мртв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Feb 2022 17:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мртв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мери Попова: Не бегам од одговори, знам колку не’ чини Евровизија, но не е мое да кажам (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/meri-popova-ne-begam-od-odgovori-znam-kolku-ne-chini-evrovizija-no-ne-e-moe-da-kazam-video/ Tue, 01 Feb 2022 07:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237065

Речи си и да нема година, а да не се крене прашина кога е домашниот избор за песна на Евровизија во прашањe. Кој ќе не претставува, на кој начин е избран, каква треба да е песната, на кој јазик ќе се пее, какво е видеото, кореографијата, костимите...  Нацијата секогаш загрижена, вкусовите различни, лоби групите многубројни, поделеноста како и во се' друго - неминовна... Од политика, до музика, сосе сите интереси што ги следат обете. Од национални, до лични! Екипата на “Бекстејџ” ја контактираше  првата  дама на македонската евровизиска делегација, од која ги побараа одговорите кои секој од нас го интересираат. Мери Попова пред објективот на естрадниот магазин “Бекстејџ” во видеото во продолжение: ]]>

Годинешниот македонски евровизиски преставник покажа „нула“ национално чувство, свест и патриотизам: Finally… Васил Гарванлиев „from the other side“ – Zero points! https://arhiva.vistina.com.mk/godineshniot-makedonski-evroviziski-prestavnik-pokaza-nula-nacionalno-chuvstvo-svest-i-patriotizam-finally-vasil-garvanliev-from-the-other-side-zero-points/ Mon, 15 Mar 2021 08:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193996

