мундог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Oct 2019 13:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мундог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонката Јова Радевска се крие зад YOVA – „Moondog“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonkata-jova-radeska-se-krie-zad-yova-moondog-video/ Wed, 30 Oct 2019 13:28:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115457

Јова Радевска е македонска кантавторка која живее во Лондон. На македонската јавност и стана позната најпрвин по настапот на „Скопскиот фестивал“, а подоцна и по своите соло проекти. Во моментов Јова ( Yova)  егзистира како дуо, зад чие име се кријат самата Јова Радевска и Марк Вернон (Mark Vernon). Нивната нова песна носи наслов „Moondog“  и е продуцирана со Мартин Мек Дугал и  Даниел О'Саливен од групата „Grumbling Furs“, а миксувана е од „Греми“ номинираниот Камерон Граиг (Бјорк, УНКЛ, Ени Ленокс & Џо Страмер) и е дигитално достапна на сите поголеми музички платформи како Spotify, Itunes... Снимена е од членовите на ЈОВА, (Јова Радевска и Марк Вернон) заедно со Алекс Томас (тапани), Даниел О'Саливан (бас, мелотрон), Мартин Мек Дугал (калимба) и Роб Елис (ондес мартенот). Песната е визуелизирана со интересно видео креирано од Кристијан Барнет од филммејкерите на Fabulous Frank. Стиховите на песната се  полни со емоции кои ја побудуваат имагинацијата и душата, додека тивко ја илуминираат уникатната и храбра тема. Јова и Марк започнаа со снимање на музичките структури на ЈОВА на повеќе локации со повеке соработници. Марк со неговата претходна работа со PJ Harvey & John Cale од култната група Velvet Underground го контактира неговиот пријател продуцентот и мулти инструменталист  Rob Ellis (PJ Harvey, Anna Calvi, Marianne Faithfull, Scott Walker) за да го аранжира и оформи новиот звук на ЈОВА. Музичката слика набргу се оформува во родната земја на Јова Радевска - Македонија, во една музичка визба во Лондон и дневен музички престој во Дорсет во Англија. Марк го соединува бас гитаристот Иан Оливер со Роб Елис на тапани и ритмичкиот р'бет на оригиналната П Ј Харви група снимаат повторно заедно за прв пат од издавањето на првото ЕП на PJ Harvey "Dress" vo 1991.. Резултатите од овие снимања ќе можат да се чујат на новиот албум на  YOVA во 2020 година. Со силна група и подготвен албум, ЈОВА се подготвуваат за на сцена и за прв пат да настапуваат во живо. Во меѓувреме, проследете го новиот сингл „Moondog“ на нашата Македонка која е на добар пат да направи кариера во светот. https://www.youtube.com/watch?v=YJgVBXIg5-E        ]]>