мтв 1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 09:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мтв 1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гледајте „Оскари“ во недела – ексклузивно на МТВ https://arhiva.vistina.com.mk/gledajte-oskari-vo-nedela-ekskluzivno-na-mtv/ Sat, 11 Mar 2023 09:55:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292903

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на Оскарите во недела, 12-ти март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Научно фантастичната авантура  „Се` во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации. На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хајек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгориа. Џими Кимел по трет пат ќе биде водител на Оскаровската церемонија. Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби  во Овејшн Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот. Во недела во 21.30 на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“ посветена на наградите Оскар, а од 22.25 следи филмот добитник на 8 Оскари „Милионер од гетото“. Ноќта на Оскарите ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека.
95-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.
Скратена репризна снимка од 95-те Оскари  ќе се емитува во вторник во 21:15 на МТВ 1.]]>

Промоција на македонската евровизиска песна во „Дневник 1“ на МТВ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-makedonskata-evroviziska-pesna-vo-dnevnik-1-na-mtv/ Thu, 11 Mar 2021 13:39:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193809

Песната „Here I Stand“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува земјава на Евровизија 2021 ќе биде промовирана денес, четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ. Вестите како и секој ден започнуваат од 17 часот и 30 минути, а Васил ќе биде гостин. Од 18 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest. Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна. “И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголем број на заразени од коронавирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза” - велат во официјалното соопштение од Македонската радио телевизиј]]>

Светската ТВ-премиера на „Врба” на Милчо Манчевски на 29 март на МТВ1 https://arhiva.vistina.com.mk/svetskata-tv-premiera-na-vrba-na-milcho-manchevski-na-29-mart-na-mtv1/ Wed, 25 Mar 2020 13:42:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141473

Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба” на Милчо Манчевски ќе биде емитувана на 29 март со почеток од 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба” ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот. Во рамките на циклусот, ден претходно, на 28 март во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина”.  ]]>

„Eye Cue“ ги претставија евровизиската песна и спотот – „Lost аnd Found“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-gi-pretstavija-evroviziskata-pesna-i-spotot-lost-and-found-video/ Mon, 12 Mar 2018 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15787

Поп триото Eye Cue  вчеравечер, недела, 11 март 2018 во централниот Дневник на МТВ 1  ја преставија евровизиската песна со која ќе ја претставуваат годинава Македонија во Лисабон.
Како што е познато, песната се вика Lost And Found, а автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, инаку, гитарист и пејач во групата. Продуцент е Дарко Димитров, кој се погрижил и за аранжманот, а како режисер на видеоспотот се потпишува Јован Куциновски.
Иако пред самиот домашен избор се крена голема прашина, првичните коментари за песната на социјалните мрежи се повеќе од поволни. Многу повеќе преовладуваат позитивните, отколку негативните коментари, а за помалку од 20 часа видеото има над 182.ооо прегледи на Јутјуб.
И покрај скептицизмот која владееше на почетокот од изборот, општа оцена е дека песната е лесно допадлива, модерна, со танцувачки ритам и певлив рефрен... иако можеби е малку необично аранжмански склопена. Или како што велат некои од оние што ја преслушале во своите коментари: „Малку е чудна, но ми се допаѓа“!
Инаку, нашите евровизиски претставници, Бојан и Марија од „Ај кју“ деновиве престојуваа во Лисабон каде што ја снимаа својата евровизиска видеоразгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија, каде истовремено се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
А Вие, ако се' уште не сте ја слушнале и погледнале видеото, еве можност за сопствена премиера на „Lost And Found“ на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>