мрт 5 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Apr 2020 13:34:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мрт 5 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стартуваше МРТ 5 – новиот специјализиран канал за детска програма https://arhiva.vistina.com.mk/startuvashe-mrt-5-noviot-specijaliziran-kanal-za-detska-programa/ Thu, 09 Apr 2020 13:33:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144232

Ве известуваме дека новиот специјализиран канал за детска програма МРТ 5  започна со емитување програма. Македонската Радио Телевизија, според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е должна да создава и емитува програми од јавен интерес наменети за широката популација.
Претендирајќи да биде модерен јавен сервис кој има значајно место на медиумската сцена, а со цел реализација на препораките од Владата на Република Северна Македонија, ЈРП Македонската Радио Телевизија почнува со емитување на Детскиот канал на МРТ – МРТ 5, нов ТВ програмски сервис од јавен интерес. Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика. Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ. Овој нов предизвик за МРТ, всушност претставува континуитет на улогата и влијанието што го има Образовната програма на МТВ во формирањето на личноста на децата и младите луѓе и во градењето на нивниот критериум за вистинските вредности. Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал - МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал - МРТ 5, откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите. Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал - МРТ 5. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да го следат новиот Детски канал - МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите
]]>