мурал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мурал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петмина графити уметници од Нинберг во Скопје за да изработат мурал по повод 60 години од скопскиот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/petmina-grafiti-umetnitsi-od-ninberg-vo-skopje-za-da-izrabotat-mural-po-povod-60-godini-od-skopskiot-zemjotres/ Mon, 10 Jul 2023 12:40:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309652

Пет графити уметници од Нинберг ќе го посетат Скопје, каде преку тродневен мултимедијален настан ќе изработат мурал по повод шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес, ќе изработат мурал, а ќе одржат и детски работилници за цртање графити, известуваат од КСП Центар Јадро. Оттаму посочуваат дека „Колект Жардин“ од Нирнберг ќе престојуваат во Скопје од 14 до 16 јули, а тродневниот настан ќе вклучува цртање на мурал во центарот на градот, работилница за графити за деца и завршна манифестација на последниот ден. „На 15 и 16 јули, уметниците ќе направат огромен мурал. Концептот на ѕидот ќе симболизира спомен за земјотресот во Скопје 1963 година. Во тоа време, во 1963 година, работници од Нирнберг дошле во Скопје за да помогнат при обновата на градот и во име на таа солидарност и денес – точно 60 години подоцна – повторно ќе дојдат уметници од Нирнберг и ќе се обидат да помогнат во редизајнирањето на градот на креативен и уметнички начин“, велат од „Јадро“. Истовремено, уметниците од Нинберг, заедно со професионални тренери од Скопје ќе одржат работилница на која  децата ќе научат за теоретската позадината на графити-културата како и практични вештини. „Вечерта ќе биде посветена на претставување на уметничките дела на учесниците на завршниот настан. Тогаш,  ќе биде одржан и   хип-хоп џем, со диџеи и локални рапери. Главната идеја на целиот проект е да се зајакне партнерство меѓу Нирнберг и Скопје и да се претстават меѓународните графити и хип-хоп културата пред широката публика“, истакнуваат од КСП Центар Јадро. Оттаму дополнуваат дека идејата за овој настан се појавила пред неколку години врз основа на долгогодишното пријателство меѓу графити уметници од Нирнберг и Скопје, но плановите биле откажани поради пандемијата.]]>

Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-stefanovski-dobi-svoj-mural-vo-skopsko-debar-maalo-foto/ Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248068

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Муралот го  наслика младиот уметник и тату-артист Блаже Атанасков- Нејмлес. Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. Свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани со зачувувањето на делото на драматургот. „Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, гласеше одјавата на Игор Стефановски.]]>

Кавадарци: Никола Бадев, Васил и Зафир Хаџиманови заедно со уште неколку уметници осамнаа на мурал https://arhiva.vistina.com.mk/kavadarci-nikola-badev-vasil-i-zafir-hadzimanovi-zaedno-so-ushte-nekolku-umetnici-osamnaa-na-mural/ Wed, 06 Oct 2021 12:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222055

Доајенот на македонската народна песна Никола Бадев и музичките уметници  Зафир и Васил Хаџиманови заедно со уште неколку уметници се насликани на мурал во Кавадарци. Муралот се наоѓа на зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ и библиотеката „Феткин”. Покрај музичките уметници на муралот се: ликовните уметници Глигор Чемерски, Петар Мазев и Симон Шемов како и публицистот Иван Мазов-Климе. Автори на муралот се уметниците Никола Иваноски и Симона Манчева. Проектот е финансиран од Владата и е спроведен во соработка на Фрагмент Комуникации, Студио КР7 и КСП ПОДИУМ – ЈАДРО Кавадарци. Всушност се работи за поголем проект насловен „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност“, во кој со вакви мурали на кои се претставени истакнати културни дејци а за да се одбележи 30 години од независноста на државата.]]>

Велес го доби најголемиот мурал во земјава https://arhiva.vistina.com.mk/veles-go-dobi-najgolemiot-mural-vo-zemjava/ Tue, 21 Jul 2020 12:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159549

По изработените мурали во Битола, Скопје, Гевгелија и Кочани и влезот на град Велес доби свој мурал како дел од програмата на фестивалот за современи уметности АКТО. Ова е најголемиот мурал во земјава. Тој има површина од 220 квадратни метри, долг е 86, а висок 2,5 метри. Муралот е насловен „Солидарност, мобилност, иднина“ и се работеше пет дена, со спреј и фасадна боја. „Муралот е изработен од повеќе слики, преку кои се прикажани солидарноста, заедништвото и како градот се модернизира. На муралот се отсликува поблиската историја, борбата за здрава животна средина, борбата против Топилницата, протестите на велешани. Централниот дел е мое доживување на темата“ - вели Давор Кешкец, идејниот автор на муралот. Во цртањето на муралот, освен Кешкец, учествуваа и Стефан Младеновски, Ангела Банчотова и Тоше Пешовски.]]>