мтв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Apr 2023 07:14:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мтв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јована Костадиновска има скриена страст: ТВ водителката сите ја гледаат кога го работи она што го сака, ама никој не сака да се соочи со она што го умее… веројатно ни сопругот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-kostadinovska-ima-skriena-strast-tv-voditelkata-site-ja-gledaat-koga-go-raboti-ona-shto-go-saka-ama-nikoj-ne-saka-da-se-soochi-so-ona-shto-go-umee-verojatno-ni-soprugot-video/ Sat, 08 Apr 2023 07:10:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229508

Ведра, позитивна и секогаш расположена, постојано насмеана... Таква какви што треба да бидат телевизиские лица, особено дамите. Уште пак ако треба нејзиното лице прво да го видите уште наутро по станувањето на ТВ екранот, дефинитивно ќе ви го разбие мамурлокот и ќе ве залепи за екранот, правејќи ви го денот ведар, а вас орни за работа. Впрочем, нејзината работа е таква, иако задачата и е да ве информира, по малку едуцира и забавува, како и секоја водителка на утринска програма. А таа е една од оние кои знаат и умеат и тоа како денот да ви го започнат со оптимизам и насмевка. Јована Костадиновска долги години ја гледаме на телевизиските екрани, а последнава година таа е дел од водителскиот тим на утринската програма на МТВ - „Македонија наутро“. Иако е и приватно реализирана жена, сопруга на Марко и мајка на две деца, ќерката Мила и синот Јаков и покрај обврските околу домот и семејството како и секоја жена, Јована изгледа одлично. Убава, дотерана, стокмена, со совршена линија и складни телесни пропорции водителката е вистински синоним за телевизско лице.  За разлика од многу други од ТВ еснафот кои ова или не го разбрале или погрешно го сфатиле, па истите изгледаат или како „нафракани старлети“ или како „ запуштени баба роги“. За неккои работи веројатно своја улога има генетиката, но за сето останато пресудни се навиките за здрав живот, правилна исхрана и редовно спортување и рекреација. Особено овие последните, стекнати во времето кога Јована покрај јавната работа, работела и како професионален инструктор по аеробик, па и денеска кога е сопруга и мајка е благодарна на своите стекнати здрави и спортски навики. „Кога го работите тоа што го сакате сите мани стануваат предности или за мене ова што го работам е остварување на мојот сон“ - ќе изјави во една прилика Јована. И додека ТВ  водителката сите ја гледаат кога го работи она што го сака,  никој не сака да се соочи со она што таа го умее... Веројатно ни сопругот! Имено, како што е познато Јована има скриена страст кон спортувањето и рекреацијата, кои обилно влијаат на нејзиниот изглед, здравјето, концентрацијата... Само што сега водителката и бивша инструкторка, аеробикот го заменила со спорт, во кој има малку „поблизок контакт“! Очигледно и на ова поле водителката покажува завидна вештина, па затоа мора да е горда на себе и своите можности и способности и во „специјални“ околности! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Jovana Kostadinovska]]>

Каролина во новогодишно шоу ќе жари и пали на Прва: Мерак за уши, ама и за очи со жестоко деколте од кое погледот се кочи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-vo-novogodishno-shou-kje-zari-i-pali-na-prva-merak-za-ushi-ama-i-za-ochi-so-zestoko-dokolte-od-koe-pogledot-se-kochi-foto/ Thu, 29 Dec 2022 08:38:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282075

Каролина Гочева ја испраќа 2022 година под полна пареа на работно поле, а така ќе ја започне и новата 2023 година. По одржани пет концерти со „Песни за љубов и копнеж“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Гочева и нејзните соработници не застануваат тука. Па така, веднаш по Нова Година, односно пред Божиќ на 3-ти и 4-ти јануари во МОБ ќе следи реприза за оние кои не успеаја да наполнат душа со звуците на Дуке и Исмаил и вокалот на Каролина со нивните мелодични звуци од песните за љубов и копнеж.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Дека се работи на големо, Каролина покажа, односно најави дека за новогодишната ноќ ќе ја забавува македонската јавност преку ТВ екраните на фреквенција на Македонската телевизија. На сцената пред камерите нема да биде сама и друштво ќе и прават колегите: Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, младата Лара Иванова, Пијан славеј и тинејџерите од серијата „Тин-камп“.
 
