мусака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Feb 2024 12:41:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мусака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рецепт за мусака од печурки: Домаќинките овојпат биле навистина креативни и создале рапсодија на вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-musaka-od-pechurki-domakinkite-ovojpat-bile-navistina-kreativni-i-sozdale-rapsodija-na-vkusovi/ Thu, 15 Feb 2024 13:40:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324971

Ваквата мусака ќе ја подготвите многу брзо и лесно, а вкусот ќе го освои цело ваше семејство. Мусаката многу често се наоѓа на трпезите во македонските семејства. Сепак постојат многу начини како да ја подготвите, но „мрзливите домаќинки“ се досетиле на еден поинтересен и поразличен рецепт. Ваквата подготовка на мусака не подразбира користење на компир и мелено месо затоа што главната состојка во ова јадење се печурките. Состојки: - 500 грама исечкани шампињони; - 1 главица кромид; - 100 грама сланина; - 3 јајца; - Масло за јадење; - 8 парчиња леб; - 250 милилитри млеко; - 150 милилитри кисела павлака; - Зачини. Подготовка: Изберете една тепсија со средна големина и премачкајте ја со масло за јадење. Потоа покријте го дното со лебот којшто претходно сте го потопиле во млеко. Издвојте ги зачините како магдонос, сол и бибер. Сланината исечкајте ја на парчиња и динстувајте ја со печурките и кромидот на средна температура. Кога ќе биде готово, ставете го миксот над лебот. Потоа распоредете го повторно натопениот леб над смесата. Во една чинија изматете ги јајцата и павлаката и прелијте ја течноста како завршен слој. Оваа мусака печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути. На здравје! извор:точка.ком.мк]]>

Посна мусака: Рапсодија од соја која ќе ве освои на прв залак, ќе полудете кога ќе видите колку е вкусна https://arhiva.vistina.com.mk/posna-musaka-rapsodija-od-soja-koja-ke-ve-osvoi-na-prv-zalak-ke-poludete-koga-ke-vidite-kolku-e-vkusna/ Thu, 01 Feb 2024 13:00:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337120

Ви треба: 6-7 компири 1 главица кромид 2 dl млеко од соја 4 лажици соја снегулки масло за подмачкување 2 лажички сув билен зачин половина лажичка копар 1 домат сол Подготовка: Младиот кромид пропржете го со соја, која претходно била натопена во топла вода, па потоа била процедена. Потоа додадете една лажичка сув билен зачин и добро измешајте. Во подмачкан огноотпорен сад наредете ред компири исечени на прстени, па нанесете половина од филот од соја, ред компири, фил од соја и на крај покријте со компири. Врз компирите наредете ги исечените домати. Печете ја мусаката 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Во млекото од соја додадете една лажичка суви билни зачини, сол и копар. Отстранете ја мусаката, прелијте ја со млеко и печете уште 45 минути. Извор: Попара]]>

Оваа верзија на мусака не само што е вкусна, туку е и омилена на децата https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-verzija-na-musaka-ne-samo-shto-e-vkusna-tuku-e-i-omilena-na-detsata/ Thu, 30 Mar 2023 12:27:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295887

Состојки: 1 кг компири 500 гр мешано мелено месо 1 главица кромид 1 чешне лук 1 дл сок од домати 2 јајца 1 дл млеко 2дл крем за готвење 1 лажица кисела павлака зачини по вкус магдонос Подготовка: Компирите сварете ги, па испасирајте ги, додадете малку путер, млеко и зачинете го пирето по вкус. На малку масло се пропржуваат ситно сечканите лук и кромид, се додава месото и зачините и се динста малку. По некое време, додадете сок од домати. Во лесно набрашнет сад за печење ставете половина од пирето, па смесата со месото, па другата половина од пирето. По желба одозгора може да се додаде и рендано сирење. Се пече 15-20 минути на 180-200 степени додека бојата на површината на мусаката не порумени. извор:попара.мк]]>

Магична мусака со сланина и кашкавал (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/magichna-musaka-so-slanina-i-kashkaval-video/ Mon, 06 Feb 2023 13:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287588

Сочно и апсолутно неодоливо. Ако ви се допаѓа комбинацијата од компири и месо, дефинитивно ќе ви се допадне оваа мусака. Затоа денес ви предлагаме сочна варијанта со сланина и кашкавал. Состојки: 250 гр мелено месо 1 главица кромид четири чешниња лук 50 грама сува сечкана сланина масло црвен пипер, бибер, сув зачин 500 гр компир 100 грама рендан кашкавал 2 јајца 100 мл млеко 2 лажици кисела павлака Подготовка: Компирите исечкајте ги на кругови, па додадете малку масло и измешајте. Наредете половина од компирите во подмачкана тава. На масло пропржете ги сечканиот кромид и сланината, а кога ќе се испржат додадете ги споменатите зачини. Наредете половина од компирите, а одозгора непрженото мелено месо, па ставете го пржениот кромид со зачини. Над него ставете уште еден ред прстени од компири. Покријте со фолија и печете во рерна на 220 степени до 30 минути. Извадете од рерна, прелијте со изматените јајца во кои сте додале половина од ренданиот кашкавал, млекото и павлаката, а потоа прелијте ги компирите. На крајот додадете го остатокот од ренданиот кашкавал и вратете во рерна и печете уште 30 минути додека убаво порумени. Погледнете го упатството за подготовка чекор по чекор: Извор: Курир.мк]]>

