мрдни со прст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Apr 2018 09:31:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мрдни со прст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој сточар, кој со ѓаволчето на рамо – приказните на Бранко Огњановски, Лупевска и Жан Митрев (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-stochar-koj-so-gjavolcheto-na-ramo-prikaznite-na-branko-ognjanovski-lupevska-i-zan-mitrev-video/ Thu, 05 Apr 2018 09:31:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19528

На 03 април, во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain.
Жан Митрев ги сподели техниките за мотивација кои ги користел и сеуште ги користи, и им зададе задача на присутните млади со која можат да започнат да го “тренираат” својот мозок, Лупевска им пренесе на младите колку е битно да работиш со пасија и адреналин – бидејќи тоа те тера напред во својата професија и живот, додека Бранко Огњановски на крај им порача на младите да научат да креираат и создаваат самите, наместо да чекаат вработување во државна администрација. Нивните целосни говори и животни приказни може да ги проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=ppZiELnThBA
Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја. Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа. Наредниот настан ќе се одржи во Прилеп на 17ти април на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климет Охридски”, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.]]>

„Хуманитарна“ политика: Дани во нов дизајн од стара облека… од „Шарената револуција“! https://arhiva.vistina.com.mk/humanitarna-politika-dani-vo-nov-dizajn-od-stara-obleka-od-sharenata-revolucija/ Thu, 01 Feb 2018 08:13:28 +0000 http://vistina.mk/?p=11405

„Мрдни со прст“ ја покренаа својата нова хуманитарна акција „Сите стоплени во зима“, во чии рамки се одржа завршната вечер - големата хуманитарна модна ревија во МКЦ - Скопје. На неа 15 македонски модни дизајнери ги претставија своите модни креации направени од стара облека.
Во улога намодели и манекен(к)и пак, се појавија личностите од јавниот живот во македонија кои доброволно го прифатија предизвикот. Идејата - повеќе од добра: старата износена зимска облека која повеќе не ја носиме да им се најде на луѓето од ранливите категории на кои таа им е најпотребна! „Акција за нов живот“ - како што самите ја нарекоа организаторите.
За нов живот, како што замислуваа организаторите или за нова политичка кампања, која некој се обиде да ја протне или во најмала рака да не потсети на своето не така далечно, (не) славно „шарено минато“? Имено, меѓу сите „ѕвезди од модели“ кои ги претставуваа креациите се најде и македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска.  Креацијата ќе ја оценуваат модните критичари, ама она што на прва паѓа в очи на неа, дека наместо хуманитарната порака што треба да ја носи, таа како да ја носи онаа другата... политичката! Моделот кој го носеше пејачката веројатно ќе стопли некого во зима, ама очигледно некој со дизајнот, случајно или намерно се обидел да ги „стопли и срцата“ на своите политички истомисленици,  подметнувајќи политика и политички симболи и асоцијации на една одреден општествена групација и сето тоа под плаштот на хуманоста и модата.
Зашто од креацијата во која беше променета рокерката, ако е веќе стара облека во прашање,  јасно се гледа дека некој истата ја носел за време на големите протести од времето на политичката криза, односно сквернавењето и уништувањето на институциите и културните добра за време на таканаречената „Шарена револуција“!  Или дизајнерот можеби самиот отпосле ја исшарал? Па дури и да не е сето тоа така, посочениот модел несомнено многу наликува и асоцира на тоа, па акцијата наместо хуманитарен, добива политички колорит!
Можеби ова некому му годи и му оди во полза, па задоволно ги трие рацете, ама колку за потсетување... Со „шарените“ и нивното „шарено дивеење“ не се согласуваше повеќе од половина држава, а предизвиканата штета се брои во стотици илјади евра!
Затоа и е неумесно,  уште помалку етички и морално, а најмалку хумано,  воопшто политиката и нејзините симболи да се мешаат во хуманитарни цели. Особено ако само некому му одат во прилог, а останатите ги навредуваат! Ама очигледно, тешко ни оди... Затоа  веќе следниот пат, пред да мрднеш со прст, прво стави го прстот на чело и добро размисли: Што тоа правиш и кому му служиш?!    ]]>