музички награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Jan 2019 09:19:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музички награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролина добитник на статуетка на MAC: Погледнете го нејзиниот настап на импресивната сцена (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-dobitnik-na-statuetka-na-mac-poglednete-go-nejziniot-nastap-na-impresivnata-scena-video/ Wed, 30 Jan 2019 08:36:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70061

Штарк Арена во Белград вчеравечер беше местото каде се собраа најголемите музички ѕвезди од регионот, а меѓу нив се најде и нашата пејачка Каролина Гочева. Каролина ја освои наградата за најдобра етно нумера, а за статуетката се пофали пред целиот регион.
Имено, токму наградената песна „Ти не дојде“ таа ја изведе на импресивната сцена која остава без зборови.
Оваа емотивна балада од последниот албум на Каролина „Извор“ беше селектирана како најдобра од својата категорија, а Гочева блесна облечена во модерна комбинација со француски шмек сочинета од светкав корсет и црни панталони.
Инаку, на сцената во најголемата белградска сала настапија: Тони Цетински, Жељко Јоксимовиќ, Јелена Розга, Ван Гог, Масимо Савиќ, Јелена Карлеуша и многу други.
Во продолжение погледнете го настапот на Каролина на  04:09:03 фото:принтскринјутјуб]]>

Големите музички ѕвезди ве повикуваат на „MAC“! https://arhiva.vistina.com.mk/golemite-muzichki-dzvezdi-ve-povikuvaat-na-mac/ Thu, 06 Dec 2018 11:02:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61752

Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи, и со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony). Признанијата на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат доделени на 29 јануари 2019 година, на спектакуларната манифестација во Штарк арената, на која ќе учествуваат повеќе од 60 познати личности од регионот. Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе ги следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот. Воодушевувањето од идејата за прво доделување на музички награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински: „Долго регионот чекаше на настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најдобар можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“ Првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин веќе ќе се уважат мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите. MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Skymusic која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани. Манифестацијата директно ќе ја пренесуваат телевизии со национална фреквенција од регионот, а најновите информации за MAC можете да ги следите преку страницата www.musicawardsceremony.com, како и на официјалните Фејсбук www.facebook.com/music.awards.ceremony и Инстаграм www.instagram.com/music.awards.ceremony профили. (Фото Skymusic: Горан Бреговиќ)]]>

Објавени номинациите за јубилејното 60-то „Греми“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaveni-nominaciite-za-jubilejnoto-60-to-gremi/ Wed, 29 Nov 2017 12:34:00 +0000 http://vistina.mk/?p=5210

Како што привршува годинава, полека започнуваат подоготовките за сезоната на награди, па така денеска беа објавени номинациите за јубилејното, 60. по ред доделување на најпрестижните музички награди Греми, во чии рамки ќе бидат наградени најдобрите музички автори, изведувачи и дела што ја одбележаа оваа 2017 година. Овој пат, најмногу номинации доби Џеј Зи, кој е во трка за 8 златни грамофони, вклучувајќи ги албум на годината, песна на годината, снимка на годината и најдобар рап албум. Веднаш зад него, со седум номинации е колегата Кендрик Ламар, а во шест категории ќе се натпреварува Бруно Марс. По пет номинации добија Сиза, Калид, Чајлдиш Гамбино и продуцентот Ноу Ај-Ди. jzЏеј Зи на доделувањето во 2013 година Сосема очекувано за публиката, но малку изненадувачки за познавачите на историјата на Греми, латино-хитот „Despacito“ е номиниран во три категории, вклучувајќи ги главните за песна и снимка на годината, како и за најдобра изведба од поп-дуо или група. Како што пишува „Билборд“, латино-песните, особено оние отпеани претежно на шпански јазик, ретко биле номинирани во овие категории, а последен пат слична ситуација имаше во 2000 година, кога за песна и снимка на годината биле номинирани „Smooth“ од Карлос Сантана и Роб Томас и „Livin’ La Vida Loca“ од Рики Мартин. Имајќи го предвид сево ова, станува збор за навистина историски момент за оваа манифестација. Златните грамофони по 60. пат ќе бидат доделени на 28 јануари 2018 година, во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, а во улога на водител по вторпат ќе го видиме популарниот британски актер и водител Џејмс Корден, кој одлично си ја заврши работата и на годинашното издание на манифестацијата. Главните категории Ве очекуваат во продолжение, додека сите номинации можете да ги погледнете на официјалната веб-страна на Греми.
Снимка на годината
Redbone – Чајлдиш Гамбино
Despacito – Луис Фонси и Деди Јенки со Џастин Бибер
The Story of O.J. – Џеј Зи
„HUMBLE. – Кендрик Ламар
24K Magic – Бруно Марс
Албум на годината
„Awaken, My Love!“ – Чајлдиш Гамбино
„4:44“ – Џеј Зи
„DAMN.“ – Кендрик Ламар
„Melodrama“ – Лорд
24K Magic“ – Бруно Марс
Песна на годината
„Despacito“ – Луис Фонси и Деди Јенки со Џастин Бибер
4:44 – Џеј Зи
Issues – Џулија Мајклс
1-800-273-8255 – Лоџик со Алесија Кара и Калид
That’s What I Like – Бруно Марс
Најдобар нов уметник
Алесија Кара
Калид
Лил Узи Верт
Џулија Мајклс
Сиза
Извор:радиоМК
]]>