Ние како да сме родени за скандали... Осбено за „тривијални“ настани како што е Евровизија, кои неретко потоа се претвораат во национална  катастрофа. Штом дојде време за Евровизија и Македонија на неа, ете ти ги проблемите. Те местенки во изборот на пејачот, те сомневања во изборот на песната, па како е отпеана, па кореографијата, облеката, сценскиот настап, продукцијата, видеото, лошото лобирање со соседите и останатите учесници... И има ли нешто што еднаш комплетно ќе биде завршена работа, без да има било какви прозивки? Секако, мислењата како и вкусовите се различни, интересите уште поразлични, но едно е сигурно: Критериумите мора да бидат единствени и исти за сите! А овој пат не беше баш така, а еве и зошто. Прво што предизвика револт кај „осакатената“ македонска естрада која една година седи дома и не работи заради коронапандемијата, а со што не и е загрозена само кариерата туку и голата егзистенција, беше изборот на ист пејач лани и годинава да не преставува на Евросонг. Во ред, Васил Гарванлиев беше „обесправен“ лани да настапи заради откажување на „Еврсонг“, па сепак... Не беше само  тој баксуз, па оттаму можеби требаше да им се даде  простор да се изборат за своја шанса и на некои од останатите естрадни уметници, односно да се спроведе поширок домашен избор. Нејсе, кога МРТВ веќе му даде втора шанса, очекувањата беа уште во старт да ја оправда. И музички и вокално и патриотски... Од сетоа тоа уште во старт добивме одлично отпеана, но, „малку чудна песна“ и секако скандал, кој ја разбранува јавноста. Видеото уметничката поставка на Вангели ја претвори во  национален срам со „случајно прераспределените“ бои по обратен редослед во духот на бугарското знаме, што ја допре македонската јавност во најневралгичната точка, македонско - бугарските односи! Една „ненамерна“ грешка во уметничка инсталација стана првата провокација што ја затркала лавината. И додека МРТВ реши ги извади од видеото кадрите што асоцираат на „бугарското знаме“ за да ја испегла работата, а Гарванлиев се обиде да се „извади“ со јавно извинување за ненамерната грешка,   следуваше уште потешка. Втора шанса за прв впечаток никогаш нема или не е барем иста како првата, а кога и втората ќе ја прокоцкаш, врз твоите „случајности“ почнува да паѓа сомнеж дека се работи за намера! И додека бурата се' уште се не беше стишала, јавноста ја заплиска ново цунами од струмичкиот евровизиски скандал вокал. Неговото интервју во кое „ептен ја оплеска“ работата... Имено, на социјалните мрежи осамна парче од едно (веројатно ланско) евровизиско интервју во кое македонскиот преставник на Евросонг 2021, Васил Гарванлиев гордо се пофали дека покрај македонскиот поседува и бугарски пасош, а при тоа и уште дека има и бугарски корени во потеклото по прабаба му... Патем, кажувајќи дека тој сепак живее таму некаде во Струмица, „од другата страна на границата“ не сакајќи дури ниту да и го спомне името на земјата која го праќа на Евросонг. И тоа не еднаш, не два пати, туку три години по ред, зашто покрај годинава и ланското (не) учество, Гарванлиев и пред три години беше еден од придружните вокали на Тамара. И кога сите овие факти ќе се соберат на купче се наметнувааат неколку логични заклучоци, но и недоумици со кои беа бомбардирани зовриените социјални мрежи, медиумите и јавноста викендов? Никако не е во прашање сексуалната определба на пејачот... Тоа лична работа, а впрочем дури и „компаративна предност“ кога е Евросонг во прашање. Грешката со распоредот на боите  поставени како на бугарското знаме на уметничката инсталација во спотот некој сепак требал да ја воочи. Или при снимањето или при монтажата или при прегледувањето и последната супервизија пред да биде пуштен во етерот. Зашто во прашање е јавниот сервис и националниот интерес на земјата. Изјавата во интервјуто на Гарванлиев е повеќе од скандалозна и неприфатлива, зашто е иритрачка и провокативна во најчувствителните и најневралгични точки и отвора сензибилни прашања кои се далеку од доменот и на музиката и на културата и на Евровизија. Тоа што била дадена можеби лани, ништо не значи. Всушност значи само едно: секој има право на свое национално чувство, но нема право да го повредува туѓото, особено не колективната гордост на нацијата и земјата која го праќа да биде нејзин преставник. Впрочем, Македонија на Евросонг ја преставувале и Тоше Проески или Калиопи Букле, кои имаат влашки  корени, Есма Реџепова, која има ромско потекло, Адријан Гаџа кој има албанско потекло... и уште некои други, кои не се „етнички чисти Македонци“ , но покажале дека се многу поголеми Македонци од Гарванлиев, зошто ниту се фалеле со тоа од кој етникум потекнуваат, ниту јавно мавтале со пасошот од туѓа земја. Особено не таму кај што најмногу боли.  Туку покрај вонсериските евровизиски настапи, покажале лојалност, чесност, патриотски дух, чувство за државност и припадност на земјата на која и припаѓаат и ги испраќа да ја преставуваат. На ред е МРТВ да ја преиспита својата одлука дали Гарванлиев да добие „прочка“ или  „шут карта“? Односно, дали  дали одново „ќе ја свиткаме кичмата“ и за ваквите гафови ќе му се „прогледа низ прсти“ или ќе важи  она, „непроштено“, па тој ќе биде суспендиран? Вака, сега ги остави источните соседи да ликуваат, да не провоцираат и да се ситат на нашите (не)промислени „грешки“... Или можеби, ништо не е баш случајно? https://denesen.mk/bugarija-likuva-severniot-vi-uchesnik-na-evrovizija-e-bugarski-gragjanin/ Она: „Од другата страна на границата“, во исказот на Гарванлиев не ни заслужува коментар.  Годинешниот македонски евровизиски преставник покажа „нула“ национално чувство, свест и патриотизам. Или што би рекле при гласањето: And finally... Васил Гарванлиев „from the other side“ - Zero points!        ]]>

Промовирана „Here I stand“, песната на Васил Гарванлиев што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2021“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-here-i-stand-pesnata-na-vasil-garvanliev-shto-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrovizija-2021-video/ Fri, 12 Mar 2021 09:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193893

 Јавниот сервис МРТВ и македонскиот претставник на годинешната „Евровизија 2021“, Васил Гарванлиев, споделија видео од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија. Песната „Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Песната и видеото беа промовирани во четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ во 17 часот и 30 минути, каде Васил беше гостин. Од 18 часот песната со видео запис стана достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest. Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна.
Погледнете и слушнете како звучи и изгледа македонскиот претставник на Евровизија 2021. https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y&t=201s    
]]>

