мрт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Mar 2023 07:36:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мрт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Љупчо Јакимоски – поранешен пратеник, новинар, директор на МИА и МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-lupcho-jakimoski-poraneshen-pratenik-novinar-direktor-na-mia-i-mrt/ Tue, 07 Mar 2023 07:36:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291995

Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година. Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017. Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во среда, 8 март, во неговото родно Велестово.]]>

Фудбал: Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со пренос на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/fudbal-natprevarite-na-makedonija-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/ Thu, 22 Sep 2022 13:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268299

Настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации на УЕФА во оваа и следната година ќе ги гледаме на МРТ. Потврда за ова стигна и од уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски кој на социјалните мрежи објави кога ќе започнат преносите. Во завршните две кола од Групата 4 во лигата Ц, Македонија гостува кај Грузија, а потоа ја дочекува Бугарија. Гостувањето на Македонија кај Грузија е закажано за утре од 18 часот, а Бугарите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонските рисови ќе ги пречекаат во понеделник. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот. Билетите за натпреварот Македонија-Бугарија се пуштени во продажба од понеделникот која се одвиваисклучиво преку продажната мрежа на MKTickets. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има. МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември) Цени на билети: Северна Трибина Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари Блок 21 и 23 250 денари Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари Блок 3 и 4 350 денари Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.]]>

Јавниот сервис со осуда за скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка: МРТ ја повлекува Андреа од Евровизија? https://arhiva.vistina.com.mk/javniot-servis-so-osuda-za-skandaloznoto-odnesuvanje-na-nashata-evroviziska-pretstavnichka-mrt-ja-povlekuva-andrea-od-evrovizija/ Mon, 09 May 2022 06:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249217

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон... Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ. Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.]]>

Промовиран видеоспотот за нашата евровизиска песна: Андреа ги визуелизираше своите – „Circles“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-videospotot-za-nashata-evroviziska-pesna-andrea-go-vizuelizrashe-circles-video/ Fri, 11 Mar 2022 08:37:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242748

Видеозаписот за македонската евровизиска песна „Circles“ во изведба на Андреа е објавен на официјалниот јутуб канал на Евровизија. Спотот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, изработен под режисерската палка на Горан Цветковиќ, кој исто така ја потпишува и монтажата. Зад камерата бил Сашо Доковски, додека пак светлото го работел Сашко Стојановски. Следејќи ја Андреа како урбан лик, спотот е сниман на повеќе впечатливи и препознатливи локации во Скопје, за што Андреа и МРТ упатуват благодарност до Македонска пошта, Македонски железници и Студентскиот дом Гоце Делчев. Во видеото доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик, држејќи се до својот автентичен стил, кој за потребите на снимањето на спотот го усовршила Цаци Паковска. За шминката била ангажирана Александра Азманова, додека пак за физурата Даниел Николовски. „Јас сум искрено презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни, за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“ - изјави Андреа. Таа дополни дека тимската работа и взаемната позитивна енергија е она што го однело спотот на едно ново ниво. „Морам да го пофалам тимот на МРТ кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и проектот“ - заокружи талентираната млада пејачка. ]]>

Андреа со песната „Circles“ ќе ја преставува Македонија на Евровизија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-so-pesnata-circles-kje-ja-prestavuva-makedonija-na-evrovizija-video/ Sat, 05 Feb 2022 08:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237797

На МРТ 1 вчеравечер, 04 февруари 2022 година во емисијата  „Стисни Плеј“ беше избран македонскиот евровизиски претставник, а победата ја однесе Андреа со песната „Circles“. Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови на специјалнокреираната платформа за гласање. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музички имиња, кои претходно беа избрани како финалисти на конкурсот кој го распиша МРТ. „Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ - напиша Андреа на социјалните мрежи. Изборот се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири. Тркатаза  прво место беше до крај незивесна и изедначена помеѓу Андреа и Виктор Апостоловски и неговата „Супермен“, но според правилата на гласањето, Андреа е претставникот на Евровизија бидејќи доби повеќе гласови од стручното жири. Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот - Александар Масевски и Андреа Коевска. ]]>

