музички караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Jan 2024 10:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музички караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската фолкерка во новогодишно руво со гол стомак и минич: Ирена Спасовска остана доследна естрадна Баба Мразица (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folkerka-vo-novogodishno-ruvo-so-gol-stomak-i-minich-irena-spasovska-ostana-dosledna-estradna-baba-mrazitsa-foto/ Mon, 08 Jan 2024 07:58:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331732

Периодов е за музика, убаво расположение, здравица за поубаво утре, позитивна енергија и прзничен дух кој секој за себе треба да се потруди да си го донесе. Ако некогаш во очи на Нова година можевме да посветочиме на шарени и светкави содржини, односно фотографии од познатите, сега тоа некако почна да бледее. Секси Баба Мразици во костими речиси и да нема, па изненадување е дури ако сретнеме и некоја подзаборавена и репризно. Онаа која никогаш не ја напушта и ја носи новогодишната магија во себе, па ја пренесува и на социјалните мрежи, е фолк пејачката Ирена Спасовска. Ирена години наназад не пропушти  да си направи фотосесија како Баба Мразица, а потоа фотографиите да послушат за спомен, па и како плакат за најава на настапи. Пејачката остана доследна Баба Мразица, а се надеваме дека годинава нема да биде и последна, па ќе ги мотивира колешките да се стокмат во едно вакво празнично костимско црвено- бело руво. Костимот со кој годинава го најави својот музички караван односно настапи, е секси и сочинет од црвена наметка со голо раме и стомак и кусо црвено здолниште. Бујна и секси, насмеана и со реквизит од гумено бастун лижавче во рацете, а се' тоа како симбол на насладувувањата, оние визуелните, за секој по сопствен избор.   Ирена веќе ја почна работно сезоната со настапи во Штип, Скопје, Радовиш, Тетово, а закажан е и настапот за Нова година на 31-ви кога за дочекот ќе им пее на штипјани. Агендата на Спасовска продолжува и за божиќните денови кога ќе настапува во Скопје и Струмица. Кој пее, зло не мисли, а Ирена ќе биде под полна пареа, за испраќање, дочек и почеток за убаво и мерак на другите, а и свој секако, со полн паричник. фото:facebook/ Irena Spasovska]]>

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во среда гостува во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-vo-sreda-gostuva-vo-prilep/ Mon, 25 Sep 2023 11:58:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319571

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.
И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. „Македонијо во срце те носиме“ е проект  во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од неверојатниот Николче Мицевски, и има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство. Дојдете во Прилеп и не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

Караванот тргна: Штипјани први покажаа колку многу во срцето ја носат Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-trgna-shtipjani-pokazhaa-deka-vo-srtseto-ja-nosat-makedonija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 06:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317111

Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни. Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел  - да им се продолжи векот на песните. Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното. Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви  бидете дел од  „Македонијо во срце те носиме“. Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје. Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.    ]]>