музичка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Mar 2022 12:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Пајнер“ веќе не е тоа што беше: И се ближи ли крајот на најголемата бугарска музичка продукциска куќа? https://arhiva.vistina.com.mk/pajner-vekje-ne-e-toa-shto-beshe-i-se-blizi-li-krajot-na-najgolemata-bugarska-muzichka-produkciska-kukja/ Thu, 03 Mar 2022 12:30:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241553

„Пајнер“ продукција не е тоа што беше. Без концерти, без турнеи, без награди. Некои од најголемите поп-фолк ѕвезди го напуштаат бродот, чувствувајќи дека е време за промени и целосна слобода. Десислава беше една од првите пејачки што го напушти Пајнер (подоцна се врати, па повторно замина), а години подоцна Камелија го стори истото, не  согласувајќи се со многу работи што им се случуваат на изведувачите. Андреа исто така беше една од големите ѕвезди кои ја напуштија компанијата со скандал. Сепак, нејзината кариера сè уште не може да закрепне по заминувањето. Галин создаде своја музичка компанија во која има малку, но млади и многу талентирани пејачи кои се супер пробивни на музичкиот пазар. Меѓутоа, неодамна стана јасно дека ниту Галин повеќе не е во Пајнер, туку ќе продолжи да му биде медиумски партнер. Се зборува дека и Галена е надвор од компанијата, но задржала некои договори со нив. Факт е дека се уште е присутна во каталогот на продукцијата. Марија исто така беше една од големите нивни ѕвезди, но во оваа фаза ја замрзна кариерата. Таа ужива со новиот богат сопруг, но веќе се шпекулира дека Мирослав ќе биде нејзината следна финансиска „жртва“. Ако озборувањата се покажат како вистинити, тогаш Марија за година-две ќе се врати на клупската сцена за да заработи малку подебели пари (и нов сопруг). Емилија, исто така, ги прекина деловните односи со нејзините продуценти. Сепак, нејзината кариера е во полн ек и има дури и меѓународни проекти со огромна гледаност. Константин е уште еден уметник кој ја напушти продукцијата откако беше една од големите ѕвезди таму. На сето ова доаѓаат нови имиња во „Паинер“, но нивниот музички успех е сериозно доведен во прашање. Уметниците како Малена, Палома Митева, Еви Аспарухов, Лина, Тина, Вијан итн., се одликуваат со просечност, едноличен звук, слаба визија и прилично скромни прегледи на онлајн платформите. Во моментов Преслава, Ивана, Глорија, Џена, Теди Александрова, Емрах, Дана, Алекс Робов, Диона, Илијан, Милко Калајџиев, Борис Дали и Јаница се изведувачите кои се уште му се верни на газда Митко Димитров. Веројатно тие се единствените кои би собрале повеќе публика на концерт во некоја сала, пишува vbox7. Извор: HotNews.bg Фото: Инстаграм принтскрин/andreabulgaria/desislavaofficial/maria_official_bulgaria/payner.bg/
]]>

Од скромно девојченце до најголемата балканска музичка ѕвезда: Трансформациите на фолк дивата! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-skromno-devojchence-do-najgolemata-balkanska-muzichka-dzvezda-transformaciite-na-folk-divata-foto-video/ Tue, 26 May 2020 11:14:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151366

Таа со сигурност ја носи титулата  на една од нашите најголеми  sвезди на естрадното небо. Ако не и најголемата на Балканот! Уште како девојченце била многу талентирана, надарена и за спорт и за  музика, па не е ни чудо што нејзината кариера трае повеќе од 40 години. Од самата појава, па се до денес, таа важи и за една од најубавите жени на јавната сцена, иако сигурно многумина не знаат како изгледала како девојче. Таа најпрвин имала кратка руса коса, која во тинејџерските години ќе ја обои во црно и ја остави да и порасне, иако денес, како впрочем и со години наназад,  пејачката е русокоса. Иако промената е евидентна, таа до ден денес денес ја задржала својата весела насмевка, која зрачи со позитивна енергија. Сите трансформации на најпопуларната и најголема регионална фолк ѕвезда Лепа Брена, можете да ги видите во морф видеото во продолжение.
 
View this post on Instagram
 
❤ #lepabrena

A post shared by LEPA BRENA FAN PAGE (@lepabrena_fp) on

Игор Џамбазов на необичен начин (им) го честиташе „Денот на здравјето“: „Мерси, за тоа што си ти…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-na-neobichen-nachin-im-go-chestitashe-denot-na-zdravjeto-mersi-za-toa-shto-si-ti-video/ Wed, 08 Apr 2020 06:55:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143787

Македонскиот актер, водител, пејач, писател, шоумен... и што ти уште не, „мултиталентираниот естрадно-културен мултипрактик“  Игор Џамбазов е оригинален по многу нешта, па така својата креативна оригиналност најде начин како да ја искаже и во ова време-невреме на борба со корона пандемијата. Откако претходно го компонираше, отсвире, испеа и сподели на социјалните мрежи својот „Вирус блуз“, Џамбаз, кој ионака е познат како „птица-селица“ низ Македонија, го спакува торбичето и замина... Правец - Дојран! https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/kovid-19-site-ne-zatvori-doma-a-na-igor-dzambazov-mu-gi-otvori-chakrite-slushnete-go-negoviot-virus-bluz-video/ Иако локалните власти и градоначалникот на овој наш мал туристички бисер јавно кажаа дека забрануваат посета на туристи и закуп на хотелски и приватни капацитети на подолг период, додека трае вонредната состојба, за Игорче тоа не важи. За Џамбазов, кому Дојран му е како втор дом, направен е исклучок, па мајсторот сега таму ги минува деновите во изолација, чекајќи ова невидливо зло да помина.
 
