Music Awards Ceremony – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Dec 2022 07:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Music Awards Ceremony – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познати првите настапи на Music Awards Ceremony (MAC) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-prvite-nastapi-na-music-awards-ceremony-mac/ Mon, 19 Dec 2022 07:49:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280555

Најголемото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC), за чија организација е задолжен Скајмјузик, ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога претставниците на музичката елита од поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хоп, светска музика и народна музика ќе ја покорат MAC сцената на првиот ден, додека настапите на најголемите музички идоли од трап, дрил, балкан дрил урбан поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од церемонијата  MAC се враќа на голема врата со дводневна церемонија, а познати се и првите настапи – регионалната поп дива Јелена Розга настапува во првиот ден, додека на вториот ден од церемонијата, 26 јануари, MAC сцената им припаѓа на Воајаж, Зера, Теодора и Црни Церак. Организаторите најавија дека имињата на изведувачите кои ќе настпат на MAC ќе се објавуваат на Инстаграм-профилот на манифестацијата секоја вечер точно во 21 часот, и најавија бројни изненадувања за фановите.   Кралицата на поп сцената и миленичката на сите генерации, Јелена Розга, го потврди своето доаѓање на најголемата музичка манифестација во регионот на 25 јануари, кога на MAC сцената ќе продефилираат вистински великани на регионалната поп, рок и народна сцена. Нејзината кариера долга повеќе од 20 години ѝ донесе бројни хитови и некои од најуспешните колаборации, како оние со Саша Матиќ, Дорис Драговиќ, Матија Цвек, Оливер Драгојевиќ, но и статус на врвен изведувач кој одново ги поместува границите. Јелена е позната и по своите настапи и талентот со публиката да оствари близок, непосреден контакт, па нема сомнеж дека нејзиниот настап на MAC долго ќе се прераскажува.   MAC се потруди еднакво внимание да им посвети на сите музички жанрови, па така битовите кои ги обликуваат трендовите во музиката конечно го добиваат просторот кој го заслужуваат, и тоа со посебен ден на церемонијата, кој е посветен за афирмација на новите музички таленти. Така, Теодора, Воајаж и Црни Церак, најголемите икони на трап и урбаната алтернативна сцена, ќе настапат на вториот ден од церемонијата,на 26 јануари, кога со најсовремените аудио и визуелни ефекти директно од кујната на Скајмјузик, на публиката во Штарк Арената ќе ѝ приредат незаборавно шоу и ќе постават нови стандарди кога станува збор за сценскиот настап. Дека Арена ќе „гори“ без дилема укажуваат сите достигнувања на овие изведувачи, одново поместувајќи граници и високо поставувајќи стандарди, важејќи за ултимативни изведувачи на убиствени битови и „запалливи“ текстови чии песни не излегуваат од трендингот. Така, Воајаж, еднакво познат како по соло нумерите, така и по бројните дуети, е еден од најплодните изведувачи кој гордо ја носи титулата изведувач чии нумери имаат најмногу Јутјуб прегледи, додека Црни Церак важи за вистинска трап сензација чии мега хитови „"CC#1", "CC#2", "Два телефона", "CC#3",“ го обележаа овој музички правец. Меѓу објавените изведувачи се најдоа и две дами – Зера, која на широката јавност ѝ стана позната по синглот „До зоре“, што сама го напиша, а кој го достигна дури 3. место во српскиот трендинг на Јутјуб платформата, и Теодора. Таа е популарна пејачка, позната по експлозивните настапи за кои се бара билет повеќе и песните кои бележат вртогрлави прегледи, и е еднакво омилена меѓу следбениците на овој музички правец. Влезниците за MAC по подарок цени за првите сектори, фан питот и ВИП влезниците со попуст од дури 70 % се достапни преку бесплатната ефинити апликација, страницата efinity.rs и на билетарницата на Штарк Арената, а многубројни фанови имаат можност, следејќи ги официјалните канали на манифестацијата на Инстаграм, секој ден да освојат влезници за најголемиот музички спектакл. Колку за потсетување, MAC беше спектакуларно најавен преку ЛАЈВ на официјалната страница на манифестацијата, кога добитниците на признанија во претходните изданија, како Нина Бадриќ, Лена Ковачевиќ, Каролина Гочева, Раста, Воајаж и многу други го номинираа своите фаворити за престижните награди, и тоа по речиси две години пауза. Потсетуваме MAC во претходните две изданија собра преку 450 познати лица од целиот регион и беше емитувана на дури сеум ТВ-станици со национална фреквенција во шест држави, додека преку 5 милиони гласови од целиот свет стигнаа на адресата на манифестацијата. MAC за мошне кратко време прерасна во најголемиот и најпрестижниот музички спектакл на овие простори, за што сведочат дури седумте меѓународни награди „Best Musical Event“, „Best Ceremony“, „Best European Event“, „Excellence in Brand Strategy and Creation“, „Set Design Supplier“, „Audiovisual Supplier“ и „Live Show“.]]>

Објавен датумот за одржување на вторите „Music Awards Ceremony“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-datumot-za-odrzuvanje-na-vtorite-music-awards-ceremony/ Wed, 11 Dec 2019 13:01:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123124

Вторите по ред Music Awards Ceremony, под официјален назив MAC 2020, ќе бидат одржани на 27 јануари, најавуваат организаторите и продуценти од Скајмјузик. Настанот на годината во музичкиот свет и овој пат ќе биде одржан во Штарк арената, во која минатиот пат го следеа 15 000 луѓе. Како што и најавија организаторите после првата одржана манифестација, MAC овој пат ќе се прошири. Новина на церемонијата е тоа што во 2020 година ќе учествува и Словенија, покрај Србија, Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора. А тоа значи дека и словенечки бендови, исто така, ќе се најдат на листите номинирани, а се подразбира дека и најпознатите словенечки музичари ќе настапат во ревијалниот дел на MAC. Освен тоа, манифестацијата ќе биде емитувана и на словенечка телевизија, како и на телевизиите во другите земји учеснички. Она што ја издвојува Music Awards Ceremony од сите останати музички манифестации е фактот дека го „спојува она што не може да се спои“, па така и овој пат, најавуваат организаторите, на MAC ќе се чујат звуци на поп, рок, хип-хоп, народна музика и треп.
 
View this post on Instagram
 
Waiting... #MAC2020 Follow @music.awards.ceremony Video by @bogdanovicnikolaa #MusicAwardsCeremony

A post shared by MAC /Music Awards Ceremony (@music.awards.ceremony) on

MAC стана регионално препознатлив и по својот автентичен визуелен идентитет, кој нема да  изостане ниту овој пат. На првиот MAC настапија: Стјепан Хаусер, Марија Шерифовиќ, Симфонискиот оркестар на РТС; Тони Цетински, Масимо Савиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог, Бајага, Сергеј Ќетковиќ, Лету штуке, Петар Грашо, Емина Јаховиќ, Вива вокс, Лолобриџида, Плави оркестар, Аца Лукас, Раста, Тончи Хуљиќ, Наташа Беквалац, Јелена Карлеуша, Каролина и оперската пејачка Светлана Палада, а доделени се и 26 MAC признанија со кои се опфатени сите музички жанрови. Сè уште не е познато кои музички ѕвезди ќе имаат настапи на MAC 2020, но судејќи по минатиот, едно е сигурно – на оваа манифестација настапуваат само најдобрите од најдобрите. Организаторите најавуваат дека Music Awards Ceremony и овој пат ќе има хуманитарен аспект и ќе биде реализирана во соработка со ЦЕБЕФ.]]>