Најавата на социјалните мрежи беше сосема доволна за оние кои ќе ја дочекаат Новата 2023 во домашен амбиент, уште сега да направат избор кого ќе „пуштат“ во нивниот дом на дочекот за им направи мерак за без пари. -Драги мои, многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1! На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели @elenaristeska_era @_lara.iv_ @vlatkolozanoski @pijanslavej и @teencampofficial Се гледаме на 31ви декември на МРТ1!Ваша, Каролина, пишува таа. За оваа прилика Каролина и нејзнината стилистка внимателно се потрудиле за изборот на неколкуте стајлинзи во кои таа ќе се појави. Нова Година автоматски потсетува на нешто светкаво, па изборот патна на блескави панталони со високо струк кои ја нагласија витата линија на пејачката. Не беше исклучена ниту провокацијата, а изборот бил на ултра длабоко деколте и сексапил каков Каролина досега не понудила, барем не јавно. Се’ на се, забавата сигурно ќе биде загарантирана, ќе има мерак и за уши и за очи за во Новата да тргне на убаво!]]>

29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>

Почина истакнатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-istaknatiot-makedonski-fotograf-ljupcho-ilievski/ Tue, 24 May 2022 09:37:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251766

Почина фотографот Љупчо Илиевски, човекот кој имаше плодна фотографска кариера, а посебен проект што му лежеше на срцето беше фотографирањето на мегалитската археолошка опсерваторија Кокино. Велеше дека за големи нешта се потребни големи луѓе. Илиевски спаѓаше во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник беше на средната генерација фотографи, кој негуваше специфичен, уметнички стил. – Јас ја имав привилегијата изминативе години да соработувам токму со нив, за што сум им неизмерно благодарен – велеше Илиевски. Работеше како камерман во Македонската радио телевизија, а повеќе од 40 години беше посветен на фотографијата. Му се прeпишуваа многу прекари: ловецот на драматичните театарски сенки, човекот обземен со лустерот во Офицерскиот дом, портретистот на камената мома во Куклица… Велеше дека не фотографира, туку со светлината пишува наизглед неважни теми, кои потоа ги обработува долг временски период и со голема посветеност. Дел од циклусите на кои беше посветен беа: „Траги“ (за лустерот од некогашниот Офицерски дом во Скопје), „Припитомување на крикот“ (тетарска фотографија од МОТ во период од 14 години), „Убавините ги живееме“ (изложба за Преспа), „Чекорење низ Македонија“, „Осамени, а вечни“. Во последните години беше исклучително горд што работи со учениците од средното уметничко училипте „Лазар Личеноски“ во Скопе. Со Илиевски се збогуваме со извадок од интеревјуто посветено на неговата последна изложба отворена лани во Лучанец, Словачка, за еден фасцинантен момент од многуте доживавања на Кокино. – Стигнувам горе уморен, но со чувство како да сум освоил некој од највисоките врвови во светот. А таму… глетка за помнење… и останав без здив…]]>

„Ние редовно одиме на проби… а, понекогаш може и да не одиме“ – ја препознавате ли оваа денес голема македонска музичка ѕвезда? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nie-redovno-odime-na-probi-a-ponekogash-moze-i-da-ne-odime-ja-prepoznavate-li-ovaa-denes-golema-makedonska-muzichka-dzvezda-foto/ Fri, 22 Apr 2022 08:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80784

Голем дел од македонските музички ѕвезди имаа и класична наобразба. Нижо музичо, средно музичко училиште, музичка академија... Теоретска настава, соло пеење, свирење разни музички инструменти... Но, некои од нив со музиката се сретнале многу рано, уште во предшучилишната возраст, кога родителите или некој од семејството, соседството, градинката, училиштето... И како по правило детските училишни хорови, или оние на најпознатите детски фестивали се местата каде денешните естрадни уметници ги направиле првите чекори, за прв пат пуштиле глас, ја испеале првата песничка... А за да се биде добар и успешен треба постојано да се вежба и мора редовно да се оди на проби... Или баш и не мора?
Така и тие, односно тој...Таков е барем неговиот наивен детски одговор во годините кога бил дете и гостин на една од емисиите на тогашната МТВ, кај новинарката и ТВ водителка Ели Танаскова, која го прашува од колку години заедно со брат му одат во хорот на „Златно славејче“, дали имаат таму другарчиња со кои се дружат и дали за да бидат успешни, треба редовно да одат на проби? А тој, тоа го потврдува, па потоа го негира во негов стил:
„Ние редовно одиме на проби... а понекогаш, може да не одиме“!  Чесно и искрено! Не веруваме дека лесно ќе го препознаете по ликот кога бил малечок, но затоа пак, денес и тоа како е препознатлив во она што го прави. Се разбира со неговиот брат близнак Мартин.
Да тоа е тој, Стефан Филиповски, вокалот на „Некст тајм“.
Така беше тогаш, а денес...? „Нешто ќе те питам мајко, право да ми кажеш...?!“
„Слушаат ли децава, умни ли се? Вежбаат ли така напорно и посветено и денес и одат ли редовно на проби или... Понекогаш, може и да не слушаат?“]]>

