музички ангел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 08:15:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музички ангел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тоше има само датум на раѓање: Музичкиот ангел денес ќе го славеше 43-от роденден https://arhiva.vistina.com.mk/toshe-ima-samo-datum-na-ragane-muzichkiot-angel-denes-ke-go-slaveshe-43-ot-rodenden/ Thu, 25 Jan 2024 08:03:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336154

Да беше жив, денес ќе го славеше 43-от роденден.  Веројатно со голема роденденска торта... Но, колку и да е голема од неа за секој негов обожавател дали едвај ќе имаше по еден атом, а камо ли парче од колачот. Зашто обожавателите и почитувачите негови и на неговите песни и хумани дела ги има многу повеќе од атомите во парчето торта. Како и да е, тие не го заборавија. Можеби не можат со него да бидат физички, но затоа утехата ја најдоа во сплотеноста со неговите песни, неговиот ангелски глас... Вредност која не бледее. Како и сите хумани дела кои ги направи и ги остави зад себе! Затоа врската меѓу него и неговите „верници“  е а на ниво на верба во светец, во божество! „Армијата“, онаа неговата, се’ уште го следи, слави и чествува... А, во исто време жали и тагува што го нема. А сепак го има! Секој(а) од нив поединечно... И го чува само за себе!  Кој во мислите, кој во срцето, во душата, во спомените, во песните... Ама не го забораваат! И се’ уште го сакаат! Затоа и го слават неговиот роденден! И тие и оние и овие... Сите ние! На денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. Неговата омилена торта со вишни која сестра му Дори умее да му ја подготви. Но, ќе нема кој да ги дувне свеќичките со бројки. Ќе осамнат само воздишки, а ќе горат мноштвото запалени свеќи на неговото вечно почивалиште, како светилник на бесмртноста на ангелот од Крушево!  Велат, ангелите не умираат... Веројатно! А,  дали стареат, дали созреваат...? Само Бог знае. И најдобро е да остане така! Како што е најдобро таков, каков што го паметиме да остане и тој во нашите срца... Тој, нашиот ангел, нашиот Тоше! Вечно млад, убав, добар, ведар и насмеан... Со полни усни песна, хуманост, добрина и љубов за сите... Зашто сите и ги сакаше, а сите го сакаа и него! Тогаш, сега, засекогаш...! Тоше - денес 43, само како симболична бројка. Во суштина - бесконечност, вечност... Зашто Тоше има само датум на раѓање! Фото: Facebook/Dora Proeska/ YouТube принтскрин]]>