мултимедијална изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Jan 2023 13:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мултимедијална изложба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Скутина, фута, бовча, диљка“: Мултимедијална изложба на етнокореологот Бојан Петковски во Центарот за култура во Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/skutina-futa-bovcha-dilka-multimedijalna-izlozhba-na-etnokoreologot-bojan-petkovski-vo-tsentarot-za-kultura-vo-kumanovo/ Thu, 26 Jan 2023 13:33:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286013

Во Фоаjето на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ денеска во 13 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Скутина, фута, бовча, диљка“, на етнокореологот Бојан Петковски. Скутината е дел од традиционалната облека која е познат под различна локални имиња: фута, бовча, дипла, скутача, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, пештемал… Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, а се карактеризирала со слоевитост во облековните елементи и накитот. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот, секогаш го насочува своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чинeла голем дел од целокупната слика на носијата. Покрај кај жените во сите етнички, возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката култура на облекување. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци.]]>

„Вита“ – мултимедијална изложба на Филип Петковски во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/vita-multimedijalna-izlozba-na-filip-petkovski-vo-mkc/ Mon, 26 Oct 2020 14:24:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173047

Вечерва, понеделник, 26 октомври 2020 год. со почеток од 20 часот во Галеријата 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Вита“ од Филип Петковски. „Вита“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која го критикува објективизирањето на женското тело и ја истражува женственоста и комплексноста на човечката емоција. Проектот вклучува краток филм во режија на Филип Петковски, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век. Настанот ќе биде реализиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Учествуваат: Наталија Теодосиева, Ана Мојсовска, Слаѓана Вујошевиќ, Анастасија Данчевска, Мими Поп-Алексова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Долорес Поповиќ. Костимите се дел од приватните колекции на Филип Петковски, Антонио Стојчески и Ване Наков. Имено, овие црно-бели фотографии се едни од најраните извори кои ја прикажуваат модата во тоа време, укажуваат на една поинаква естетика диктирана од социјалните норми на патријархалното општествено уредување и ни даваат една поинаква визија за концептот женственост. Фотографиите ги прикажуваат субјектите во различни секојдневни ситуации или социјални збиднувања. Костимите на сликите се носии за невести или девојки од различни краеви на Македонија кои сопствениците рачно ги изработувале, а тој процес некогаш траел и до две години. Нивните одлики како техниката на везење, мотивите и боите прикажани во облековните елементи, материјалот од кои се изработени, како и начинот на украсување на главата и телото јасно укажуваат на нивната етничка припадност, социјален статус или економска состојба. Фасциниран од естетиката на секојдневието во тоа време, често пати се прашував за комплексноста на животите на претставените ликови во строгите патријархални средини во кои живееле. Филип Петковски е докторанд на Катедрата за светска уметност, култура, и танц на Универзитетот во Калфорнија Лос Анџелес каде што работи и како асистент и предава предмети поврзани со танц и изведбени уметности. Филип се јавува и во улога на кореограф и танцов инструктор, режисер на театарски претстави во Македонија, САД, и Норвешка и автор на неколку академски трудови кои обработуваат теми поврзани со танц, политики на идентитет и културно наследство. Жарко Чулиќ е фотограф кој во последниве неколку години се фокусира на модна фотографија. Жарко работи со уметници и модни магазини, учествува на повеќе групни изложби, а изработува и модни едиторијали со познати стилисти, дизајнери и модни куќи од Македонија и регионот.]]>