Познатиот музичар и диригент Љупчо Мирковски со отворено писмо до Заев: „Ако не реагирате, музичката историја на оваа земја ќе згасне!“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-muzichar-i-dirigent-ljupcho-mirkovski-so-otvoreno-pismo-do-zaev-ako-ne-reagirate-muzichkata-istorija-na-ovaa-zemja-kje-zgasne/ Tue, 23 Feb 2021 08:49:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190914

Познатиот музичар, автор и диригент Љупчо Мирковски, кој е  и поранешен директор на Музичката продукција на МРТ и шеф и диригент на Танцовиот оркестар на МРТ , во  отворено писмо му се обрати на премиерот на република Македонија  Зоран Заев, барајќи средба со него. Во статусот на Фејсбук, Мирковски побара да се превземат итни чекори за она што останало како музичка историја која е несомнено дел од македонскиот идентитет, но и она што е иднина, сосема да не згасне. А почетоците на гаснењето се случија уште во 2002 година кога на парламентарните избори одржани на 15-ти септември, победа извојува опозициската коалиција „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски, по што по четиригодишна пауза на власт се врати Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поставувајќи ја тогаш за генерален директор на МРТВ, Гордана Стошиќ. Токму новата директорска гарнитура предводена од Гордана Стошиќ, Горица Попова, Иван С. Мирчевски...  грубо и бескруполозно ќе ја пресече „папочната врвца“ на она што е македонско музичко  културно наследство, создавано со години токму во студијата на МРТ и оставено во изданијата на тогашната Музичко-касетна продукција на МРТ. Со необјасниви и небулозни одлуки кои се граничат со „самоубиство“ на сопственото културно и национално битисување, беше направена таканаречена реорганизација, која всушност беше своевиден „колеж“ во третиот сектор - Музичките оркестри и хорови, музичката продукција во студијата и издавачката дејност, сите сплотени во Музичко-касетната продукција на МРТ, како трет столб на националниот сервис заедно со другите два: телевизијата и радиото на МРТВ. Под изговор дека „не се способни да прават пари“,  што всушност не беше ниту нивна цел ниту нивна намена, туку беа формирани да создаваат вредности и да ги реобновуваат, одржуваат и зачуваат старите, раководството куќата реши повеќе да „не ги храни“, па преку ноќ со години тешко создаваните оркестри беа брутално распуштени, а музичарите буквално растерани. https://www.youtube.com/watch?v=6bGPYBJoHpE Така, Танцовиот оркестар (Биг Бендот), Народниот оркестар, Оркестарот на народни инструменти,  Чалгиите како и Хорот на МРТ, детскиот хор и Камерниот оркестар на МРТ, заедно со издавачката дејност на производство, дистрибуција и продажба на аудио и видео носачи на звук и слика беа преку ноќ едноставно укинати, издаваштвото запрено,  со што дојде и до целосен застој во работата на музичките продуценти во празните студија чија музичка опрема подоцна технолошки ќе застаре и изгуби секаква вредност. Егзодусот и катастрофата што тогаш споменатата раководна гарнитура ја предизвика, направи непоправлива и трајна штета, по која Музичката продукција на МРТ, нејзините оркестри и издаваштво, повеќе никогаш не заживејаа. Со тоа беше откинат, насила  и (бе)смислено откорнат музичкиот дел од македонскиот идентитет, збришан и оставен да го изеде времето на заборавот. Секако со повремени обиди и блесоци да се врати старата состојба, старата слава на оркестрите, студијата и Продукцијата кои се огледаа во повремените фестивалски собирања, но вистинска рехабилитација и ревитализација, вандалски уништената Музичка