View this post on Instagram
 
Самоизолација...27ми ден...@tatjanadzambazova

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Но, Џамбаз не може да седи со скрстени раце, па како што е редот, покрај се друго, се досети како да им го честита  вчерашниот „Ден на здравјето“ - 7. април, на здравствените работници кои се во првите редови фатенио ви костец со „невидливиот непријател“. И не само на лекарите, медицинските сестри и целокуппниот медицински персонал, туку и на полицалците, пожарникарите, војската, трговците, продавачките, пазарџиите, касиерките, возачите, таксистите... и сите други кои заради природат на својата работа, не можат да не работат и да бидат во изолација, а со тоа го носат и најголемиот товар на свој грб, но и најголемиот ризик да бидат не дај Боже, заразени! На сите нив, од името на Македонија, Игор им изрази едно големо...Благодарам!  И тоа на оригинален начин! Џамбаз ја зема гитарата в рака, ја вклучи камерата на мобилниот и со песна или поточно со музичка честитка и куса порака им го честиташе 7. април, „Денот на здравјето“ на нашите „херои од првите борбени редови“ во војната со короната. Музичката честитка на Игор изгледа и звучи, вака:
 
Расната бугарска пејачка Андреа има само едена желба – музичка, а по само еден поглед на неа, вам ќe ви се јават желби – рој (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rasnata-bugarska-pejachka-andrea-ima-samo-edena-zelba-muzichka-a-eden-po-samo-eden-pogled-na-nea-vam-vi-se-javuvaat-zelbi-roj-foto/ Wed, 11 Dec 2019 12:27:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123311

Бугарската музичка ѕвезда Андреа е препознатлива по своите провокативни изданија. Таа повторно успеа да ги израдува своите фанови со нова, разголена фотосесија. Русокосата певица овој пат ги споила двете најголеми желби: Нејзината - музиката и желбата на нејзините фанови - самата таа! Седната зад клавирот, разголена во розово танга боди кое ја истакнува нејзината голема заоблена секси задница и раскошно деколте од кое од сите страни се прелеваат гигантските силиконски гарди, Андреа порачува: „Да, музиката е сета моја желба“! И додека расната бугарска пејачка има само една желба, еден поглед на неа и сфаќате дека кај вас се будат желби - рој... Меѓудругото и музички! Па, зар не би посакале Андреа да ви запее нешто онака, интимно... на увце? https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bugarskite-dzvezdi-nikoleta-i-andrea-pokazaa-shto-e-rodendenski-seksapil-crna-tanga-i-goli-bradavici-kaj-dvete-ubavici-foto/]]>

Домашната естрада во 2017: Зрно прашина во телевизискиот „прајм тајм“ ! https://arhiva.vistina.com.mk/domashnata-estrada-vo-2017-zrno-prashina-vo-televiziskiot-prajm-tajm/ Mon, 01 Jan 2018 08:41:09 +0000 http://vistina.mk/?p=7991

-Самото повлекување на забраната на ЗАМП за емитување македонска и музика од регионот беше „настан за себе“ на почетокот на годината! Забраната ја тргнаа, а чарето не го најдоа!  Остана само штетата од терањето хирови заради лични интереси на мала група...!
-Во 2017 некако како да се одбивме од дното, па работите тргнаа нагоре... кон површината. Естрадата почна да се буди, имаше убави песни, иако институциите затаија. Се’ уште нејасно и прецизно до крај (не)регулирани авторски права се рана, а изведувачите од домашната естрада и понатму се странци дома во ударните термини на главните ТВ медиуми. Гранд и Пинк ѕвездите блескаат, турските серии царуваат, а нашите се, ако воопшто и се,  само „зрно прашина“ во „прајм тајм“  телевизиските термини! Во 2017 ЈУ Тјуб и натаму беше најгледаниот медиум за македонски спотови, за жал!
- Лозано, Лоба, Наташа Малинкова, ДНК, Ај Кју... и уште некои други имаа навистина добри хитови. Некст Тајм уште еднаш покажаа дека се мајстори за обработка на македонската музичка историја, алтернативната сцена стандардно солидна.
- Големите концерти на ДНК и повратничкиот на МЕМОРИЈА докажаа неколку работи: дека умееме, знаеме, можеме... ама и дека имаме публика за големи спектакли!
Барем локални, ако не повеќе. Дека и нашите, а не само регионалните можат да бидат големи ѕвезди, кои полнат големи сали!
- За жал, фестивалите како да се во фаза на стагнација, издишување, па и исчезнување... Скопски  го снема, Макфест и Охрид Фест западнаа во апатија и бледило.
- МАРС  го дочека јубилејот – 10 години и остана единствената релевантна манифестација која ги вреднува и стимулира  протагонистите на македонската музичка естрада. Можеби не со толку големи парични награди како другите, ама статуетката заработена таму вреди повеќе од пари. Зашто е чесно и заслужено добиена. Без, манипулации, местенки, задкулисни игри...
- И конечно, радиостаниците остануваат единствените релевантни и најголеми поддржувачи  на македонската музика.
Сите останати се или минорни или манипулатори или „баш ги боли уво“ за македонската естрада!]]>