мраз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 11:02:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мраз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хрватките паѓаа по нејзиниот настап: Публиката на Александра Пријовиќ доживеа голема неволја (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatkite-pagaa-po-nejziniot-nastap-publikata-na-aleksandra-prijovik-dozhivea-golema-nevolja-video/ Tue, 05 Dec 2023 11:02:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329949

Младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ, последниве денови, поточно од 1 декември, четири вечери по ред ја „полудуваше“ публиката во најголемата Арена во Загреб. Имено, сега  Хрватки и Хрвати буквално беа на земја  по еден од концертите на Прија, а тоа го поткрепува и едно видео кое се поојави на социјалните мрежи. Како што во претходните денови пристигнуваше вистинска зима во Загреб, вечерта температурата се спушти под нулата, а за публиката на Прија тоа значеше само едно - неволја. И откако добро се забавуваа во Арената, Хрватките и Хрватите паднаа како покосени пред неа бидејќи се формираше мраз, а целото видео од урнебесните падови е придружено со симболичните реплики на хит песната на Прија „Слизгав под“. . На видеото можете да видите како претежно девојките на високи потпетици се повредуваат, односно паѓаат поради мразот.
@annadervisevic⚠️⚠️⚠️♬ Klizav Pod - Aleksandra Prijovic
Фото: Принтскрин/Instgaram/]]>

Светот „се смрзна“ од екстремниот потег на италијанскиот милионер Џанлука Ваки: Со ова е сигурен дека ќе остане здрав и прав (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/svetot-se-smrzna-od-ekstremniot-poteg-na-italijanskiot-milioner-dhanluka-vaki-so-ova-e-siguren-deka-ke-ostane-zdrav-i-prav-video/ Wed, 15 Nov 2023 12:02:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327068

Светот се шокираше, а воедно и се „смрзна“ откако го виде Џанлука Ваки како влегува во студена вода опколена со мраз во неговиот двор во Италија. Тој видеото го објави на Инстаграм, а милионските фанови останаа подзинати откако видоа како тој се капе во студена вода.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

Во видеото вели дека водата е минус пет степени, а во неа се капел три пати на ден по 25 минути како би го одржувал здравиот начин на живот.
 
Но, она што предизвика поголемо внимание се неговите боксерки кои беа прекратки, па едвај му ја собра машкоста во нив, коментира женската популација под видеото.
 
Инаку и пејачката Никол Шерцингер има ваков необичен начин на живот капејќи се во студена вода одржувајќи го телото во кондиција, особено циркулацијата на крвта во телото. фото:Instagram printskrin]]>

Што да правите ако чевлите ви се лизгаат на мразот? Овие трикови ќе ви помогнат да не се грижите ако одите по замрзната површина https://arhiva.vistina.com.mk/shto-da-pravite-ako-chevlite-vi-se-lizgaat-na-mrazot-ovie-trikovi-kje-vi-pomognat-da-ne-se-grizite-ako-odite-po-zamrznata-povrshina/ Mon, 09 Jan 2023 11:35:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283282

Во текот на зимата често се случува да паднеме поради ледените површини. За среќа, една жена по име Мел сподели совет на TikTok за да спречи лизгање по замрзнатите патишта и тротоари. И што е уште подобро, нема да ве чини многу. Мајката на две деца го сподели видеото кое од објавувањето надмина 1,1 милион прегледи. Таа извадила две стари чорапи кои повеќе немала да ги користи и ги искористила за својот трик. Таа ги повлекла чорапите преку чевлите за да го зголеми триењето на чевлите и била воодушевена од овој трик бидејќи чевлите не ѝ се лизгале на мразот и можела да оди без страв дека ќе се лизне. – Според мене, најдобриот трик во моментов… Носете чорапи преку чевлите за да не се лизнете по мразот. Заблагодарете ми подоцна – рече Мел.
@mels_family_life BEST (most needed) HACK atm in my opinion… socks worn over your shoes - to avoid slipping on the ice. Thank me later 😉 #hackoftheday #hackoftheweek #snowuk2022 #mumsoftiktok #ukmumlife #fyp #besthacksontiktok #foryoupage #scottishtiktok ♬ original sound - @mels_family_life
Иако овој трик звучи ветувачки, многумина коментираат дека не е многу удобно да се оди во јавност со навлечени чорапи над чевлите. Затоа овој трик најдобро се користи ако излезете од дома за да го фрлите ѓубрето или ако сакате да направите нешто во дворот. Покрај овој трик, постојат и еден куп други трикови кои ќе го намалат лизгањето на чевлите. Може да се обидете да направите основа со суперлепак. Ѓонот на чизмите премачкајте го со алкохол, по што целата површина ќе ја премачкате со лепак. Извор: Курир.мк]]>

