музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jan 2024 10:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Жал ми е “:  Слоба Радановиќ ја прекина соработката со момците од неговиот бенд  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/zhal-mi-e-sloba-radanovik-ja-prekina-sorabotkata-so-momtsite-od-negoviot-bend-foto/ Mon, 22 Jan 2024 10:10:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335616

Угледниот пејач Слоба Радановиќ на Инстаграм го објави прекинувањето на соработката со бендот. Радановиќ и момците од бендот соработуваа со години, но дојде до прекин во соработката, причината за прекинот на соработката не и е позната на јавноста, но пејачот им посака многу успех во иднина . Слоба на својот Инстаграм профил сподели емотивна порака во која им се заблагодари на членовите на бендот за годините во кои соработувале и истакна дека споменот на нивната работа секогаш ќе го носи во своето срце. -  Благодарам за деновите, годините и километрите патување и непроспиените ноќи, настапите, смеата... Знаете дека ви посакувам се што си посакувам за себе. Се надевам дека другите ќе ве ценат и почитуваат исто како и јас, а верувам дека тоа ќе го направат затоа што сте врвни музичари. Жал ми е што заминувате, но секој си го избира патот и што е најдобро за него... Убаво беше - изјави Радановиќ. Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic]]>

Старата – добра, новата – ултрапопуларна: Група „Молика“ ќе настапуваат без Анета, но затоа оваа позната фолк ѕвезда ќе пee на нејзино место (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/starata-dobra-novata-ultrapopularna-grupa-molika-ke-nastapuvaat-bez-aneta-no-zatoa-ovaa-poznata-folk-zvezda-ke-pee-na-nejzino-mesto-foto/ Thu, 14 Dec 2023 11:08:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331019

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но со договорот да се исполнат и испочитуваат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеи… ) до август претстојната 2024 година. Се’ ново што доаѓа во опција за договор до група „Молика“, очигледно според објавите на социјанлите мрежи, вклучува се’ од забавата која им стои во понудата, но без Анета. Откако им се случија големите промени приватно, лека- полека, почнуваат да се случуваат и професионално. Анета започна да пее соло, но и со друга постава од музичари, зависно од тоа како ќе се поклопат коцките, а очигледно и во менаџментот на „Молика“ се игра на иста карта. Па така, од агендата на претстојните настапи, односно за една која им е закажана за 16-ти декември во Франкфурт- Германија ќе имаат нова колешка.
Станува збор за добро проверена ѕвезда, ултра позната и искусна со настапите да се прилагоди во составот на се’ повеќе музичари од фелата. За забавата на која ќе им свират на нашинците во Германија, со група „Молика“ ќе пее Сузана Гавазова која на тамошните фанови веќе им најави и закажа музичко дружење преку својот Инстаграм профил. Гавазова најчесто преферира да настапува со сите колеги на кои тоа им одговара, како нив, така и нејзе. Пееше со „Дрим тим“, „Балкан бенд“ , „Оркестар Агушеви“ ... а од сега нејзини нови соработници се и „Молика“, овој пат за иуспраќање на старата и нови  соработки во Новата. За „Молика“ пак, ова е промена за сефте, а дали и за понатаму ќе осатане да биде Сузана или некоја друга на местото на Анета, останува да видиме до следниот избор на познатите битолски фолк музичари. Фото: Instagram printscreen/ grupamolikaofficial/ suzanagavazova/ Freepik]]>

Брена направи дар-мар на ромска веселба од милион евра: Се јадеше од златен прибор, се печеше вол на ражен, а гостите во дилириум (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/brena-napravi-dar-mar-na-romska-veselba-od-milion-evra-se-jadeshe-od-zlaten-pribor-se-pecheshe-vol-na-razhen-a-gostite-vo-dilirium-video/ Mon, 12 Jun 2023 09:40:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305860