Вака изгледаше и се облекуваше најдобрата македонска ТВ водителка деновиве пред години: Дали Лила вакава отсекогаш била? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgledashe-i-se-oblekuvashe-najdobrata-makedonska-tv-voditelka-denovive-pred-godini-dali-lila-vakava-otsekogash-bila-foto/ Sat, 04 Dec 2021 07:35:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199195

Лила Филиповска несомнено е најдобрата и најпопуларна македонска ТВ водителка. И тоа не само денес, туку со години наназад. Повеќе од две и пол децении денес атрактивната „прва дама на банкарот“ од популарното квиз-гејм шоу, „Се' или нешто“ е во фокусот на вниманието и популарноста, како на ТВ гледачите, така и на медиумите. Денес изграден бренд, ТВ лице со километража и несомнени квалитети, како ораторски, така и телесно-визуелни, Лила е на самиот врв не само како ТВ водител, туку и како медиумски лик воопшто, а во последно време и како многу моќен инфлуенсер со се поголемиот развиток и значење на социјалните мрежи. Секогаш средена, стокмена, дотерана, со модерен имиџ и аутфит што најдобро и прилега, совршена шминка, фризура кои го  надополнуваат нејзиниот лик, комплетирајќи ја личноста како бренд број еден во своата професија. Иако на дамите не им се бројат ниту годините ниту им се коментира изгледот, сепак за јавните личности понекогаш можат да се напрват исклучоци, колку за да го потврдат правилото. Но прашањето е дали Лила отсекогаш вакава била? Или можеби не? Одговорот го даде самата или поточно самите ќе треба вие да го извлечете од она што всушност самата го сподели на своите профили на социјалните мрежи. Ретро спомен од нејзината младост и почетоците на нејзината кариера, видео со кое таа ги врати своите обожаватели и пријатели во далечната 1995 година, објавувајќи како изгледала и водела на едно од нејзините први појавувања на телевизија, како водител-почетник на тогашната „Зимско - рекреативна програма“ во рамките на редакцијата за „Училишна програма“ и „Секторот за обрзовна програма“ на МТВ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Оваа снимка ја гледам прв пат во животов и искрено не се ни сеќавам многу, но знам дека тоа се дефинитивно моите први водителски обиди во Македонската Телевизија 1995… Бoжеее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“-  напишала  Лила во описот на видеото. А ние приказната ќе ја дополниме со уште неколку фотографии направени отприлика во периодот малку потоа, кога Лила од МТВ ја започнуваше својата ТВ кариера таму каде што е и денес - во ТВ Сител.   Фотографиите се направни на една од тогаш многубројните манифестации и избори како: „12 Величествени на МТВ“, „ТВ Лице на годината на весникот Вечер“, „Глумците пејат“, „Мис на Македонија“, „Актер на годината“ на ревијата „Екран“... Старите добри времиња од 90-ите на минатиот век и „вечната“ водителска ведета, Лила Филиповска, без фотошоп, без филтери, филери, ботокси...  -  некогаш, за разлика од сега. Ако разлика воопшто и има?! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/приватна архива  ]]>

Почина легендарниот македонски ТВ снимател Ѓоко Поповски: Гањо ја спушти камерата https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-makedonski-tv-snimatel-gjoko-popovski-ganjo-ja-spushti-kamerata/ Fri, 21 May 2021 13:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203741

