музеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Oct 2023 06:38:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Легендарниот фолк пејач Синан Сакиќ добива музеј во родниот град (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/legendarniot-folk-pejach-sinan-sakik-dobiva-muzej-vo-rodniot-grad-foto/ Thu, 12 Oct 2023 06:38:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321978

Синан Сакиќ важеше за уникатен изведувач на народна музика, кој беше препознатлив по емотивните песни и оригиналната изведба. Синан е роден на 13 октомври 1956 година во Лозница, а почина на 1 јуни 2018 година во Белград. Сега во неговиот роден град се отвора музеј посветен на легендарниот пејач на народна музика. Неговата сопруга Сабина во неколку наврати по смртта на пејачот јавно проговори за можноста музејот да му се посвети на Синан Сакиќ. Во петок, на 13 октомври, на роденденот на популарниот пејач, Сабина Сакиќ ќе си ја оствари желбата. Како што е најавено, Сабина на истата адреса ќе го отвори своето ателје и музејот Синан Сакиќ. Таа од својот Инстаграм профил испрати покана за отворањето до сите на кои им се допаѓаа песните на Синан. Музејот и нејзиното студио се наоѓаат на улицата Света Сава, во центарот на градот, кој се гордееше со пејачот од овој крај. Песните на Синан Сакиќ, кој ја започна својата музичка кариера во далечната 1978 година, кога и тој беше тапанар заедно со пеењето до 1984 година, ги знаат дури и оние кои претпочитаат поинаква музика. Во својата долгогодишна кариера сними голем број хитови, а едни од најпознатите се „Кажи ги сите желби“, „Судбината ме праќа на пат“, „Еј, од кога се родив“, „Зоко, мој Зоко “, „Се се претвори во пепел и чад“, „Убаво до болка“ и многу други. Во својата богата и долга кариера снимил, според некои податоци, триесетина албуми, имал огромни тиражи и се знаело дека каде и да пеел владеела неверојатна атмосфера. Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес]]>

Необичниот музеј во Вашингтон: Посветен на шпионажата, на посетителите им нуди увид во светот на тајните операции и познатите агенти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/foto-neobichniot-muzej-vo-vashington-posveten-na-shpionazhata-na-posetitelite-im-nudi-uvid-vo-svetot-na-tajnite-operatsii-i-poznatite-agenti/ Mon, 21 Aug 2023 11:24:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314583

Сместен во срцето на Вашингтон, „Меѓународниот шпионски музеј“ („The International Spy Museum“) е една од најпознатите градски атракции на американската престолнина, која на посетителите им нуди уникатен и интригантен увид во светот на шпионажата, тајните операции и агентите.
Овој извонреден музеј е дизајниран да обезбеди интерактивно искуство кое ги открива тајните, тактиките и техниките на шпионажа кои ја обликувале светската историја. Доколку имате страст кон филмови од оваа тема или сонувате за иднина како светски шпион кој открива тајни, ова навистина е идеално место за вас!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by International Spy Museum (@spymuseum)

Популарната атракција покажува над 200 гаџети, оружја, возила и технологија користена за шпионажа Меѓународниот музеј за шпионажа е основан во 2002 година од милијардерот и ентузијаст за шпионажа, Милтон Малц. Тој сакал да создаде место кое ќе ги однесе посетителите низ возбудливата историја на тајните агенти и мисии ширум светот. Оттогаш, овој музеј е незаменлив за луѓето од сите возрасти кои сакаат да откријат што се крие зад сцената на шпионските операции.
 
„Ова е музеј за тајни, така што експонатите носат приказни со себе. Зборуваме за луѓе кои биле во шпионажа. Што правеле, како се жртвувале, се обидуваме да им пренесеме на луѓето што тие шпиони добиле од нивната работа и дали вредело за жртвите и ризиците“, изјавил основачот на овој проект за светските медиуми на отворањето.
 