продукција на МРТ никогаш не ја доживеа, а тој важен сектор, тој трет столб на националниот сервис никогаш одново вистински не заживеа. Веројатно во немоќ нешто да се стори одвнатре Љупчо Мирковски, кој целиот свој работен век и кариера и ги посвети на музиката, а ги мина токму во Музичката продукција на МРТ, отворено го повикам Зоран Заев да ја „поправи грешката“ која токму неговите претходници ја направија, а сегниште соработници ветија дека ќе санираат, за ионака огромната штета да не се претвори во трајна неповратна катасрофа. „Музичката Продукција на МРТ одамна згасна заедно со Биг Бендот , Народниот оркестар , Оркестарот на народни инструменти и Оркестарот Чалгии како и Хорот , детскиот хор и Камерниот оркестар и целосен застој во работата на музичките продуценти во празните студија без музичка опрема. Мене лично тоа многу ме боли со оглед на тоа што сум дел од Музичката Продукција од 1978 година. И никогаш не сум бил вработен на друго место како вљубеник во својата работа и целосно музичко производство што е и основна дејност на Музичката Продукција. Се обидувам веќе 15 години да ја обновам , но не ми успева. Не заради себе, јас имам усте една година до пензионирање , туку за државата и за младите генерации, извонредни музичари инструменталисти , композитори , аранжери кои се спремни да се вработат во МРТ , во Музичката Продукција да ја продолжат работата на Драган Ѓаконовски Шпато, на Кире Костов, Илија Пејовски, Александар Џамбазов , Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Љупчо Константинов, Славе Димитров , Благој Чешларов , Благоја Дескоски, и уште многу други великани на македонската музичка историја. Јас се' уште верувам дека премиерот, Владата и Раководството на МРТ ќе имаат доблест да го прочитаат ова отворено писмо и дека позитивно ќе реагираат. Затоа решив да му напишам јавно на Г-нот Зоран Заев и да го замолам за средба во врска со обновувањето на музичката продукција на МРТ. Однапред се извинувам за должината на мојот напис . Почитуван Г-не Заев, како член на работната група која беше формирана на Ваша и иницијатива на Владата за обновување на Музичката Продукција и оркестрите на МРТ, би сакал да Ве известам за тоа дека ја завршивме целата постапка уште во 2018 година, во траење од 6 месечна работа и со целосен елаборат за тоа како треба да изгледа Музичката Продукција и колку тоа би чинело. Од за нас неразбирливи причини, целата постапка заврши со последната седница во јуни во 2018 година без ниедно известување и без ни една постапка за реализација на планот. Вие тогаш ме упативте кај  Роберт Поповски кој не покажа никаков интерес за обнова на оркестрите на МРТ. На 14 Октомври 2020 бев на состанок со заменикот Министер за информатичко општество и администрација во чиј ресор е и МРТ, но и тој до ден денешен нема никаква реакција. Во меѓувреме , на 133 седница на Програмскиот Совет на МРТ се инсистира на итно вработување во МРТ во неколку сектори , но нигде не се спомнува Музичка продукција и оркестрите на МРТ. Верувам дека не е потребно да пишувам за тоа од каков интерес за нашата држава се оркестрите, кои за жал, оддамна не постојат, како и целата Музичка Продукција која ФИКТИВНО стои во Систематизацијата на МРТ , но ФАКТИЧКИ не постои. Ве молам за еден состанок на кој би сакал да Ви го изнесам проблемот и да ви ги предочам сите работи околу Музичката продукција на МРТ. Со почит, Љупчо Мирковски, композитор, аранжер и поранешен Директор на Музичката Продукција на МРТ“, стои во објавата на Мирковски кој е и автор и аранжер.   Фото: Фејсбук/Љупчо Мирковски]]>