Мусака со тиквички и домати: Лесен ручек за сечиј вкус https://arhiva.vistina.com.mk/musaka-so-tikvichki-i-domati-lesen-ruchek-za-sechij-vkus/ Thu, 19 May 2022 11:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251272

Лесниот ручек нѝ е повеќе од потребен кога температурите се високи, а иако не содржи месо, овој рецепт ќе ве воодушеви. Голем плус е тоа што лесно се подготвува и состојките не се скапи. Мусаката од тиквички и домати ќе ви се допадне уште на првиот залак, а доволно е да ја послужите само со парче леб. Потребни состојки: - 1 килограм тиквички - 50 мл. маслиново масло - 2-3 чешниња лук - 80 гр. тврдо сирење - 80 гр. чедар - 3 јајца - 160 мл. млеко - 6 лажици брашно - шери домати - копар Начин на подготовка: 1. Исечкајте ги тиквичките на коцки, а сирењата изрендајте ги. 2. Во еден сад помешајте ги исечканиот копар, маслиновото масло и изренданиот лук, промешајте и оставете 10-тина минути за вкусовите да се спојат. 3. Изматете ги јајцата, додајте го млекото и брашното и соединете. Додајте зачини по желба и повторно промешајте. 4. Во садот со јајца додајте ја смесата од копар, лук и маслиново масло, промешајте, па додајте ги и ренданите сирења (оставете дел за одозгора). 5. Во огноотпорен сад, кој претходно ќе го намастите, ставете ги тиквичките, а потоа прелијте со смесата. 6. Одозгора ставете ги шери доматите исечкани на половина и додајте го преостанатото сирење. 7. Печете на 180 Целзиусови степени околу 1 час. извор:точка.ком.мк]]>

Мусака со модри патлиџани и месо https://arhiva.vistina.com.mk/musaka-so-modri-patlidzani-i-meso/ Wed, 03 Nov 2021 13:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225840

Одлична идеја за денешниот ручек.

Потребни состојки:

  • 5 модри патлиџани
  • 500 г мелено месо
  • 150 г кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3-4 свежи домати
  • 1 лажичка магдонос
  • Ловоров лист
  • Сол и бибер
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 лажичка вегета
  • За бешамел сос
  • 40 г путер
  • 30 г брашно
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка пармезан
  • 2 јајца
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги патлиџаните по должина, посолете ги и оставете ги да отстојат. Измијте ги со топла вода и ставете ги на хартија. Ставете ги во тава премачкана со маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 15 минути. На маслиново масло продинстајте го исечканиот кромид, а потоа и меленото месо. Додајте ги сечканите домати, ловоров лист, бибер, лукот и вегетата. Продинстајте. Откако месото ќе омекне, додајте магдонос. Бешамел: на растопен путер кратко пропржете го брашното, прелијте со ладно млеко и мешајте околу 5 минути. Додајте сол, бибер и пармезан. Изладете го сосот и додајте ги претходно изматените јајца. Во огноотпорен сад наредете еден ред патлиџани, по нив распоредете дел од динстаното месо, повторно ставете патлиџани, динстано месо и завршете со ред патлиџани. Прелијте со бешамел сос. Печете на 220 степени околу 20 до 30 минути. извор: кајгана ]]>

Гога живее во склад и хармонија со природата, а готви како Џејми Оливер (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/goga-zivee-vo-sklad-i-harmonija-so-prirodata-a-gotvi-kako-dzejmi-oliver-video/ Mon, 13 Jul 2020 07:44:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158349