Еден од најинтересните аспекти на музејот е неговата интерактивна природа, која им овозможува на посетителите од прва рака да го искусат светот на шпионажата. Учествувајќи во различни мисии и предизвици, тие можат да се чувствуваат како вистински шпиони. Исто така, имаат можност да запознаат познати шпиони од реалниот живот, вклучувајќи го Џејмс Бонд и шпиони од светската историја, кои одиграле клучна улога во војните и дипломатските преговори во многу земји. Шпионски тајни и дилеми: Музејот кој ја отвори вратата за размислување за приватноста и безбедноста Експонатите во музејот опфаќаат различни аспекти на шпионажата – откривање тајни агенти, уметност на шифрирање и дешифрирање пораки, опасности и ризици со кои се соочуваат храбрите шпиони, технологијата која овозможила напредок на шпионажата и многу други интригантни теми.
 
На ова возбудливо место посетителите можат да се чувствуваат како вистински шпиони, кои истражуваат тајни, решаваат загатки, тестираат различни вештини и прецизност во препознавањето лаги. „The International Spy Museum“ нуди посебни програми и работилници наменети за образовни групи, што го прави одлична дестинација за училишни патувања и семејни посети. Преку овие активности, посетителите имаат можност да стекнат подлабоко разбирање за шпионажата, нејзината историја и етиката поврзана со неа.
 
Исто така, музејот нè поттикнува да размислуваме за клучните прашања за приватноста, безбедноста и етичките дилеми поврзани со светот на шпионажата.
 
Извор: Точка
]]>

„Бора – Чорба“ се обрати до јавноста: „Штом умрам, отворете музеј“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bora-chorba-se-obrati-do-javnosta-shtom-umram-otvorete-muzej-foto/ Thu, 26 Jan 2023 12:41:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285990

Познатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на бендот „Рибља чорба“ на овогодинешниот MAC настан ја понесе награда за најдобар кантавтор на годината. По настапот Бора - Чорба разговараше со членовите на седмата сила за неговото здравје. Добро е, добро е. Овде сум затоа што ова е сепак одличен фестивал, се што е можно телевизијата... има одредена важност. Еве и ние старите да добиеме награда! Сакам да собирам вакви признанија, важно е, а секој што вели дека не е лаже - изјави Бора Ѓорѓевиќ по добивањето на признанието за придонес во музиката, а на прашањето дали има посебно место каде што носи награди, во свој стил низ смеа рече: - Еве, штом умрам, се отвара мој музеј! Ќе отвориме музеј и ќе видите - рече Бора Чорба. Да потсетиме, Бора извесен период се мачеше со здравствени проблеми, по што реши да направи медиумска пауза, а судејќи по вечерашниот настап, се чини дека сега се е во најдобар ред со рокерот. Фото: Принтскрин/Агенције/Танјуг]]>

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров изведе стриптиз пред Џенифер Лопез (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-bilder-toshe-zafirov-izvede-striptiz-pred-dzenifer-lopez-video/ Tue, 20 Dec 2022 13:04:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280985

Тоше Зафиров, еден од најпознатите македонски бодибилдери, кој има освоено бројни награди ширум светот на својот Инстаграм порфил објави видео како изведува стриптиз точка пред познатата светска музичка и филмска дива Џенифер Лопез, која важи за една од најубавите и најатрактивните жени во светот. Но, за жал на Тоше, тоа не е вистинската Џеј Ло, односно се работи само за нејзината восочна фигура изложена во еден од најпознатите музеи за восочни фигури во светот - Hollywood Wax Museum во кој македонскиот „херкул“ се фотографираше и со восочните фигури на други познати личности од светот на шоу-бизнисот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tose Zafirov (@tosezafirov)

Сепак, Џеј Ло е неодолива дури и кога не е вистинска, па затоа и Тоше падна дури и на нејзинитот восочен шарм и го изведе она, што можете да го погледнете од неговите движења:
 