Деновиве тема број еден на социјалните мрежи се снимки од екстравагантна ромска забава на која пееше никој друг туку најголемата икона на југословенскиот шоубизнис Лепа Брена. Имено, се работи за прослава во Добри Воде, која ја организирал господин кој со години бил стациониран во Германија. Се славеше два дена, првиот ден прославата беше организирана во вилата на домаќинот со два базени, додека вториот ден забавата се одржа во луксузен хотел. Покрај Брена, гостите ги забавуваа Слоба Радановиќ, Мухарем Шербезовски, најголемата романска ѕвезда Флорин Салам и Звонко Демировиќ. Вкупно 40 музичари. Како што дознава Информер.рс, гостите јаделе со златен прибор, а црногорското приморје не памети поскапо мени. Менито вклучува морска храна, остриги, школки, стек, па дури и месо со ражен. Посебен ексклузивитет на се секако носи ангажманот на Лепа Брена, која беше дебело платена за својот настап, но според договорот не зема бакшиш. Таа за оваа прилика имала голем број посебни барања кои домаќините морале да ги исполнат, а едно од нив било тоа што никој од гостите не смеел да и пријде, додека фотографирањето со неа било строго забрането. Придружувана беше од нејзиниот помал син Виктор Живојиновиќ. Интересно е тоа што само на домаќините им било дозволено да седнат пред пејачката, што и го направиле. фото:Принтскрин социјални мрежи/Информер.рс]]>

Кралот Чарлс во неволја: Музичарите кои лично ги предложил одбиле да пеат на неговото крунисување (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kralot-charls-vo-nevolja-muzicharite-koi-lichno-gi-predlozhil-odbile-da-peat-na-negovoto-krunisuvane-foto/ Mon, 20 Feb 2023 10:46:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289604

Крунисувањето на кралот Чарлс III е закажано за 6 мај. Сепак, сѐ уште не се знае кој ќе настапи во музичкиот дел од програмата. Имено, иако веќе се испратени првите покани за музичарите кои треба да настапат во чест на кралот ден по официјалната церемонија на крунисување, поточно во замокот Виндзор, пристигнаа и првите одбивања. Како што открива британскиот „Sunday Mail“, на листата на музичари кои ги бара кралот Чарлс Трети имало многу познати имиња, меѓу кои и Адел и Ед Ширан, кои веќе ги одбиле поканите. „Кралот предложи неколку луѓе кои би сакал да настапат, а Адел и Ед беа на таа листа. Многу сакаше да бидат на концертот. Во организацијата има тим кој е одговорен за контактирање со ѕвездите, но тие одговориле дека се зафатени, што било големо разочарување за сите. Тие се титани на шоубиз-индустријата, а се и Британци, но и  познати низ целиот свет. Срамота е“, изјави извор за „А Меил во неделата“. Ед Ширан има концерт на 6 мај во Тексас, кој оправдано го спречи да дојде во Виндзор. Иако тоа би му отежнало да стигне до настанот во Виндзор, упатените велат дека би било можно да се направи деветчасовното патување со приватен авион. Сепак, Адел официјално нема ништо закажано за тие денови, бидејќи нејзините концерти во Лас Вегас завршуваат на 25 март. Досега своите настапи ги потврдија Лајонел Ричи и Spice Girls, но не се знае дали со нив ќе настапи и Викторија Бекам. Концертот ќе го пренесува Би-би-си. Неколку илјади билети ќе и бидат поделени на јавноста преку гласачко ливче. Чарлс лично ја избрал музичката програма за церемонијата на 6 мај во Вестминстерската опатија, која е дизајнирана да прикаже низа музички таленти и стилови од ОК и од Комонвелтот. Фото: Принтскрин/Нова Тв/ Профимедиа / Ројтерс]]>

Познатите Македонци се простија од легендарниот композитор Корнелије Ковач: „Можеби сепак има нешто“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonci-se-prostija-od-legendarniot-kompozitor-kornelije-kovach-mozebi-sepak-ima-neshto-foto/ Wed, 14 Sep 2022 07:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266720

