музеј на град скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Jul 2023 10:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png музеј на град скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје: „Зборувај за Скопје“ https://arhiva.vistina.com.mk/60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-skopje-zboruvaj-za-skopje/ Thu, 13 Jul 2023 10:21:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310103

„Зборувај за Скопје“ – 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе биде мултимедијален настан, кој ќе се одржи на 26-ти јули во Музеј на град Скопје.
Настанот ќе обедини повеќе уметности: музика, слика, филм, визуелна уметност. А, секоја од нив, на свој начин ќе „зборува за нашето Скопје“.
За метрополата некогаш и сега. Предвидена е изложба на тројца истакнати македонски уметници, музички дел, како и визуелизација на текстови од начинот на кои информирале медиумите во далечната ’63. Настанот е поддржан од: Министерство за култура, Делегација на ЕУ и Град Скопје.
]]>

Музејот на Град Скопје: Ретроспективна изложба на македонскиот сликар Жарко Јакимовски https://arhiva.vistina.com.mk/muzejot-na-grad-skopje-retrospektivna-izlozba-na-makedonskiot-slikar-zarko-jakimovski/ Fri, 26 Nov 2021 13:26:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229058

Во Музејот на Град Скопје вечерва, петок, 26.11.2021 г. ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот сликар Жарко Јакимовски. Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на Јакимовски со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главни фази во неговото сликарско и цртачко творештво. Жарко Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност, активен на полето на ликовната уметност речиси 50 години. Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои Награда за цртеж „Климент Охридски“, Награда за сликарство „Лазар Личеноски“, Награда за сликарство „Нерешки мајстори“ и Гран при на ДЛУМ на Четвртиот зимски салон. Јакимовски студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1970-1974), кај професорите Габриел Стубица, Јанез Берник и др., односно кај врвни мајстори од познатата традиција на љубљанската школа, од кои секако можел да ги прими сликарските вештини, пред сѐ цртежот како дисциплина, што понатаму е евидентно во неговото творештво. Индиректно, особено низ студиски престои во Холандија, Франција, Германија…, го „образувале“ големите мајстори на светската историја на уметноста, но и неисцрпната македонска ликовна традиција – средновековното фрескосликарство и иконопис. Во целото негово творештво можат да се видат назнаки за влијанија од тие европски искуства и секојдневни анализи на големите ремек-дела, но и на македонското традиционално, иконографско искуство во коешто уметникот наоѓа една извонредна врска – сликарството од Курбиново и фреските на Михаил и Евтихиј.]]>

„Цртежи и скулптури“ – изложба на Ранко Дакиќ во „Музеј на град Скопје“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-ranko-dakikj-vo-muzej-na-grad-skopje/ Wed, 22 Sep 2021 12:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220234

Во просториите на Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на македонскиот уметник Ранко Дакиќ, „Цртежи и скулптури“, каде ќе бидат претставени неговите најнови цртежи, но и избор од неговите скулптури од периодот 2005-2015 година. Ранко Дакиќ е роден во Скопје 1958 година. Завршил училиште за применета уметност во Скопје и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1987 година живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци. Член е на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин). Реализирал повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија „Во неговото досегашно творештво – сликарско и скулпторско – не функционира ниту една уметничка формула или „законитост“ (на развој, на стил, на континуитет…), стереотип или поводливост. Затоа, можеби, секое негово дело е негова победа над себеси, над „уметноста“, над процесот на создавањето. Секое негово дело е крај на едни мечти и илузии, тегоби и стравови, надежи и очекувања, победи и порази… и почеток на нови, исти такви предизвици коишто, барем досега, Дакиќ мајсторски ги надминувал“ - велат организаторите.]]>