можните причини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 12:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png можните причини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто сте постојано уморни? Ако се чувствувате исцрпено иако доволно спиете, ова се можните причини, а една е посебно опасна https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ste-postojano-umorni-ako-se-chuvstvuvate-istsrpeno-iako-dovolno-spiete-ova-se-mozhnite-prichini-a-edna-e-posebno-opasna/ Mon, 06 Nov 2023 13:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325594

Секој понекогаш се чувствува уморен поради многуте обврски и малку сон. Меѓутоа, доколку долго се чувствувате вака и имате други симптоми, а дополнителното спиење не помага, причината може да има медицинска природа. Ова се најчестите причини за хроничен замор: Не пиете доволно вода Дехидрацијата предизвикува замор. Истражувањето на американскиот медицински центар Корнел покажа дека 75 отсто од 3.000 луѓе се хронично дехидрирани. Доколку не внесувате доволно течности, телото се заморува поради недостаток на кислород кој водата го носи до сите клетки во телото и на тој начин овозможува негово правилно функционирање. Жените треба да пијат 1,5 литри течност дневно, а мажите два литра. Да не сте во депресија? Ако спиете 7-8 часа на ден, а се чувствувате уморни, плус сте безволни, нерасположени, немате желба да станете од кревет наутро, можеби патите од депресија. Најдобро е да го посетите вашиот лекар и да се консултирате со него. Одредена храна може да го подобри вашето расположение, затоа јадете зелен лиснат зеленчук, семки од сончоглед, скуша, јаткасти плодови, печурки. Проверете го железото во крвта Ако не јадете доволно црвено месо и темнозелен зеленчук, може да имате ниско железо во крвта. Недостатокот на железо во организмот доведува до анемија, чии симптоми се замор, недостаток на воздух, вртоглавица, главоболка, студени раце и нозе, забрзано чукање на срцето. Посетете лекар кој преку тест на крвта ќе утврди дали имате анемија. Напитокот направен од блендирано средно цвекло, три мали моркови и половина сладок компир ќе ја подобри крвната слика. Пијте го еднаш дневно. Болеста на бакнувањето Вирусна инфекција која создава чувство на исцрпеност, предизвикува треска, болки во грлото и мускулите, губење на апетит се нарекува мононуклеоза. Бидејќи се пренесува преку плунката, се нарекува болест на бакнување. Сите симптоми исчезнуваат по еден месец, но чувството на замор трае неколку месеци. Покрај терапијата што ви ја препишал лекарот, треба да пиете многу вода и природни сокови кои ќе ја спречат дехидрацијата. Зголемено ниво на шеќер Хроничниот замор е чест симптом на дијабетес. Други значајни симптоми се постојана жед, често мокрење, губење на тежината. Врз основа на тест на крвта, лекарот ќе утврди дали страдате од дијабетес. Можете да го намалите шеќерот во крвта со напиток од цимет. Ставете една лажичка цимет во чаша топла вода и пијте ја секој ден. ‘Рчите додека спиете Скоро половина од возрасните ‘рчат. Тоа е нарушување на спиењето кое предизвикува периодични паузи во дишењето за време на спиењето. ‘Рчењето е поврзано со спиење на грб, дебелина, пушење, консумирање алкохол. Поради ваквиот начин на дишење, телото не може правилно да се одмори, па човекот е хронично уморен. Извор: Попара]]>