Замина уште една музичка легенда од регионов... Еден од најголемите музички уметници, Корнелије Бата Ковач. Академски музичар - клавијатурист, композитор, аранжер, продуцент... и пред се голем другар и пријател со сите, особено со оние музички ѕвезди со кои соработуваше. А работеше, твореше и соработуваше со многумина од најголемите: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, “Генерација 5“, Лепа Брена, Здравко Чолиќ… Беше основач и лидер на една од најголемите рок групи на сите времиња во некогашна Југославија, легендарната „Корни група“ низ која поминаа плејада врни музичари и пејачи... Од Златко Пејаковиќ до Здравко Чолиќ. Зад себе остави дузина големи хитови, познати песни кои се пејат и денес, останаа евергрени за сите времиња и генерации. Корнелије Ковач беше познат, признат и ценет насекае во регионот, иако само малкумина Македонци имаа среќна можност, чест и задоволство да работат и соработуваат со него. Едноставно не можеше да се дојде на ред, зашто Бата Ковач до последните денови на своите креативни можности, беше буквално презафатен. Но, тоа не значи дека некогашните и сегашни македонските музички ѕвезди и музички новинарски легенди не го познаваа, ценеа, почитуваа... Напротив, затоа и некои од најпознатите имиња, но и оние кои имаа ретка можност да бидат дел од неговото авторско јато денес, му одаваат последна почит и со последен поздрав се простуваат од големиот уметник и пред се' човек. Така, Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Коренелије Ковач со негова фотографија и зборовите: „Ми беше чест да Ве  познавам, да ја делам сцената со Вас и да растем со Вашата музика низ минатото и сегашноста... RIP ( Почивај во мир)“ - сподели македонската поп дива. Познатиот македонски музичар, клавијатурист и продуцент, Валентино Скендеровски, член на повеќе познати бендови меѓу кои и „Леб и Сол“ и „Меморија“ со Фејсбук статус се прости од својот познат колега: „Почина еден од најголемите композитори на овие простори. Вечна слава Бато, нека ти е светол патот кон вечноста“ - напиша Тино на својот ФБ профил. Легендата на македонското радиоводителство и естрадно-музичко новинарство, единствениот Драган Б. Костиќ споделувајќи заедничка црно-бела фотографија со Бата Ковач од далечната 1973 година сликана во нашата „Универзална сала“, се прости со човекот коој ги напиша некои од најголемите хитови на неговата младост:
„Почина Корнелије Ковач, еден од најзначајните двигатели на југословенската популарна музика во седумдесетите години на минатиот век. Композитор чиј белег како траен маркирен знак ќе го одбележува не само неговото време. Нека почива во мир.
П.С. Мојата маленкост на прва средба, во разговор со Корнелије на 12.10.1973 во Универзална сала“ - сподели Костиќ на својот Фејсбук.
Кирил Колемишевски, некогашнот член од првата постава на групата „Нокаут“, враќајќи ја меморијата назад во времето, се потсети на соработката со Корнелије Ковач на една од песните на бендот на нивниот прв албум:
„Корнелије Ковач ги отсвири клавијатурите на “Телефонскиот број не постои”, го разубави аранжманот на песната која беше во продукција на неговите ќерки, Александра и Кристина, кои ги пеат придружните вокали. Нека почива во мир“ - напиша во својот проштален статус на својот ФБ, Кире.
Македонскиот актер и самиот некогашен музичар, Владимир Јачев, сподели еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ  за која музиката ја напиша Корнелије Ковач, на стихови на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај и со неа се прости од големиот композитор, чии песни очигледно оставиле траен белег и во неговиот живот:
„RIP Корнелије Ковач
Поголем дел од музиката и аранжманите за овој албум на Здравко Чолиќ ги има направено тој...
Иначе албумов го имав во трето одделение... Сите песни ги знам.
Сите се хитови... Пусти, пусти моду, Писаќу јој писма дуга, Једна за другом, Смијем се без смисла... и секако оваа што ја постирам...“ - споделил Јачев.
Малкумина знаат дека сепак единствениот македонски пејач на кого големиот Корнелие Ковач му напиша цел абум е некогаш младиот пејач Никола Конзулов, сега член на групата „Акустико“.
Дискографско првенче на Никола, насловено:  „Можеби сепак има нешто“ е подготвувано во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач. Содржи 10 песни, од кои 8 со негов авторски потпис, поточно музиката е негова за 8 нумери, а сите аражмани се дело на Корнелие, кој се потпишува и како музички продуцент на албумот, а ги отсвирел и клавијатурите на сите песни.
„Маестро, ти благодарам за сета музика, дела, дружба... Маестрален музичар, композитор, голем човек, народен човек. Светол ти пат!“ -напишал во прошталната порака Конзулов, потенцирајќи го следново во интервјуто за „Нова Македонија:
„Кога ќе одев за Белград задолжително се гледавме и ќе се напиевме по едно пријателско кафе“ – вели тој, додавајќи дека размислува да го реиздаде албумот што го сними со Корнелие Ковач, бидејќи како што вели и самиот негов наслов... „Можеби сепак има нешто“?!
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи и приватна архива
]]>