Фото: Инстаграм принтскрин/tosezafirov

Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-si-zamina-od-makedonija-simeon-atanasov-razocharan-od-odnosot-na-vlasta-se-iseli-od-drzavata-foto/ Wed, 27 Jul 2022 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260373

Музичарот Симеон Атанасов, едно од могуте посвоени деца кои легендарната Есма Реџепова - Теодосиевска ги одгледа, беше тој  кој до крајот на животот на кралицата на ромската песна остана покрај неа. По нејзината смрт и целата негрижа на власта и државата за нејзината културна оставштина која Есма и ја остави на Македонија, Симеон по долга борба со неправдата реши заедно со сопругата, синот и ќерката да се исели од Македонија и да замине да живее и работи во Виена, Австрија. Разочаран по сите шокови и стресови, по целот грабеж  на имотот и опустошувањето на куќата - музеј која остана  ограбена, искршена, уништена… уште пред да се отвори и сега стои руинирана, оставена во распаѓање, препуштен на забот на времето, уморен од правната битка која стои заглавена во ќорсокак, синот на кралицата Есма не можел веќе да го поднесе сиот тој товар врз себе. Особено незадоволен од власта и целата инертност и негрижа на државата кон сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, музичарот донел тешка, но решителна одлука заедно со семејството да се исели од државата. „Оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своето  јавно обраќање до државата Македонија во 2019-та година, на тригодишнината од нејзината смрт. Оттогаш до денес работите очигледно не само што не се поместени од мртва точка, туку и дополнително се правно искомплицирани, откако внуците од браќата и сестрите на Есма ги оспорија тестаментите, па со години се чека на судска разврска на случајот, а државата и понатаму „мува не ја лази“ за нејзиното културно наследство. „Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо, секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност“ – вели Атанасов во изјава за „Фокус“.  Симеон своето заминување од Македонија и јавно го најави и обзнани на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук, по што ја доби поддршката од голем дел од своите колеги, музичките автори, како и од естрадните новинари.   Во Виена музичарот вели дека ќе се занимавам со менаџмент во „К1 music production“  како што се вика продукција на неговиот син Стево Атанасов која е во преговори со сите балкански продуценти со кои планираат да потпишат договор за копродуцирање на голем број балкански ѕвезди. Сепак, надежда дека сонот на неговите „родители“ и музички учители Стево и Есма Теодосивски еден ден ќе се оствари не стивнува.Можеби семејството сепак ќе се вразуми и најде начин да се договори, а спомен-куќата на Стево и Есма можеби сепак државата ќе се сети да ја возобнови и музејот да го отвори. Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov  ]]>

Симеон Атанасов: Ќе го платам долгот за лекување на мојата покојна мајка Есма, ако Реџепови се откажат од спорот и музејот и го предадат на Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simeon-atanasov-kje-go-platam-dolgot-za-lekuvanje-na-mojata-pokojna-majka-esma-ako-redzepovi-se-otkazat-od-sporot-i-muzejot-i-go-predadat-na-makedonija-video/ Wed, 19 Jan 2022 09:12:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235399

