мпц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Sep 2019 10:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мпц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вера, Љубов, Надеж и мајка им Софија… или православен Валентајн https://arhiva.vistina.com.mk/vera-ljubov-nadez-i-majka-im-sofija-ili-pravoslaven-valentajn/ Mon, 30 Sep 2019 10:41:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109836

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември. Денеска се слави празникот на љубовта и надежта, пандан на католичкиот Валентајн. Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога. Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.]]>

Ајде попе, освети го ова „Голфче“, па утре да стане „Туарег“… како тоа вашите џипови! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ajde-pope-osveti-go-ova-golfche-pa-utre-da-stane-tuareg-kako-toa-vashite-dzipovi-foto/ Tue, 10 Sep 2019 12:10:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106011

Осветувањето  вода во домот е еден од познатите прасвославните христијански обичаи. Последниве години до душа, свештениците почанаа да осветуваат се и сешто: кафеани, клубови, дискотеки, фабрики, хали, бутици, продавници, маркети... Со еден збор од мали до големи бизниси! Таму попот доаѓа на лице место и го извршува чинот на осветувањето. Арно ама, во меѓувреме еве еден чуден пример во кој некој решил да го освети својот статусен симбол на 4 тркала, а свештеништвото решило да си го прошири „бизнисот“. Осветување на нов автомобил. И тоа не било кој, туку најпродаваниот и во 2019 и воопшто на сите времиња во светот - Фолцваген... Овој пат новиот Голф 7. И не било каде, туку среде центарот на Скопје во срцето на МПЦ - Охридска архиепископија, во дворот соборниот храм Свети Климент Охридски. Човекот си нарачал осветување на новиот љубимец на 4 тркала, па уредно си го паркирал карши главната порта, отворил вратите и багажникот, кренал хаубата... Како да е на прв сервис, а не пред божји храм! А и попот сериозно си ја сфатил работата, па врти кругчиња околу  гланц новото „Голфче“ од салон, како што врти околу масата во салонот, кога осветува нечија куќа. „Господе Боже, благослови го овој нов Голф  7-ца, неговиот газда и сите патници што ќе се возат во него, дај му ум да ги почитува сообраќајните правила и прописи, него чувај го од други несовесни возачи, а возилото од дефекти и временски неприлики...“ - „беседа“ по теркот на РСБСП при осветувањето на возилото... А, сопственикот пред да баци рака на крајот кај дедо попе со некое стотче, петстотче или илјадарче... ќе си посака здравје и среќа за себе и оние што ќе ги вози, едно 150-ина илјади безгрижно поминати километри пред да го шитне и секако, последната желба: „Ајде попе, освети го ова „Голфче“, па утре да стане „Туарег“... како тоа вашите џипови!“    ]]>

Денес го празнуваме Свети Климент Охридски https://arhiva.vistina.com.mk/denes-go-praznuvame-sveti-kliment-ohridski/ Fri, 08 Dec 2017 09:53:15 +0000 http://vistina.mk/?p=6079

Денес Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Кога кон крајот на 867 или почетокот на 868 година светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент. Тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на Кирил, во Рим, свети Климент заедно со свети Методиј се вратил во Моравија и му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба. По смртта на св. Методиј кога неговите ученици биле жестоко мачени, а потоа и протерани од Моравија во почетокот на 886 година свети Климент заедно со свети Наум и свети Ангелариј дошле во Бугарија, од каде што биле испратени во Охрид. Овде св. Климент ја основал познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3.500 ученици за црковна богослужба. Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица итн.), пофални слова за други празници на апостоли и маченици (за блажениот пророк Захарија и за раѓањето на свети Јован Крстител, за Светите четириесет маченици, за свети Лазар, свети Димитрија, за бестелесните Михаил и Гаврил, за свети Јован Златоуст, за свети Климент патријарх Римски и многу други дела. Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод. По смртта Господ го прославил со многу чуда. Но бидејќи свети Климент уште за време на животот бил многу популарен меѓу народот, веднаш по неговата смрт неговиот култ уште повеќе се раширил. Се создале многу преданија во кои се среќава неговиот лик. Едни од нив содржат биографски податоци за светителот, други содржат мотиви со исцелителска содржина и раскажуваат за неговата моќ да лекува со допир, со лековити води или со лековити билки. Извесен број преданија зборуваат и за неговата просветителска дејност, за тоа како го описменувал населението, како го почувал да ја обработува земјата, да одгледува овошни дрвја и како да гради поубави куќи да живеење. И поголем број топоними (камења, стапалки, дрвја и сл.) во охридскиот крај се поврзани со неговото име. Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање. Во преданијата свети Климент најчесто се среќава со свети Наум Охридски, со кого најчесто се претставени како браќа. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на браќа во духовна смисла ‒ собраќа, но повеќемина се склони да тврдат дека свети Климент и свети Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православната црква епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели. Се претпоставува дека св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 27 јули според стариот (односно на 9 август според новиот) календар во Охрид. Бил погребан во гробот што самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон“. Уште за време на животот св. Климент својот именден го празнувал на денот кога Светата христијанска црква го празнувала споменот на Светиот свештеномаченик Климент папа Римски односно на 25 ноември според стариот (или 8 декември според новиот) календар. Поради тоа подоцна Светата црква главниот празник поврзан со неговото име го поместила на денот на неговиот именден, а на денот на неговото упокоение (27 јули/9 август) се празнува споменот на Светите Седмочисленици (светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Горазд), како и споменот на светиот великомаченик Пантелејмон. Тропар Свети Климент Охридски Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен, Клименте. Народно предание за Свети Климент Во г. Охрид има изобилни и од секаков вид овошја, какви не секаде се наоѓаат. Кажуваат дека свети Климент не само луѓето од охридскиот крај ги просветил преку христијанската вера, туку дека и самите плодородни дрвја ги оплеменил, кога од Азија пренесол во градот питоми овошја, садници, та ги облагородил дивите до тогаш месни овошни дрвја. Од записите на Кузман Шапкарев Свети свештеномаченик Климент папа Римски Светиот свештеномаченик Климент е трет по ред папа римски е роден во Рим и потекнувал од царско семејство. Во младоста ги изучил сите науки, а потоа го примил христијанството откако за ова учење слушнал директно од устата на христовите апостоли Петар и Павле. За време на царот Трајан бил протеран во Херсон на Крим каде што продолжил да го шири христијанството. Многу народ покрстил од Александрија до Херсон поради што бил погубен по царска наредба. Во 101 година му бил врзан камен околу вратот, а потоа бил фрлен во морето. Добрите христијани го нашле неговото тело и пристојно го погребале. Подоцна кога светите Кирил и Методиј биле во мисија во овие краишта ги нашле неговите мошти и ги понесле со себе. Кога од Моравија светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со себе ги носеле и светите мошти на св. Климент, поради што биле пречекани со големи почести. Поради тоа што маченички настрадал, а и светите мошти му биле пренесени уште кога христијанската црква не била поделена на источна, православна и западна католичка, денес и православната црква го празнува како голем маченик за христовата вера.  Подготви Марко Китевски за МИА]]>