Повик за протест на музичарите и музичката индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/povik-za-protest-na-muzicharite-i-muzichkata-industrija/ Sat, 06 Mar 2021 06:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192865

Почитувани колеги музичари, ние со неверување ги проследивме вестите на кои беше презентиран „Предлог протокол за свечен ручек/вечера“. Повторно, и покрај тоа што не сме отсвиреле една нота последниве 12 – тина месеци, нас повторно ни е ускратено уставното право да се занимаваме со нашата дејност на апсолутно секој можен начин како ние да сме криви за пандемијава. Нема ни одговор од институциите на нашите легитимни прашања, сите се прават на „три и пол“. Можеби дојде времето кога ќе треба да покажеме колку сме гласни и колку оваа ситуација повеќе не можеме да ја толерираме. Сега сме бројни, а ги делиме интересите со уште неколку професионални комори и здруженија кои веќе не повикаа на заедничко делување. Оставени сме самите да се снаоѓаме и организираме и ако е така, ајде добро да се организираме.]]>

Македонските естрадни фолк ѕвезди остро реагираат на грубата неправда: „Дајте музика, зашто очигледно одлуките ги носат неуки луѓе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-folk-dzvezdi-ostro-reagiraat-na-grubata-nepravda-dajte-muzika-zashto-ochigledno-odlukite-gi-nosat-neuki-lugje-foto/ Fri, 05 Mar 2021 08:56:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192633