Откако правната застапничка на семејствата Реџепови и Теодосиевски, адвокатката Весна Тренкоска неодамна ја раскажа и својата приказна, своето видување на нештата кои се очигледно испреплетени во комплициран правен заплет, на чија правна разрешница и по пет години не и се ни гледа крајот, одново реагираше музичарот Симеон Атанасов, едно од посвоените деца на Есма и Стево кој до крајот на нивните животи беше со нив. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-nasledstvoto-na-esma-i-stevo-teodosievski-ima-i-druga-dimenzija-vesna-trenkoska-advokatkata-na-onie-shto-se-smetaat-za-naslednici-od-nivnite-semejstva-ima-svoe-viduvanje-na-neshtata-vide/[/embed] Сепак и по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување  на кралицата на ромската песна пред таа да се упокои во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен . Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, кој остана неподмирен  откако Есма почина, зашто нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуците на Стево до денес водат битка кој и што ќе наследи од нивната богата оставштина, вклучувајќи  ја и спомен куќата на скопско Кале. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за естрадниот ТВ магазин  „Бекстејџ“, потврди дека сметката не е платена и дека тој веднаш се понудил да ја плати целата сума, но неговите адвокати го посоветувале да не го прави тоа додека правно не се расчисти со наследството, зашто оној што ќе наследи, ги наследува имотот,  правата, но и обврските, а со тоа и долговите диоколку ги има. „Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални трошоци кои што требаше и имам за тоа и фактури. Сметкаата за лекување не е покриена бидејќи дента кога Есма почина веќе имаше индикации дека Реџепови и Теодосиевски, поточно семејството Цекиќ, кои се внуци од сестра на Стево, ќе ги оспорат двата тестаменти кои Есма ги остави. Тогаш во консултација со моите адвокати јас бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото и добивката и долгот. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок“ - вели Атанасов. Симеон додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за култура, овој долг тој лично веднаш ќе го покрие. Што друго кажа (по)сино(к)т на големите Есма и Стево, проследете во видеото во продолжение од разговорот кој го направија нашите партнери и соработници,  екипата на ТВ магазинот „од зад сцената“: ]]>

Симеон Атанасов, синот на покојната кралица на ромската музика тврди: „Животната приказна на Есма би била подобра од онаа на Тома“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simeon-atanasov-sinot-na-pokojnata-kralica-na-romskata-muzika-tvrdi-zivotnata-prikazna-na-esma-bi-bila-podobra-od-onaa-na-toma-video/ Wed, 17 Nov 2021 07:38:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227581

Музејот на кралицата на ромската музика Есма и Стево Теодосиевски  во Скопје беше опустошен, ограбен, искршен, уништен... уште пред да се отвори и сега стои руиниран, оставен во распаѓање, препуштен на забот на времето. И додека Македонија не сака или не знае да си ги почитува ниту сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, светот и тоа како знае да ги препознае истите тие вредности како дел и од светското културно наследство. Токму затоа неодамна во Брисел се отвори спомен соба на Есма и Стево Теодосиевски. Еден од синовите на кралицата Есма, познатиот и признат музичар и продолжувач на нејзиното дело - Симеон Атанасов вели дека  оваа иницијатива го поттикнала,  па изразувајќи го своето незадоволство, апелира до сите оние кои ги украдоа работите од музејот на Есма дека треба да ги вратат, бидејќи тој имал информации кој го сторил тоа и наводно, дека сите лични работи и предметите од сето останато нејзино наследство сега се  чувале на несоодветно место. Во еклузивно интервју за нашите медиумски партнери, естрадниот ТВ магазин од зад сцената, Симеон раскажувајќи ја својата приказна и сознанијата кои ги поседува, вели дека душата го боли што ја гледа куќата во таква состојба, што е немоќен, иако ветува декаќе се потруди да и ја исполни желбата на неговата покојна иако не биолошка, повеќе од мајка - Есма. Погледнете и слушнете ја неговата „Бекстејџ“ приказна:

Цеца заврши во музеј: Слика на пејачката стана дел од уметничка перформанс изложба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-zavrshi-vo-muzej-slika-na-pejachkata-stana-del-od-umetnichka-performans-izlozba/ Wed, 23 Dec 2020 08:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182165