Како да знаете дали да ставите мраз или нешто топло на спортската повреда? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-znaete-dali-da-stavite-mraz-ili-neshto-toplo-na-sportskata-povreda/ Thu, 25 Jun 2020 11:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155645

Секојдневните предизвици на кои го изложувате вашето тело може да доведат до различни повреди – без разлика дали се работи за спортски повреди или болка поради паѓање. Начинот на кој ја лекувате болката е клучен за процесот на закрепнување. Дали знаете кога треба да користите мраз, а кога да нанесете топли облоги на вашата повреда? Кога да користите мраз? Ладната терапија, позната како криотерапија, најчесто се користи за лекување болка предизвикана од оток или воспаление. Ниските температури помагаат да се намали протокот на крв во повредената област, со што се намалува дополнителниот притисок на мускулите и на тетивите. Ова ја ублажува болката во таа област бидејќи се намалува чувствителноста на нервите. Повеќето свежи повреди бараат ладна терапија за олеснување на отокот, на воспалението и на болката. Тука спаѓаат повеќето спортски повреди, како што се истегнување на зглобовите и напрегнување на мускулите, шинување и други повреди што водат до ненадејна акутна болка. Меѓутоа, кога станува збор за ладнаta терапија, времето е клучен фактор. Предолгото чување на ладните облоги може да нанесе повеќе штета отколку корист. Повредите никогаш не се лекуваат со мраз подолго од 20 минути. Кога да користите топлина? Топлинската терапија се користи за болка поврзана со вкочанетост во зглобовите и во мускулите. Повисоките температури го стимулираат протокот на крв во вените, односно испраќаат хранливи материи и кислород до погодената област. На овој начин се подобруваат подвижноста и флексибилноста, а во исто време се забележува значително намалување на болката. Топлинската терапија најчесто се користи за хронични повреди или за оние што се присутни долго време, но не се санирани навреме. Кога сте дома, можете да спроведете топлинска терапија на два начини: со поставување топла влажна крпа на болното подрачје или со топла бања, како и сува постапка на загревање ткаенина во микробранова печка или во рерна, што исто така може да биде ефикасно. За разлика од ладните облоги, топлите можете да ги чувате на повредената област подолго време. извор:кафепауза.мк]]>

Мразот се топи со неверојатна брзина: Забележани најтопли температури на морските површини https://arhiva.vistina.com.mk/mrazot-se-topi-so-neverojatna-brzina-zabelezani-najtopli-temperaturi-na-morskite-povrshini/ Tue, 02 Jul 2019 12:30:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95735

Морскиот мраз во северна Алјаска исчезнал многу пред вообичаеното оваа пролет, што ги вознемирило жителите на брегот кои се потпираат на дивите животни и рибите. Мразот се стопил по многу топлите температури на океаните, известил "Anchorage Daily News", пренесува "AP". Раното топење е лудо, изјавила Џенет Мичел од Кивалајн, Алјаска. Ловците од нејзиното семејство на почетокот на јуни патувале со брод повеќе од 80 километри за да пронајдат брадести фоки на мраз. Претходно брадестите фоки можеле да се ловат веднаш надвор од селото, но морскиот мраз се оддалечил далеку на север. "Не знаевме дали ќе имаме храна за во зима. Тоа беше страшно", рекла Мичел.
Рик Томан, климатолог од Центарот за климатска процена и политика на Алјаска на Универзитетот Алјаска, минатата седмица на социјалните мрежи објавил дека северното Берингово море и јужното Чукотско море "се печат". Температурата на површината на морето минатата седмица била дури пет степени Целзиусови над просекот од 1981-2010-та година, со ефекти на климатскиот систем, храната, заедницата и трговијата. Последните пет години се бележат најтопли температури на морската површина во регионот, што придонело за рекордно ниско ниво на морски мраз. извор:точка.ком.мк]]>

Кога ќе го прочитате ова, веќе никогаш нема да нарачате пијалак со мраз https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-go-prochitate-ova-vekje-nikogash-nema-da-narachate-pijalak-so-mraz/ Tue, 15 May 2018 11:39:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27005

Секоја четврта коцка мраз за разладување на пијалаци во европските барови, кантини и ресторани не ги исполнува здравствените стандарди и содржи феклани бактерии како ешерихија коли, покажа истражувањето спроведено од Здружението на хемичари на швајцарските кантони. Анализата покажала дека 26 проценти од земените примероци биле хемиски и здравствено неисправни, бидејќи во мразот биле пронајдени бактерии како ешерихија коли, псеудомнас и ентеркоки, а тие може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми. Претседателот на здружението Отмар Дефлорин вели дека тие резултатите укажуваат на нехигиенските услови на работа на апаратите за правење мраз, кои често се чуваат во подруми, лошо се одржувани, а на квалитетот на водата воопшто не се посветува внимание. Од сега размислете дали ќе нарачате пијалак со мраз!]]>