музичка акдемија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Mar 2023 12:09:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичка акдемија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-donirashe-del-od-svojata-privatna-kolektsija-na-plochi-muzichki-spisanija-i-knigi-na-muzichkata-akademija-vo-shtip/ Fri, 31 Mar 2023 12:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296135

Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски, фронтмен на легендарната група „Леб и Сол“ со долга меѓународна кариера, која трае и денес, донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Неговото појавување во понеделникот, на Свечената академија по повод 16 години УГД, каде прими признание за соработката која ја има со Универзитетот, беше проследено со овации од присутните.
Пред неколку години, едно од најреномираните имиња на македонската музичка сцена, со кариера која ги надминува границите и на некогашната заедничка држава, имаше и настап и мастер клас на УГД , заедно со Мирослав Тадиќ – објави порталот Гоце.мк.
Како што изјави за локалните медиуми, Стефановски за Штип го врзуваат многу спомени. Меѓу другото тој во градот под Исарот служел војска овде, стекнал многу пријатели, повеќето поврзани со музиката, а во моментот и неговиот син, Јан е дел од Музичката академија на УГД.
Со УГД се зближив преку Тони Китановски, а овој универзитет ме предложи за државната награда „11 Октомври“ и јас тоа не можам да го заборавам – изјави Влатко Стефановски пред камерите на локалните телевизии.
Тој верува дека и во иднина ќе има прилика да ја продлабочи соработката и меѓусебниот респект со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
]]>

Некогашната „Ѕвезда на Гранд“ со диплома во џебот: Јелена Костов откри што ќе работи ако се умори од пеење (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-zvezda-na-grand-diplomirashe-jelena-kostov-otkri-sht-ke-raboti-ako-se-umori-od-peene-foto/ Tue, 28 Feb 2023 10:39:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290919

Кога станува збор за образованието на естрадните уметници, повеќето луѓе имаат големи предрасуди, а пејачката Јелена Костов реши да открие детали од својата едукација. Имено, поранешната учесничка на „Ѕвездие на Гранд“ може да се пофали со факултетска диплома, а доколку музиката и здодее и престане да пее, секогаш може да се врати на својата основна професија, која не е далеку од она што го работи сега. „Среќна сум што завршив Музичка академија и што сега сум дипломиран теоретичар на уметност. Ако еден ден ми здосади да пеам, ќе можам да ги учам децата на училиште“ - изјавила Јеца за медиумите за својата евентуална алтернатива што ја има во животот како план Б. Да потсетиме, Јелена се породи во септември минатата година и ја роди ќерката Мила, со која неодамна престојуваше на Копаоник, додека на синот Милија му го прослави шестиот роденден. Иако и недостига пеењето, Јеца признава дека ужива во најубавите денови на мајчинството, и дека не сака да пропушти ниту еден момент во растењето на своите малечки.]]>