мухарем сербезовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Dec 2021 09:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мухарем сербезовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов остро ја демантиреше изјавата на Мухарем Сербезовски: „Во нејзиниот живот пред Стево Теодосиевски постоел само еден човек, но тоа не беше Мухарем“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-muzicharot-simeon-atanasov-ostro-ja-demantireshe-izjavata-na-muharem-serbezovski-vo-nejziniot-zivot-pred-stevo-teodosievski-postoel-samo-eden-chovek-no-toa-ne-beshe-muharem-foto/ Thu, 09 Dec 2021 09:04:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230446

По написите за исповедта на пејачот Мухарем Сербезовски дека во младоста бил лудо вљубен во покојната кралица на ромската песна Есма Реџепова, а ни таа не била рамнодушна кон него, но љубовта за која наводно само малкумина знаат, не опстанала заради вообразеноста на Михарем откако слават му удрила в глава, реагираше синот на Есма, музичарот Симеон Атанасов. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/ispoved-na-pejachot-esma-redzepova-i-muharem-serbezovski-bile-romskite-romeo-i-julija-foto/[/embed] Како легитимен наследник кој со своите „Еsmas band - next generation“ го продолжува делото на својата мајка, која иако не биолошка, таа него како и многу други деца го одгледала, пораснала, воспитала, научила да биде и како човек и како музичар  се' она што е денес, Симеон за српските и македонските медиуми се огласи и остро ја демантираше изјавата на Сербезовски, за кого вели дека Есма не го поднесувала и тие двајца не биле во добри односи: „Како дете кое живееше со Есма Реџепова речиси 40 години, и кој знае се', сакам да демантирам дека мајка ми имала било каква врска со Мухарем Сербезовски. Не знам дали Мухарем дал таква изјава, но знам дека Есма и тој не беа во добри односи бидејќи цел живот Мухарем ги земал турските песни и ги препејувал, додека мајка ми била за пеење чисто ромски песни“ - категорично тврди Симеон и продолжува: „Јас ја знам целата вистина, а фактите говорат за неа, дека Мухарем тогаш имал 12 години, а Есма 19 години. Зошто девојка која има 19 години и е популарна би се интересирала за дете?! Речиси 40 години од мојот живот поминав со Есма Реџепова, но таа никогаш не спомна такви глупости. Имала еден човек во животот и пред Стево Теодосиевски, но тоа не бил Мухарем Сербезовски. Ова го гарантирам, бидејќи ги знам сите тајни! Не знам од која причина, а и дали воопшто дал таква изјава, но во едно сум сигурен, а тоа е дека воопшто не бил близок со Есма, а да не кажам дека не го поднесуваше. Верувајте, ова е чиста лага“ - дециден е наследникот на кралицата на ромската песна, Симеон Атанасов. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-vo-nostalgija-po-zivotot-simeon-atanasov-napravi-proshetka-po-pomenite-od-pred-tri-decenii-foto/[/embed] Да потсетиме, наскоро се навршуваат пет години од смртта на големата пејачка која животот го посвети на музиката и работата, а заедно со сопругот исчува и образуваше 48 посвоени деца. Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov]]>