Новопредложениот протокол за работа на рестораните за свадби предизвика нова лавина од незадоволство кај музичарите, естрадните уметници, делот од ивент индустријата која изнајмува озвучување и осветлување токму за ваквите семејни прослави. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/so-noviot-protokol-muzicharite-povtorno-izvisija-svadbi-bez-oro-i-bez-ziva-muzika/ Естрадните уметници и музичарите остро реагираат отфрлајќи го новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се брутално исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика не само што треба, туку мора да има, се разбира со почитување на здравствените протоколи. Зашто, каква е таа свадба без музика? На што ќе личи глува веселба, ако во животот на една млада брачна двојка која допрва започнува заедничкиот живот да го гради како семејство, најсвечените моменти се слават со звуците на тишината? Конечно, музика има дури и на погреби, а камо ли на свадби и слични семејни веселби и доколку се почитуваат одредени протоколи, таа никако нема да  влијае на безбедноста и не ја загрозува здравствената состојба на присутните! Најгласни во реакциите се македонските фолк ѕвезди кои остро реагираат на грубата неправда што им е нанесена. Сведени на живуркање на работ на егзистенцијата, една година без никакви приходи, тие го кренаа својот глас, барајќи праведно решение за нивната професија и натамошното опстојување. Меѓу најгласните, логично најголемите македонски фолк ѕвезди како што е Елена Велевска: “Ги следам сите настани поврзани ситуацијава, но и за свадбите и тажна сум поради тоа што го гледам, слушам. Зар ние го заслужуваме ова? Како музичка фела која што секогаш безрезервно помага на сите оние на кои што им е неопходно, зар сега кога нас ни е потребна помош никој да не ни ја дава? Свадбените веселби се настани што се паметат цел живот, како тие да поминат без музика? Постојат колеги музичари кои што не можат да скрпат крај со крај и со оваа неправедна одлука музиката полека, но сигурно згаснува. Од што да живеат музичарите чиј единствен приход им се настапите? Ние музичарите во моментов живееме од она што сме го заштедиле, тргале на страна, но тоа не може вечно да трае. Не сакам да бидам сфатена погрешно, но сметам дека како што може да се најде решение за другите проблеми, мора да се најде решение и за ова” - изјави Велевска. Препуштени на милост и немилост, естрадните уметници кои живеат исклучиво од музика, без разлика дали од свирењето  на некој инструмент или од својот глас, не се обесправени и загрижени само за сопствениот опстанок, туку и за опстојувањето на македонската музика, македонскиот фолклор и традицијата воопшто, кои се неизоставен дел од идентитетот на еден народ, како едни од главните обележја на една нација. Токму ваква загриженост изрази уште една од најпознатите и најпопуларни македонски фолк пејачки, Сузана Гавазова: “Секако дека не се согласовам со новиот протокол за свадбарската индустрија. Свадба без музика и без убава пејачка не е свадба. Жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените мерки и протоколи. Ако и оваа година не дозволат нашите музички работници да работат, ќе се изгуби сосем нашата музика и традиција. Но, ние не смее да го дозволиме тоа, ќе се бориме, ако е неопходно и ќе протестираме” - порача атрактиваната струмичанка. Дека се работи за дискриминација и дискриминаторска политика кон естрадните уметници, се согласува уште една струмичанка, младата фолк ѕвезда Стојне Николова, која дури оди дотаму што тврди дека или е во прашање чист дилетантизам и незнаење или се работи за заговор против естрадата: „Крајна дискриминација кон естрадните уметници…Не гледам никаква разлика помеѓу музика пуштена на Јутјуб (каде што и самите ние имаме сниманено свои песни или испеано музички сплетови во живо) и музика која се свири и пее во живо. Очигледно, одлуките ги носат неуки луѓе или ако грешам, тогаш имам чувство дека ова е класичен заговор против музичката индустрија и музиката која е Божја работа“ - категорична е младата фолкерка. Естрадните уметници се надеваат дека ќе дојде до измени во протоколот и на свадбите и семејните веселби и жива музика, сепак ќе има. Но и деке ќе им биде дозволено да работат и по кафеаните, кафулињата, рестораните, хотелите... каде живата музика ја разубавува и развеселува атмосферата. Се разбира со издржани протоколи со кои ничие здравје нема да биде загрозено, а со тоа ниту егзистенцијата на музичките уметници, па и самата македонска изворна и новосоздадена фолк песна! Фото: Фејсбук/Инстаграм принтскрин Изјави: М24]]>

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите протестираа пред владата: Заев „уцвика“ па итно прифати да се сретнат? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharite-dj-ite-ivent-industrijata-i-ugostitelite-protestiraa-pred-vladata-zaev-ucvika-pa-itno-prifati-da-se-sretnat-foto/ Wed, 07 Oct 2020 15:41:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170511

