мултимедијален преоект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 12:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мултимедијален преоект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Горчлив шеќер“ – мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ https://arhiva.vistina.com.mk/gorchliv-sheker-multimedijalen-proekt-na-gorge-jovanovik-vo-msu-2/ Tue, 19 Sep 2023 12:24:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318693

Во Музејот на современетата уметност – Скопје (МСУ) вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) – мултимедијален проект на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ. Како што информира МСУ, поектот е составен од два дела – просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, истовремено функционирајќи во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови. -Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност, наведува МСУ. Преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција, овој проект има цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност. Куратори на мултимедијалниот проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ и ќе може да се посети до 10 февруари 2024. (МИА)]]>