мрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 06:56:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мрази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сѐ поради сиромаштијата: Зорица Брунцлик призна дека ја мразела сопствената мајка https://arhiva.vistina.com.mk/s-poradi-siromashtijata-zoritsa-bruntslik-prizna-deka-ja-mrazela-sopstvenata-majka/ Thu, 20 Jul 2023 06:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310859

Пејачката Зорица Брунцлик пораснала во беда и сиромаштија, а и денес се сеќава на ситуации од детството кои ја расплакуваат. „Живеевме во најголема беда бидејќи мајка ми имаше мизерна плата. Нема ништо што би сакала да се сеќавам од тој период, што не значи дека се срамам од тоа. Бев најстарата и единствената жена во семејството. Бидејќи моите родители се разделија многу рано, мајка ми живееше во Смедерево, татко ми во Белград, а јас пораснав опкружена со сиромаштија, но и со богатство. Татко ми ме земаше и ме оставаше неколку месеци кај неговото пребогато семејство, само за  инает на мајка ми. Кај него живеев како бубрег во сало, носев најубава облека, ја јадев најубавата храна... По одредено време мајка ми доаѓаше да ме земе да ме врати дома, а јас тогаш најмногу ја мразев, бидејќи ме враќаше во сиромаштија“, изјави во една прилика за медиумите Зорица, која е една од пејачките со најмногу дуети зад себе. Како што истакнала, тогаш сакала мајка ѝ да ја остави кај татко и за да ужива во изобилството, а со солзи во очите се присетила кога мајка ѝ дошла да ја земе со најевтиното грозје, а Зорица, која јадела големи гроздови кај татко и, го фрлила понуденото овошје. „Не ми беше јасно зошто и требав кога имаше повеќе деца. Дури подоцна сфатив дека татко ми со тоа што ме донесе кај себе сака само да и наштети на мајка ми. Со свои очи можев да видам колку напорно се трудеше во цигланата, бидејќи и донесов појадок, кој се состоеше само од леб и шише вода. Бидејќи долго време немаше деца во семејството на татко ми, неговите родители, кои беа многу млади и инсистираа да не ги нарекувам баба и дедо, сакаа да ме посвојат, но мајка ми не им дозволи. Подоцна мајка ми се омажи по втор пат, само за да  не може  татко ми да дојде кога сака“, вели Зорица, која денес живее во богатство. Фото: Принтскрин/Промо/Дамир Дервишагиќ]]>