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите денес, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија, кој започна нешто малку по 14 часот. Иако масовноста можеби не беше на ниво на партиските митинзи и протести, сепак бројката од околу 1000 музичари, ДЈ-и, преставници на ивент индустријата, угостителите и преставниците на нивните здруженија беше доволно многу посилно од  владините „55 децибели“ да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства и за нивните вработени и нивните фамилии. Евидентно беше дека помногубројни беа „народњаците“, музичарите кои свират по локали и свадби, фолк пејачите и пејачките, фолк групите... А, многу помалку беа присутни претставници на рокерите, кои сепак ги имаше, додека оние од „забавната музичка фела“, особено таканаречените македонски „поп или ар ен би ѕвезди“, освен една-две познати фаци, за жал речиси и да не се појавија на протестот! Од поставената бина на протестот прв се обрати организаторот, членот на групата „Респекти“, музичарот Даниел Сидовски кој во името на музичарите, пејачите и ДЈ-ите, угостителите, сопствениците на ноќни клубови, кфулиња, кафеани, ресторани за свадби, комплетната ивент индустрија и сите останати придружни дејности кои се неизоставен дел од естрадата и музичкиот бизнис, го искажа нивниот револт. При тоа, тој рече дека Владата на Северна Македонија,(на чие секое изговарње на она - „Северна“, следуваше гласно: Уааааааа, негодувања  и свирежи), комплетно ги заборавила, игнорирала и не била воопшто заинтересирана за решевањето на нивните егзистенцијални проблеми кои произлегоа од новонастанатата ситуаци со појавата на пандемијата на коронавирусот. Ниту биле слушнати и помогнати, туку комплетно игнорирани од наметнатиот систем на владини мерки, не оставајќи им ниту простор,. ниту протоколи по кои би можеле како-така да функционираат и работат. Засегнати над 20.000 работници само од угостителството и свадбената индустрија или заедно со нивните семејства околу 80 до 100.000 луѓе ос ите националности кои живеат во Македонија, цели 7 месеци се оставени како знаат и умеат да се снаоѓаат за гола егзистенција. Барајќи да седнат заедно со премиерот и минстрите од владата на маса за решавање на нивните проблеми, организторот на протестот  на Заев и владата им даде рок од два дена, до петок, 09 октомври 2020 год. да остварат средба. Во спротивно протести ќе има повторно и тоа пожестоки и помасовни и порадикални со како што рече говорникот: „Со многу посилна бучава од  вашите експертски 55 децибели“! „Нашите брања и протоколи сакаме да ви ги предложиме по итна постапка уште утре, четврток 8-ми октомвр 2020, затоа свикајте брз состанок со вашите советници и министриу, разгледајте ги предлозите и протоколите кои ви ги нудиме,и повикајте не преку нашите преставници од сите засегнати бранши, на взаемна соработка“ - му порачаа организаторите на протестот на премиерот. За волја на вистината уште додека протестот траеше, а на бината говореа преставници на угостителите, рестораните за свадби и веселби, естрадните здруженија... стигна повратен абер од владата дека премиерот ја прифатил понудата и уште во петок ќе ги прими на разговор и работен состанок. Прашање е дали Заев „уцвика“ сфаќајќи со колкава бројка незадоволни гласачи ќе се соочи  пред претстојните локални избори, па она за што неможеше 7 месеци да го реши, одлучи  „ за 5 минути“ да им го овозможи на естрадно-музичките уметници и угостителите? Или ова е само уште еден негов блеф со кој само купува време и  „локализира пожарот“, сакајќи да го стави под контрола пред тој да добие огромни размери и по него, не сакани последици? Во петок ќе бидат многу работи појасни.. И за оние што протестираат и за оние против кои протестираат. Во спротивно, силината на звукот уште повеќе ќе ја наруши тишината на молкот. Многу повеќе од владините пропишани 55 децибели!  ]]>

Венко Филипче жестоко ги навреди музичарите: „Нека протестираат пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби“! https://arhiva.vistina.com.mk/venko-filipche-zestoko-gi-navredi-muzicharite-neka-protestiraat-pred-infektivna-pred-onie-shto-najverojatno-se-zarazile-na-nivnite-nastapi-i-svadbi/ Tue, 06 Oct 2020 07:58:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170082