„Лига на шампиони“ на МРТ: Вие одлучете кој натпревар да го емитува јавниот сервис, Ливерпул-Милан или Интер-Реал Мадрид? https://arhiva.vistina.com.mk/liga-na-shampioni-na-mrt-vie-odluchete-koj-natprevar-da-go-emituvajavniot-servis-liverpul-milan-ili-inter-real-madrid/ Fri, 03 Sep 2021 12:30:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217928

Македонската радио телевизија преку јавна анкета објавена во МРТ групата на Фејсбук, ги прашува гледачите кој натпревар од 1. коло од европската фудабалска елита да го емитува. Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид. Во договор со ArenaSport нашата МРТ ќе има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар. Но, 1. коло носи голема дилема: кој натпревар да оди низ директен пренос? Гласајте на страницата на МРТ на Фејсбук ]]>

Симон Трпчески со одбрана екипа снима албум во студиото „М1“ на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-so-odbrana-ekipa-snima-album-vo-studioto-m1-na-mrt/ Tue, 06 Apr 2021 12:19:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197842

Македонскиот пијанист со светски глас Симон Трпчески со одбрана екипа колеги во легендарното студио М1 на Македонската радио телевизија ги снима материјалите за новиот компакт диск, соопшти  КултурОп.
Чест ми е што можеме на некој начин да го оживееме ова фантастично студио што Македонската радио телевизија и Македонија воопшто го поседува. Тука во моментов снимаме материјал за нов албум со дела од современата класична литература за камерна музика: „Квинтет“ на Панде Шахов, специјално адаптиран за нас, како и делото „Дивертименто за секстет“ од францускиот композитор Гијом Конесон, во аранжман на нашиот перкусионист Влатко Нушев. Со мене се дел од колегите од проектот „Македонисимо“: освен Нушев, Хидан Мамудов и Александар Сомов, како и уште двајца фантастични колеги: нашиот врвен виолинист Ѓорѓи Димчевски и одличниот виолист Сорин Спасинович од Романија. Се надеваме дека ова ЦД многу скоро ќе излезе под престижната етикета на британскиот „Лин Рекордс“. Драго ми е што овој проект во време на пандемија се остварува со еден поголем тим во кој се и „КултурОп“ и Македонската радио телевизија, изјави за МРТ Трпчески.
Изминатиот период Трпчески во Берлин сними материјал за уште еден нов албум со солистичка пијанистичка литература од германски автори што исто така ќе го издаде „Лин Рекордс“. Концертната рестрикција предизвикана од пандемијата остави печат и на неговиот распоред, па минатиот месец се одржаа само концертите во Букурешт. Веќе в петок (9 април) Трпчески во Катовице ќе настапи со Оркестарот на полското национално радио. Во план се и настапите со Оркестарот на Минесота во САД и концерт со Националниот оркестар на Франција во Париз на крајот од април. Наредниот месец најавени се рецитал во рамките на Интернационалните пијано серии во Лондон, како и концерт со Софиската филхармонија, соопшти „КултурОп“.]]>

МРТ одлучи: Гарванлиев ќе оди на Евровизија, се работело за перцепција https://arhiva.vistina.com.mk/mrt-odluchi-garvanliev-kje-odi-na-evrovizija-se-rabotelo-za-percepcija/ Fri, 26 Mar 2021 09:03:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196105