Почина Ѓоко Поповски - Гањо, еден од легендите зад камерата на ТВ Скопје, подоцна Македонска телевизија и ТВ Сител. Познатиот ТВ снимател, доајенот на професијата, снимателот на кого му се поклонува цела снимателска фела и човек почитуван и ценет од целата светска јавност, со голем број на награди и признанија. Ѓорѓи Поповски –Гањо е сведок на неколку војни и природни катастрофи, земјотреси низ светот. Со неговиот  објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини, вклучувајќи ги оние од Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година, чии фотографии ќе го обиколат светот. Погребот на Гањо ќе биде извршен утре (сабота, 22 мај, 2021 година), во 13:30 - 14:00 часот, на градските гробишта во Бутел. Можеби опишувајќи го на најсликовит начин за последен пат од него се прости колегата Сашо Мацаноски - Трендо, кој со него соработуваше во ТВ Сител. Почина нашиот пријател, нашиот Кит Ричардс поради кој се надевавме дека можеби сепак постои некој исклучок од она дозлабога упорно правило дека секоја приказна има свој тхе енд. Ѓоко Поповски, Гањо, легендарен снимател и неповторлив фраер, од оние какви што одамна не се произведуваат. Путец (постариот) викаше дека ако Елвис Присли останеше жив, ќе изгледаше и ќе живееше како Гањо. Стварно и најстварно, без делата на Ѓоко Поповски не може да се реконструира ни дел од видео приказната за Скопје и Македонија, уште кога ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година па наваму. Просто, тоа е така. Веројатно наоколу ќе се најде некоја негова педантна работна биографија, но дури и најдеталната не може да ја долови страста, инстинктот, љубовта и неуморниот порив кои го тераа да биде секаде кајшто ќе намириса нешто вредно да се улови со камера. Тоа беше така и кога со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, а и долго откако се пензионираше ама петлето за снимање уште му играше како на ентузијаст почетник.

Гањо никогаш не се наигра и тоа го држеше помлад од сите кои беа и далеку помлади од него. Кога го снимате Тито на брод и маршалот за момент ја остава пијачката на маса за да запали пура, што би ви паднало на памет? На Гањо му дошло да проба виски баш од таа чаша. Што да не? Ај да речеш еднаш, ама нашиов трзнал и по втор пат, само што тогаш некој од обезбедувањето дискретно му дал до знаење дека ако уште еднаш ја пипне таа чаша, со пливање ќе се враќа назад. Многумина од неговите најдобри пајташи одамна ги нема. Скендер Кули, Бакли, Диме Циго, Гела... сите тие се одјавија за последнo на шпицата на таа неповторлива епоха да се испише името на нивниот Гањо, човекот кој знаеше ведро и бескрајно да се ребри и со нив и со себе. За покоен Скендер знаеше да каже дека е толку стар што како дете го има засадено чинарот во Охрид. За веднаш потоа да додаде: - Јас знам, пошто го имам снимано тоа. Не трпеше фолиранти меѓу репортерите. Таквите знаеше да ги трча наоколу, залажувајќи ги дека ќе уловат „ексклузивна“ изјава, колку да им ја вади душата додека трчајќи му ги носат каблите. А тој имаше кондиција за сè; и за работа, и за семејство, и за седнување со пријатели во Чамо, скопскиот боемски Мечкин камен во кој се случуваа некои од најурнебесните скопски ситуации и муабети. Се засакавме од прва, некаде во 1995 година, во Сител. Од првото снимање на лозја за Свети Трифун (кога еден кутар домаќин, наместо симболично да скрои една лоза, го искрои речиси цело лозје, оти стариов го убедуваше дека нешто фалело на претходната снимка), па заедничко играње козарачко во некоја охридска дискотека, па до снимките кои ми ги носеше (а не беа дневни настани) за да ги спастрам со некој текст и да ги пуштиме на вести. Ако познавам легенда, тогаш тоа беше Гањо. Ѓоко Поповски беше сопруг на неговата сакана Зага, и татко на Јасминка и Влатко за кои најтопло се грижеше. Искрено сочувство до нив и до поширокото семејство, од Скопје до Словенија. На Оги од Чамо (Оги ви е најдобриот кафански плејмејкер во Скопје), Гањо знаеше да му каже: „Стави по една пијачка, АКО поминуваш од овде“. А седеше онаму кај што мораше да се помине. Сега е ред тој да стави по една. Сега барем знаеме дека не АКО, туку дека СИГУРНО ќе поминеме. Ќе фалиш стари. Нема веќе такви младичи ко тебе. твој, Трендо https://www.youtube.com/watch?v=1fqmRMf6d1s&t=48s    ]]>

Се породи водителката на утринската програма на МТВ: Дијана Гогова на свет донесе машко детенце кое доби необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-voditelkata-na-utrinskata-programa-na-mtv-dijana-gogova-na-svet-donese-mashko-detence-koe-dobi-neobichno-ime-foto/ Fri, 05 Feb 2021 07:47:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188347