Реакциите на новите одлуки на владата по препорака на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти и рестрикција на живата музика, жестоко одекнаа како на социјалните мрежи, така и во медиумите. Најгласни, секако најпогодените: угостителите и музичарите и естрадата воопшто. Зашто рестрикциите на звукот на 55 децибели и забраната за настапи на ДЈ и музичари по локалите повеќе од јасно е дека им ја запечатува не само естрадната кариера на оние што тргнале да ја градат, туку и судбината воопшто на сите оние, на кои музиката и музицирањето им е основна егзистенција! Револтот и огорченоста се огромни кај музичката фела и ивент индустријата, која почна да се саморганизира и веќе го закажа првиот протест за утре, среда, 7-ми октомври 2020 год. во 14 часот пред Владата на Република Македонија. Од друга страна истата таа влада или потчно нејзините најповикани луѓе во здравството предводени од министерот Венко Филипче засега никако не попуштаат, картегорички тврдејќи дека мерките мора стриктно да се спроведат, без оглед на колатералната штета која стотици, па и илјадници луѓе од угостителско-музичката фела и нивните семејства, ќе ги остави гладни на улица! И додека на социјалните мрежи музичарите, а и останатите почнаа да си прават самите мајтап на сопствената мака која некој друг им ја приредил, министерот Филипче гостувајќи по одредени медиуми со своите „неумесни“ изјави дотура масло на огнот, што многумина го сфатија како дотурање „сол на нивната рана“,  сол која  им ја истураат токму тие што ги „ранија!“ Дури и музичарите кои важат за „блиски до власта“ сфатија колку е часот, па гледајќи дека покрај „сувото ќе изгори и суровото“, се обидоа „да му отворат очи“ и на министерот и на целата таа здравствено-комисиско-владина свита околу него, дека наместо да ги казнуваат и затвораат само оние газди и локали што го кршат законот, што не ги почитуваат одлуките и одредбите и не ги спроведуваат протоколите, тие решиле комплетно да „збришат“ се' што е локал и се' што во него свири и пее! Или како што самите музичари по аналогија на настаните даваат еден пластичен пример: „Ако вечерва пет-шест возачи поминат со автомобилот на црвено светло на семафор, дали тоа значи дека ќе го забраните комплетно целиот сообраќај“? И како капак на се', Венко Филипче во едно од вчерашните гостувања на една од телевизиите, на новинарско прашање како ќе го коментира најавениот протест на музичарите пред владата, министерот даде неумесен одговор, испраќајќи им навредлива порака со жесток коментар: „Нека протестираат пред инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои починаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите...“ - меѓудругото им порача на музичарите пред утрешниот протест министерот Филипче. Претходно „провладините медиуми“ го фалеа министерот дека е смирен и сталожен, дека не ги губи нервите на било какво новинарско прашање... Да, ама тоа беше пред избори, кога не смееше и не требеше да се покаже нервоза кон своите и другите потенцијални гласачи, а сега откако изборите завршија и маските паднаа, па гледаме некој друг Филипче. Реакцијата на музичката фела и воопшто на голем дел од јавноста на неговата изјава уште пожестока, воглавно изразена на социјалните мрежи: Ќе си даде ли Филипче оставка по ваквото скандалознио и недопустиво однесување, како што од него бараат музичарите? Тешко... или поточно, невозможно! Тогаш, дали барем министерот ќе се извини за нервозата, навредливиот и потценувачки однос кон музичко-уметничката фела, останува да видиме? Како што останува да видиме дали нивниот протест ќе биде многу посилен и погласен од 55 децибели, а владата за нивните барања „ќе има слух“ за да ги преиспита и преиначи своите погубни одлуки?!        ]]>

Забегани во владеењето, неспособни во спроведувањето: Владата ни воведува колективна „штама“! https://arhiva.vistina.com.mk/zabegani-vo-vladeenjeto-nesposobni-vo-sproveduvanjeto-vladata-ni-voveduva-kolektivna-shtama/ Mon, 05 Oct 2020 08:06:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169828