Македонскиот избор за Евровизија 2021 пред скандал: МРТ одново со Гарванлиев и рок од само 7 дена за евровизиска песна, пејачите и авторите пред бунт! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-izbor-za-evrovizija-2021-pred-skandal-mrt-odovo-so-garvanliev-i-rok-od-samo-7-dena-za-evroviziska-pesna-pejachite-i-avtorite-pred-bunt/ Thu, 21 Jan 2021 09:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186012

„Според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев. Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу. За Евровизија 2021,  се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година. Македонската Радио Телевизија пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 27-ти јануари 2021 година“. Ова е отприлика содржината на соопштението кое јавниот сервис официјално го објави на 20 јануари 2021 година и предизвика бура во јавноста. Особено во онаа, естрадната, во која пејачите од македонската музичка сцена останаа стаписани, а авторите во неверување дали е ова можно: Да им се даде сами една недела, само 7 (седум) дена за да подготват песна, да ја средат, снимат и испратат на објавениот конкурс! Со сиот респект кон Васил Гарванлиев и неговите уметничко-вокални квалитети, кој за жал лани немаше можност да настапи и да ги покаже заради коронапандемијата, општо мислење меѓу естрадната фела е дека годинава сепак требаше да има „поинаков избор“... И на пејач и на песна. Корона кризата ги погоди сите естрадни уметници, повеќето дури и многу повеќе од самиот Гарванлиев, кој остана покус само за евровизискиот настап, а патем речиси никаде и не настапува, ако не се  смета ланскиот „државно субвенциониран концерт“ во Домот на културата во Струмица, додека  останатите останаа скоро една година „без леб“. Без можност за настапи, тезги, концерти, свадби, веселби...  И ако не многу повеќе, тогаш се барем еднакво оштетени како и несудениот евровизиски пејач од Струмица. Но, Струмица е чудесно место... Таму ликовите како во матрица се повторуваат на најважните места во државата, на кои се доаѓа онака како што се доаѓа. Формално-правно легално, а зад плаштот на регуларното, скриено ѕирка сомнителното! Оттаму виси прашањето: Зошто повторно Гарванлиев и тоа без преседан, без можност за натпревар со останатиите колеги - изведувачи од естрадата? Тој повластен и награден, тие обесправени и лимитирани, со прстот во уста? Не дека формално-правно МРТВ нема право на своја одлука, но правото на преседан има и своја етичка и морална страна,  ама и обврска и тоа не само кон естрадата, туку најмногу и кон своите гледачи, во исто време и даночни обврзници на оваа земја, од чии пари меѓудругото се финансира и МРТ и самата Евровизија! Потценувањето на нивната интилигенција ја отвора дилемата: Дали одново до убаво спакувано непрепознавање е доведена суштината на измамата? Од друга страна, авторите останаа стаписани од кусиот рок кој им е даден, зашто само 7 дена да се измисли, креира, отсвири, сними, аранжира, продуцира и испрати песна се не малку, туку ништо! Едноставно „невозможна мисија“, која во „5 до 12“ дури и да имате веќе готова песна  е тешко остварлива и изводлива. Оттаму реакциите и нивниот револт и повик за бојкот на годинешниов избор за Евровизија. Некои од авторите, ценети, познати и признати музичари, дури и повикуваат на барање правна помош и судска разврска, за според нив, спречување на злоупотреба на службена должност. Сомничави се и некои од естрадните новинари кои веројатно поучени од минатото искуство, тврдат дека однапред веќе се' се знае и се'  е договорено, а конкурсот за евровизиска песна е само „мачкање очи“,  чиста формалност за да е запазат пропозициите. Сето ова остава простор за сомнежи, дилеми, недоумици, претпоставки, кулоарски муабети, чаршиски трачеви, медиумски шпекулации... Со еден збор, простор за креирање на нова афера наречена македонски избор на пејач и песна за Евровизија. Дали потегот на МРТВ ќе покрене лавина на нови незадоволства од која ќе произлезе поголем скандал, или се' ќе заврши на онаа народната: „Кучињата си лаат, карванот си врви“, ќе видиме наскоро. Седум дена се кус рок, бргу ќе минат, па да почекаме да видиме дали оваа одлука ќе биде „нагазна мина“ и за кого? Фото: Мартин Трајановски/ Фејсбук принтскрин      ]]>

МРТВ потврди: Европското првенство во 2021 ќе го гледаме на националниот сервис https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-potvrdi-evropskoto-prvenstvo-vo-2021-kje-go-gledame-na-nacionalniot-servis/ Fri, 13 Nov 2020 06:58:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175916

Македонската телевизија ги откупи правата и ќе го пренесува во целост Европското фудбалско првенство закажано за следното лето. Сите натпреварите вклучително и  оние на фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги следиме на МТВ, со коментар на Македонски јазик. ]]>