Македонскиот јавен сервис МРТ одлучи да не го повлече пејачот Васил Гарванлиев од годинашниот настап на Евросонг 2021, и покрај острите критики во јавноста и петицијата за повлекување на неговиот настап. Комисијата за утврдување одговорност на 19-ти март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ. „Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ објаснуваат од МРТ. Гарванлиев објасни дека поседува и бугарско државјанство и дека неговата баба е по потекло од околината на градот Петрич. Околу настпот на Гарванлиев имаше големи разногласија во македонската јавност, дури во прашање се доведе и неговото учество, поради тоа што многумина бараа да не ја претсавува Македонија на ова европско натпреварување. Перцепција или не, Васил Гарванлиев сепак ќе ја ореставува Македонија  на Евросонг 2021... А за тоа како беше избран и после сите скандали заслужи ли МРТ да не го повлече да биде наш преставник благодарение на струмичката врска и блискоста на Гарванлиев со семејството Заеви? Просудете самите. Се' е работа на нечија „перцепција“... Често, за жал, изнудена или погрешна!]]>

Новогодишна програма на МРТ: Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Ѓоко Танески, Дарио… во ,,Преспав”, и нови филмови од 2018 и 2019 година https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishna-programa-na-mrt-suzana-spasovska-vlatko-stefanovski-gjoko-taneski-dario-vo-prespav-i-novi-filmovi-od-2018-i-2019-godina/ Thu, 31 Dec 2020 10:12:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183261

За дочекот на новогодишната ноќ, кога се актуелни препораките да се слави дома, извесно е дека најголемиот дел од граѓаните ќе ја поминат ноќта пред вклучен телевизор. Од националниот сервис МРТ откриваат дека за гледачите е подготвено празнично издание на хумористичната серија ,,Преспав” кое ќе се емитува на 31-ви декември. Останете дома за Нова година и празнувајте одговорно со ,,Преспав” на МРТ, порачаа од продукцијата, чија новогодишна епизода која ќе се емитува од 21 часот, па се до полноќ. Најавија музички гости, помеѓу кои Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Ѓоко Танески, Дарио… -И оваа година ,,Преспав” подготвува тричасовна Новогодишна програма со многу песни проткаени во самите дејствија, налик мјузикл, што ќе се емитува на 31.12.2020 со почеток во 21:00 часот на МРТ1. Во новогодишната епизода, пансионот се соочува со истите предизвици како и угостителскиот сектор во моментов, поради пандемијата, но сепак не се откажува од прославата и позитивниот дух. ,,Преспавци” како вистинска фамилија, самите ќе си приредат забава со многу песни и танцување, а ќе им се придружат и ѕвезди од македонската естрада, но преку лајф стриминг. Дел од музичките гости во новогодишното издание ќе бидат Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески, Сузана Спасовска. – најавуваат од продукцијата. Од МРТ појаснуваат дека и редовните емисии се снимени во новогодишно издание. За децата следи новогодишно издание на 5+ фамилија, Дајте музика, а исто така програмата ќе била збогатена со популарни филмски наслови продуцирани во 2018 и 2019 година.]]>

Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа живееме… Ѕвездите од македонската музичка естрада ја преработија -„Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-edna-nadez-za-troshka-ljubov-za-malku-srekja-ziveeme-dzvezdite-od-makedonskata-muzichka-estrada-ja-prerabotija-chukni-vo-drvo-video/ Sun, 26 Apr 2020 12:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146600

Дека некои песни се безвременски и својот пат, своето место и значење го покажуваат тогаш кога е најпотребно, та било тоа години подоцна, најдобар доказ е „Чукни во дрво“ на легендарниот ВлатКо Стефановски, односно најголемата македонска група на сите времиња, „Леб и сол“. Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски музички артисти, меѓу кои и самиот  Влатко Стефановски со неговото трио, Калиопи Букле, Тамара Тодевска, оперската дива Весна Гиновска - Илкова, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Милошевска - Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“. Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и синот на Влатко - Јан Стефановски на тапани. Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно - здравје, среќа и љубов! Или како што се вели во безвременските стихови на песната: „ Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме...“! https://www.youtube.com/watch?v=LeKUgUahW8A]]>