Владата вчеравечер, 04 октомври 2020  ги прифатила предлозите на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти, е најновата вест која одекна во медиумите.  Анализата на епидемиолошките анкети укажала дека масовните собири, со непочитување на протоколите се една од главните причини за зголемување на бројот на случаи со ковид -19, а  најголемо зголемување на заболени има кај популацијата од 20 до 30 години, а потоа и кај тие од 30 до 40 години. Комплетно забегани во владеењето, Зоран Заев и неговите министри уште еднаш покажаа дека се тотално неспособни, повторно донесувајќи погрешни одлуки, потврдувајќи ја теоријата на своето владеење по принципот: не знаат каде тераат, како и во досегашното спроведување на законите и одлуките кои самите ги носат! Наместо да ги гонат, казнуваат и затвораат прекршителите на законите, одлуките, мерките и протоколите, владата ни воведува колективна „штама“! „Повеќе нема да има гостување на пејачи и  диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека нема дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дозвола дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“ - посочи министерот Филипче во своите последни изјави дадени за медиумите. Или со еден збор една цела плејада на еснафи, професии, занимања, индустрии ги ставија „под мраз“ на неодредено време, само затоа што се неспособни да се справат со оние кои токму нивните закони и одлуки ги кршат, „не онадувајќи“ жива сила! Струмичките „Аватар“ диско забави или последните скопски викенд концертни „Мош“ - журки се најдобар доказ. На моќниците никој ништо не им може... Изговорите на  „стерилните“ пазарни инспектори да не се трагични би биле смешни: немале ингеренции да ги затвораат локалите, им пишале казна, кои „казнетиве“ ја вадат со прометот од три сепариња за една вечер, само тој што го води предметот можел да ги казни, а тој/таа биле во самоизолација... и сличните будалаштини ја прават големата слика во која оние од владата и нивните државни инспекциски служби ниту знаат каде тераат, ниту знаат што прават, додека другите „онаа работа да не им чуе“,  си тераат по свое. Народот, како народ, особено помладите... Желни за провод, кога ќе видат дека може, а очигледно - може, се приклучуваат кон журката „среде село без кучиња“! И кога ситуацијата ќе излезе од контрола, потоа во паника, преку ноќ се носат штетни мерки и одлуки, од кои ќе трпиме сите... топтан. Покрај сувото ќе гори и суровото. Најпогодени ќе бидат повторно сите угостители, зашто „моќта“ на поединци им го „растура еснафот“, а најголема штета ќе трпат музичарите и ивент индустријата, зашто забраните за гостувања на музички уметници и намалувањето на јачината на звукот на озвучлувањата на 55 децибели се всушност „протокол за погребна церемонија“ на угостителството и забавата... А  со тоа и на душата и психата на народот! Зашто локал без музика повеќе наликува на библиотека, а не на кафеана, а од 55 децибели е посилен и звукот на мобилниот кога е пуштен малку појако да ѕвони! Естрадата со бурни реакции ги дочека новите мерки на владата за воведување колективна „штама“. Свесни дека ионака „исцедени до последна капка“, со ова им се запечатува и кариерата, а Бога ми и судбината на професијата со која одбрале да се занимаваат, за која некои учеле школо, сите макотрпно вежбале и вложиле се' од себе. Од утре слободно можат да си ги продадат инструментите и озвучувањата, светлото, миксерите, комплетната техника и да си купат... трактор, на пример! Или да бидат чираци кај првиот автомеханичар што го познаваат! Зашто вака, преквилификацијата во професијата им е неминовна! Спасот го гледаат во сопствен протест на кој се повикуваат не само музичарите и естрадните уметници, туку сите оние кои се погодени со новите владини одлуки, а ги има цела низа професии.
Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници...
Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!!
За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!
- Музичари
- Угостители
- Фото Студија
- Музички продукции
- Кина / Театри
- Текстописци и Продуценти
- Цвеќарници
- Игротеки
- Салони за убавина
- Фризерски салони
- Танчери/Танчерки
- Диџеи
- Бутици за венчаници
- Бутици за одела
- Бутици за гардероба
- Продавници за китенки и декорации
- Изнајмувачи на звук и светло
- Менаџери на ресторани и локали
- Слаткарници
- Продавници за Хемиско чистење
- Текстилни продавници
- Перални на ресторани и локали
- Фирми големи и мали за алкохол и храна
- Месарници
- Останати засегнати соработници на Свадбената Индустрија...
🗓 Дата, ден и почеток:
07.10.2020 / Среда / 14:00ч
🏛 Одржување на протестот: Скопје
Влада на Република Македонија
🇲🇰 Македонци
🇷🇸 Срби
🇹🇷 Турци
🇦🇱 Албанци
🇧🇦 Босанци
🇰🇮 Роми
Власи
Со почит,
Музичарите и целата Индустрија. Ќе успеат ли конечно да се изборат за правото да можат да си го заработат своето парче леб или власта седната во скутот на оние чии бизниси ја финансираат и корумпираат, одново „ќе остане глува“ на нивните барања за право на работа и чесна заработка, останува да видиме? Сепак едно е сигурно: како тргнале, оние од Владата забрзано си ја сечат гранката на која седат. Наскоро, лесно може да приземјат, а таквото предвремено приземјување, обично завршува со атерирање... директно на нос!