музички документарни филмови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Jun 2023 11:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музички документарни филмови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Деветто издание на „Скопје синема сити“ викендов во кинотека https://arhiva.vistina.com.mk/devetto-izdanie-na-skopje-sinema-siti-vikendov-vo-kinoteka/ Thu, 15 Jun 2023 11:03:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306451

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, на 17 и 18 месецов ќе биде одржано деветтото издание на „Скопје синема сити“, фестивал посветен на музички документарни филмови. Фестивалот годинава во својата програма вклучува изложба и три документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.
Фестивалот ќе биде отворен со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Станува збор за избор од по пет фотографии на пет истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.
Како што е најавено, по изложбата следува проекцијата на види „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.
Следниот ден, во недела, 18 јуни, ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.
Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.
Визуелното решение за деветтото издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.
Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура и од Кинотека. Извор: Мак Пресс  
]]>

Музичко-документарни филмови во Кинотека на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/muzichko-dokumentarni-filmovi-vo-kinoteka-na-makedonija/ Thu, 18 Feb 2021 13:25:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190421

Утре, петок (19-ти февруари) во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови. Се работи за  „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: „Зборови за љубовта“ кои ќе бидат прикажани во рамките на настанот „Скопје Синема Сити – Загревање“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филммови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. „Минатата година бенд во фокус беа членовите на манчестерскиот бенд „Њу Ордер“ на кои фестивалот им врачи награда за достигнувања во музиката и филмот, а фестивалот го отвори филмот на Мајк Кристи „Њу Ордер: Декади“. Филмот е приказ на нивниот проект во соработка со Манчестерскиот Интернационален Фестивал каде се случуваат невообичаени уметнички инсталации и проекти. Тој е истовремено и полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови“ – информираат од Кинотеката на Северна Македонија. Истата вечер ќе биде прикажан и филмот „Мериен и Леонард Коен: „Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра па се до нивниот крај.