БрасБрадерс“. На 1 јуни ќе гостува Васко Атанасовски од „Бернајс Пропаганда“ и Диџеј Гоце САФ. Послдениот ден на 2 јуни ќе настапат Диџеј Лекс и Хепи енд. Китино фестивал - Кичево Од 22 до 24 јуни на Китино Кале во Кичево своето прво фестивалско издание ќе го има „Китино фестивал“. Се најавуваат денови исполнети со добра енергија кога Китиното Кале повторно ќе стане центар на културниот и социјалниот живот во градот. Фестивалот се карактеризира како пет-френдли и досега ги има најавено концертите на „Фолтин“, „Каин“ и „Клара“ за првиот фестивалски ден и диџеј-сетовите на Цветански, Панишер, Дејан Декс, Сашо Рецид и Роботникс за вториот ден од фестивалот.
Струмица опен фестивал 2018 „Слушај го срцето и дозволи да ти го покаже патот до најголемиот и најуникатен open-air фестивал во Македонија! Од 10 до 19 август, Струмица ќе ги активира своите уникатни сцени под отворено небо и по седми пат ќе овозможи гостување на најдобрите македонски, балкански и светски артисти. Настапувачите со своите хип хоп, рок, џез, класични, етно, поп или електронски звуци ќе го освојат целото ваше внимание! Годинава СОФ ќе го има најгласното, најмодерно и најразиграно издание! Послушајте го вашиот внатрешен глас и допуштете си нова летна авантура. И годинава, најголемата културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во регионот ќе создаде безброј незаборавни летни приказни за сите фестивалџии! Со широко отворено срце дочекајте ги врвните концертни шоуа зачинети со магијата на различностите. Со новото издание на СОФ ја продолжуваме нашата мисија – целосно бесплатна забавна програма за сите возрасти и вкусови. Следете нè! Со нетрпение чекаме да ги споделиме деталите за #соф2018 и уште сега да ве распееме“ - порачуваат организаторите кои се 'уште не ја зтвориле и официјално објавиле годинешната програма.  ]]>