Промовирана евровизиската песна на Васил Гарванлиев – „You“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-evroviziskata-pesna-na-vasil-garvanliev-you-video/ Mon, 09 Mar 2020 13:29:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138399

Официјалната промоција на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, за македонската јавност  се случи вчеравечер, на празникот 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ точно во 20:00 часот, по што песната со видеоспот се објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал( https://www.youtube.com/user/eurovision ) . Македонскиот евровизиски тим истиот ден, претходно имаше средба со музичките новинари во 14:оо часот, во кафе барот Churchill, локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната. На оваа  затворена промоција беше преслушана евровизиската песна, а Васил одговараше на прашањата на претставниците на медиумите. Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Песната е со модерен ритам и призвук во кој се измешани македонскиот со латиноамериканскиот фолклор. Поточно на моменти вешто се испреплетуваат призвукот на аргентинското танго и семплот од нашата тардиционална изворна песна „Три невесте тикве брале“, што на песната не само што и дава етно-ворлд призвук, туку и латентно, но доволно убедливо асоцира  на земјата од каде што доаѓа пејачот и песната, односно земјата која тој ја претставува. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Вака звучи изгледа видеото за „You“: ]]>

МРТВ го избра годинава да не претставува на Евровизија, а тој во своето прво обраќање не спомна ни „М“ од Македонија: „Знаеш ли за кого ќе пееш Василе“? https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-go-izbra-godinava-da-ne-pretstavuva-na-evrovizija-a-toj-vo-svoeto-prvo-obrakjanje-ne-spomna-ni-m-od-makedonija-znaesh-li-za-kogo-kje-peesh-vasile/ Thu, 16 Jan 2020 08:42:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129227

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор за песна на Евровизија во Ротердам - Холандија. За изборот на Гарванлиев одлучи МРТ зад затворени врати, што стана пракса на јавниот сервис изминативе две години години. Песната, со која ќе настапи струмичанецот, како ни нејзиниот композитор или авторски тим не се избрани. За тоа допрва ќе се одлучува. Веста беше обзнанета (дали случајно?) на  празникот „Василица“ - именденот на пејачот! Како што добро упатените тврдат дека не случајно што и лани како придружен вокал на Тамара, така и годинава како главен изведувач, Гарванлиев е избран да не претставува на Евросонг. Заслуга на струмичкото лоби, политичката припадност или блискост со власта или некое „друго лоби“ -  нема да навлегуваме, како што не навлегуваме ниту во вокално - сценските квалитети на пејачот, кои несомнено ги поседува! Сепак, при изборот индикативни се две нешта: Зошто и дали мораше токму тој, од морето многу попознати и поискусни македонски естрадни ѕвезди, зашто Гарванлиев и по популарноста и по музичките остварувања во однос на многумина од нив е речиси анонимец. Конечно, ако баш мораше да биде некој од ланските „бек вокали“ и Антонија Гиговска и Александра Јанева кај нас се многу попознати и попопуларни од него! Ако  пак некој „петти кец“ е во игра, тоа е веќе нешто друго! Нејсе, по објавувањето на веста дека тој е нашиот годинешен евровизиски претставник, Васил се огласи на социјалните мрежи, со своето прво обраќање во јавноста, а во него втората индикација. Со многу возбуда, дузина  убави зборови и грст благодарници што е избран, струмичанецот ги спомна сите: Од МРТВ, преку соработниците до семејството, ама Васил Гарванлиев  во своето обраќање до јавноста, не спомена само едно нешто: „Ниту „М“ од Македонија! Во типично „северџански“ манир, карактеристичен за излагањата на власта и нејзините поданици, во содржината на текстот, во неговите зборови никаде го нема името на земјата која го праќа да ја претставува. Гарванлиев, името Македонија го замени со зборовите „нашата земја“ или „мојата таковина“, без да и го изусти името. „Па добро бре Василе, знаеш ли за кого ќе пееш?“ Еве го неговото обараќање во целост: „Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест. Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам НАШАТА ЗЕМЈА на најголемиот музички фестивал - Евросонг во Ротердам. Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.
Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш! Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ! Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за МОЈАТА ТАТКОВИНА, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам“ - напишал Гарванлиев на Фејсбук.