Неа ја знаеме долги години како телевизиско лице, новинар и ТВ водител во националниот сервис – МТВ. Згодна, убава, привлечна, атрактивна… вистинска дама. Дијана Гогова заедно со колешката Кристина Талеска Големтеова, со години се и ударна двојка и заштитни лица, своевиден трејд марк на утринската програма на Македонската телевизија (МТВ) – „Македонија наутро“. Убавата ТВ водителка која долго беше најпосакувана мома, кон крајот на минатата 2020 година стана сопруга, а деновиве за прв пат и мајка. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-dijana-gogova-beshe-nevesta-foto/ Имено, таа и нејзиниот сопруг Александар деновиве за прв пат се реализираа како родители, а Дијана на свет донесе машко дете, кое доби барем за македонски околности, мошне необично име. И тоа не било кое, туку според лик од најчитаната книга на светот - Библијата, по човекот кого Бог го избра да го спаси опстанокот на светот... Малечкиот убавец го доби името Ноа! Среќната мајка која уште претходно објави фотографија дека е во последните месеци од својата бременост, овој пат среќната вест не ја објави со фотографија од себе или своето новороденче тукку среќната вест ја обзнани на својот Фејсбук профил илустрирајќи ја со фотографија која носи универзална порака: три раце, две на брачни сопружници со бурми на рацете и рачето на приновата како симбол на заедништво и круна на создавањето на едно ново семејство! „Момче, ох, момче е и е совршено... Добредојде Ноа!“ - напиша пресреќната мајка. Разбирливо, на честитките од најблиските, пријателите и колегите им немаше број, се нижеа како нишка од бисери, посакувајќи му добредојде на малечкиот Ноа на овој свет, и честитајќи и го на мајката или на обата родители проширувањето на фамилијата! На местото на Дијана во утринската на МТВ сега е колегата Ване Марковски, која ја менува водителката додека таа е на трудничка пауза. Но, затоа пак во семејството Атанасови, како што сега гласи новото, односно додаденото (кон нејзиното) презиме на водителката, сега чука уште едно ново срценце. Она најмалто, најдрагото, најсаканото, срцето на нивното новородено синче, малиот Ноа. Нека им е жив и здрав, среќен и успешен и цел живот мама Дијана и тато Александар да ги прави горди родители!    ]]>

МРТВ потврди: Европското првенство во 2021 ќе го гледаме на националниот сервис https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-potvrdi-evropskoto-prvenstvo-vo-2021-kje-go-gledame-na-nacionalniot-servis/ Fri, 13 Nov 2020 06:58:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175916

Македонската телевизија ги откупи правата и ќе го пренесува во целост Европското фудбалско првенство закажано за следното лето. Сите натпреварите вклучително и  оние на фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги следиме на МТВ, со коментар на Македонски јазик. ]]>

Водителот Ване Маркски остана без работа ама за кратко доби не една туку две работни позиции (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-vane-markski-ostana-bez-rabota-ama-za-kratko-dobi-ne-edna-tuku-dve-rabotni-pozicii-foto/ Mon, 09 Nov 2020 09:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174992

Оние поискусните кои ја пробале работата пред какери на телевизија, секогаш знаат да кажат дека тоа е една магија која те освојува и едноставно не сакаш да се одлепиш од неа. На ТВ водителот Ване Маркоски тоа му е добро познато, па не чекаше многу време за да си најде нова работа на телевизија откако неодамна „пукнаа тиквата“ со Канал 5 телевизија каде работеше неколку години на утринската програма и емисија за кулинарството.
 
View this post on Instagram
 
@navigare.skopje

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_) on

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vane-markoski-svrte-drug-list-vo-negoviot-zivot-voditelot-si-zamina-od-kanal-5-televizija/ Велат дека секое лошо за дорбо е, а Вене иако пред само неколку дена објави дека останал без работа, сега се пофали дека направил брз трансфер во МТВ во уринската проглама „Македонја наутро“. Денес, понделник му е прв ден на новото работно место пред камерите, но овој ангажман не му е единствениот во националната МРТВ. Имено, Ване викендов почна таму и на Радио 2 како водител, а бидејќи радиото му е исто така позната територија од порано, сега е комплетно изполнет на провесионално поле. Адаптација му треба на секому кога се случува нешто ново, а сигурни сме дека за Ване тоа ќе биде брзо и со нови убави моменти кои ќе траат.]]>