Светлана Цеца Ражнатовиќ заврши во Музејот на современа уметност. Пејачката е дел од изложбата „Рефлексии на нашето време: Аквизиции на Музејот на современа уметност 1993-2019“. Еден сегмент од таа изложба, посветен на бомбардирањето на нашата земја, се состои од фотографии и видеа од најшокантните и најемотивните моменти од тој период. Тука го најде своето место фотографијата на Цеца, како единствена личност од српската естрада која е дел од изложбата, и како еден вид потсетник и симбол на српскиот пркос кон тогашниот непријател. На тој архивски отпечатен екран од белградска телевизија, која исто така ги емитуваше тие концерти, може да се види насмеаната пејачка со микрофон во раката, додека во долниот лев агол се забележува опасност од воздушен напад од агресорот, а од десната страна грбот на град Белград. Во другите музејски инсталации, покрај Цеца, која е единствената јавна личност која е претставена во изложбата, можат да се видат потресни слики од исплашени, но горди и достоинствени граѓани, кои држат крст, креваат три прста, се радуваат, но исто така како се уништуваат и куќи, известувања дека нема ТВ сигнал и други шокантни сцени како симболи на тоа страшно време. Цеца никогаш не криела дека е патриот, а прогласената воздушна опасност не ја спречило да му пее на својот народ. „Да, и не ми е гајле! Јас сум меѓу мојот народ, ги поддржувам моите Срби и горда сум што сум Србинка. Не е важно кој ни се заканува, важно е кои светилишта ги браниме. И ние го браниме Косово, срцето на Србија и српската земја. И ако е потребно, сите ќе пропаднеме, нема да му се покоруваме на непријателот“ - ќе одговори тогаш пејачката на новинарско прашање од телевизијата БК, дали знаеше дека пее под најавената тревога за воздушна опасност. Инаку, во тоа време, многу пејачи го развеселуваа народот во најлошите моменти. Плоштадите и мостовите беа полни со естрадни sвезди кои не ги спречуваа воздушни сирени, а често и бомбите и проектили, да им пеат на своите сограѓани и да ги храбрат  со нивните хитови и транспаренти против агресорот, како и значки и налепници со симболичниот знак: „Мета“ кои на себе ги носеа и и тие и насобраните луѓе.]]>

Музејот „Мадам Тисо“ ги издвои височните фигури од Меган и принцот Хари https://arhiva.vistina.com.mk/muzejot-madam-tiso-gi-izdvoi-visochnite-figuri-od-megan-i-princot-hari/ Fri, 10 Jan 2020 10:22:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128261

Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон истакна дека принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат сместени во посебен дел и нема да бидат заедно со кралицата Елизабета, принцевите Филип и Чарлс, како и со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пишува „Ројтерс“. „Заедно со остатокот од светот реагираме на веста дека војводата и војвотката од Сасекс се повлекуваат од кралските должности“  изјави генералниот менаџер Стив Дејвус. Веста за повлекувањето на принцот Хари и Меган Маркл беше главна во британските медиуми кои пренесуваат дека за оваа одлука не била известена ниту кралицата Елизабета. Кралското семејство е навредено и повредено со оваа одлука, пренесува „ББС“ и пишува дека Меган и Хари не се консултирале ниту со еден член на семејството. Во кратката реакција на Бакингемската палата се наведува дека ја разбираат нивната желба за поразличен пристап, но ќе треба време за „комплицирани прашања“. Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека кралицата е длабоко потресена и дека заминувањето на Меган и Хари ќе предизвика „војна“ во кралското семејство.]]>

Дом кој се проценува дека вреди милион: Николина Пишек живее како во музеј (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dom-koj-se-procenuva-deka-vredi-milion-nikolina-pishek-zivee-kako-vo-muzej-foto/ Fri, 10 Jan 2020 09:51:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128259

Водителката Николина Пишек го пронајде својот рај во една зграда во срцето на Врачар, која е невообичаено украсена и се проценува на еден милион долари. Николина се пресели таму со сопругот Видоје, кој е историчар на уметност и не е чудно што многумина велат дека имаат дом како музеј. На приземјето од домот постои посебен дел посветен на некои детали од свадбата што се случи во Монако. На самиот почеток, Николина истакна дека тоа е најлудото нешто што и се случило во нејзиниот живот. На ѕидовите има бројни уметнички дела, антиквитети и експонати што наскоро ќе бидат достапни на некои од аукциите во светот. Прекрасната Николина честопати самата објавува фотографии од раскошениот дом полн со детали, а во една пригода откри дека ни самата не знае што сè поседува.]]>