Неа ја знаат сите... И студентите и професорите и политичарите и обичниот народ... Едни како професорката, други како колешката од факултетот, од парламентот, од претседателската трка... Но, веројатно малкумина, освен оние кои и лично ја познаваат, знаат дека проф. Гордана Сиљановаскка Давкова е сестрана жена. Освен науката и политиката, пошироката јавност  почна полека да ги открива и нејзините останати квалитети, спосиобности, можности... Од оние духовните, физичките, забавните, домаќинските... Имено, кандидатот за пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, покрај тоа што ја запознаа како Гога - Јога, заради нејзиното практикување на вештината за хармонијата на телото и духот, неодамна јавноста откри дека Гога е апсолутно во тек со времето, современите технолигии, социјалните мрежи, новите апликации... Па така сите дознаа дека професорката Сиљановска -Давкова е првиот македонски политичар што има „Тик  Ток“ апликација, која не ја користи само за танцување, како повеќето други припаднички на понежниот пол, туку и за малку посуштинска „гимнастика на умот“.   Едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори, младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… А кога сме веќе кај танцувањето, на Гога не и треба Тик -Ток за другите да ги фрли во сенка и остави во шок. Впрочем сите видоа дека професорката е „ѕвезда на танцот“. Твист, рок ен рол, диско... елеганција во секој чекор, совршен сенс за ритам и ритмички движења со звуците на музиката, професорката поденакво добро го владее танувањето како и правото и политиката. Но, она што уште не сте го знаеле за неа е нејзиниот начин на живот во склад и хармонија со природата. Дека е тоа така, откри покажувајќи ја својата мала, како што самата ја нарекува, „Бабина градина“, среде урбана средина, во градот, на својата тераса. Таа како вегетаријанец, речиси целокупните свои потреби за зеленчук ги задоволува одгледувајќи го во вид на органска храна во својата мала урбана зелена градина. Домати-јабучари, тиквички, целер, морков, босилек... И уште десетина други лековити билки или зачини. Не случајно таа вели дека Македонија ја замислува како земја на здрава и органска храна, во која туризмот и културата ќе бидат на едно место, зашто ако се грижиме за природата, ќе се грижиме и за сопственото здравје. Но, дека сето ова не се само празни зборова за рекламна кампања, како што тоа го прават нејзините политички опоненти, , популарната „Гога - Јога“ покажа во пракса, кога во живо демонстрираше како изгледа нејзиниот живот во склад со даровите од природата, па од чистите органски продукти, таа ги зготви еден од нејзините специјалитети: Вегетаријанска мусака од тиквички и сирење. За локација ја избра одново прекрасната природа на кањонот Матка во околината на Скопје, па вредната професорка покажа дека не е само врвен танчер, туку и готви како Џејми Оливер. Впрочем и светски познатиот готвач има своја мала органска градина, па токму со продуктите од својата, Гога го подгови својот ручек на зелаената падина. „Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби и затоа сум вегетаријанка“ - напиша Силјановска - Давкова па го откри рецептот за својот вкусен вегетаријански специјалитет. „Секоја чест... професорка,  политичар, жена, мајка, домаќинка и вистинска Македонка“ - беа само некои од стотиците коментари кои ги доби под објавеното видео на социјалните мрежи. ]]>

Една од најубавите мусаки за вегетаријанци (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/edna-od-najubavite-musaki-za-vegetarijanci-video/ Wed, 01 Jul 2020 14:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156618

Доколку сте вегетаријанци, тогаш овој оброк сигурно ќе го ставите на листата со омилена храна. Се разбира, овој лесен оброк добро ќе им дојде и на оние кои не се вегетаријанци, кои преферираат полесна храна. Состојки: - 600 гр. компири - 1 поголем домат - 1 кромид - 2 зелени пиперки - 1 голем морков - малку карфиол - 1 помала тиквичка - 200 гр. печурки - грст грашок - масло, магдонос, бибер - 2-3 чешниња лук - 2 лажици инстант супа од печурки Подготовка: Запржете го кромидот на масло, додадете ја исецканата пиперка, на кругови исецканиот морков, тиквичките во форма на коцки, грашакот и карфиолот. Додадете ги печурките, биберот и лукот. Подмачкајте тава од 30х20 со масло. Исечете половина од компирите и наредете ги на дното на тавата, па во средина истурете од динстаниот зеленчук. Покријте со домати исецкани на кругови и остатокот од компирот пресечен на листови. Во 100мл. вода растворете 2 лажици од инстант супата од печурки, промешајте и прелијте. Истурете малку масло. Печете на 200 степени околу еден час. извор:точка.ком.мк]]>

Мусака со компир, печурки и маслинки – Деликатес на трпеза https://arhiva.vistina.com.mk/musaka-so-kompir-pechurki-i-maslinki-delikates-na-trpeza/ Wed, 18 Sep 2019 12:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107645

Има различни рецепти за мусака, со тиквички, модар патлиџан, компири и месо, а овој е еден од најпрекрасните во морето рецепти.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг. компир
  • 2 главици кромид
  • 400 гр. печурки
  • 3 моркови
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички вегета
  • сол
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 10 маслинки црни

ПОДГОТОВКА:

  • Се лупи и сече компирот ситно, па се става во сад за печење, а потоа се лупи и сече ситно и морковот и се става со компирот, се додава малку вода колку да се покрие зеленчукот и се крчка на 200 степени половина час.
  • Се пасираат печурките и се пржат на масло 10 минути, па се ставаат во компирот и морковот, заедно со сечените маслинки и зачини.
  • Се става црвен пипер и се пече уште 15 минути.
извор: готви.мк]]>