музичка ЦД компилација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Dec 2022 13:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичка ЦД компилација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана музичката ЦД компилација – „Битола е градот” https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-muzichkata-cd-kompilacija-bitola-e-gradot/ Thu, 29 Dec 2022 13:24:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282240

Агенцијата за мода култура и уметност „Метрополис” – Битола промовираше музичка компилација од разни изведувачи под име „Битола е градот”, во форма на ЦД.

 „Битола е градот” е прво и единствено вакво издание од ваков вид во комплетната музичка историја на градот, а се однесува првенствено на поп-рок музиката и останати жанрови и под-жанрови (jazz, world music, електро-поп, амбиентална музика и друго). 

Така, врз основа на горенаведеното, на самото ЦД се наоѓаат 22 композиции од исто толку различни изведувачи и тоа: Кристо Роџевски, Љубојна, Фолтин, Пијан Славеј, Паркети, Pumpers, Code 369, Сашо Поповски, Sweet Rapscallions, Димитра, Марија Плава, Corrosion, Three Minutes In The Rain, Мазно Ама Не Е, Molokai, The Government, Вел, Sound Waves, Кактус, Lucent, Спанк и Музак.

Исто така, при самиот избор се внимаваше избраниот музички материјал на некој начин да кореспондира помеѓу себе, односно заради жанровската шареноликост на некој начин да има некаква музичка симбиоза т.е. одредени музички теми да бидат складни помеѓу себе, нешто што е многу важно (и тешко за реализација) кога станува збор за музичка компилација од ваков вид.

Самиот избор на композициите го правеше Илија Талев (ди-џеј, автор на музика) кој е и главна движечка сила на „Метрополис”. Илија Талев е исто така и организатор на целиот проект, а со своето три и пол децениско искуство на полето на музиката како автор и промотер на музика има и алиби да го реализира истиот.

ЦД-то „Битола е градот” е исто така поклон за сите љубители на музиката ширум државата по повод 15-годишниот јубилеј од постоењето на Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис” – Битола.

Со Центарот за култура – Битола како партнер за реализација на овој проект. Веќе 15 години заеднички сме реализирале повеќе проекти посебно во полето на модата, односно со реализација на Модна Недела Битола (2009-2018), додека на музичко поле соработката започна во 2017 година со реализација на ЦД-то на амбиентална музика на проектот Музак и албумот „Метрополис” исто така во издание на Центар за култура.

ЦД-то „Битола е градот” можете бесплатно да го симнете на музичката платформа „Bandcamp“.]]>