мултимедијален фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Jul 2021 13:01:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мултимедијален фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-multimedijalniot-festival-prespalend-2021/ Tue, 06 Jul 2021 13:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209937

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалотќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби. За овој период, во континуитет со 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа и ќе разубавиме 11 локации. Отворањето на мултимедијалниот фестивал PRESPALAND 2021 е овој викенд, на 10.07 (сабота) одбележувајќи го првиот час по македонски јазик кој се одржал во старото училиште „Димитар Влахов”, во с.Љубојно. На таа локација, од 18:00 часот посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти. На настанот ќе настапат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија- Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија. Следниот ден, на 11.07 (недела) на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и македонскиот романтичар Владо Јаневски. Влезот за сите настани е бесплатен.]]>

Tрето издание на интермедијалниот фестивал „АrtArea“ https://arhiva.vistina.com.mk/treto-izdanie-na-intermedijalniot-festival-artarea/ Wed, 22 Jan 2020 13:43:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130464

Од 24 до 26 јануари во Кино Култура ќе се одржи третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот. „ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена. „Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата. Во таа смисла, фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики. Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура“ - велат организаторите.
]]>