моторно масло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Feb 2022 14:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моторно масло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба на авто проверка: Чие масло е русокоса сама да менува масло? https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-na-avto-proverka-chie-maslo-e-rusokosa-sama-da-menuva-maslo/ Thu, 10 Feb 2022 08:25:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238408

Какво време дојде,  естрадните личности повеќе ќе заработуваат од рекламирање на се' и сешто отколку од професијата, па аналогно на тоа, пејачките повеќе да ги има на рекламите на нивните Инстаграм профили, отколку ТВ  и на настапите. До душа не сите и не постојано, иако Викторија Лоба е една од оние која во последно време колку што е пејачка, толку е и инфлуенсерка, па дури ова второво на моменти и повеќе. Со последната серија  настапи сепак потсети што и е примарна професија, но рекламирањето никако не смее да „трпи“ ,  а зимата е згодна прилика да се покаже како треба да се подготви и одржува автомобилот. Без оглед дали го возите локал или се  спремате за зимување, доволно е едно видување и потврда дека возилото ви е во топ форма, за кога ќе седнете зад воланот да не ви биде „главата во торба“. А, токму Лоба беше „избраната“ да покаже како се ставаат ланци, како се прави проверка на триста други тракатанци пред да тргнте било каде со вашиот автомобил и што се' тој треба да има, особено ако е во прашање подолг пат среде зима. Една од двете многу важни работи се проверката на нивото на течноста за ладење во моторот и нивото на моторното масло. До душа секој вистински домаќин тоа го прави навреме во овластениот сервис, ама сепак... Што си е сигурно - сигурно, да не ви остане некаде среде планина возилото „зарибано“, Лоба е презентерката што ќе  ви покаже како се прави проверката. Прво треба  да ја знаете мерката, до каде треба да биде нивото на маслото во возилото. Со манир на искусен сервисер, пејачката покажа дека ја бива за контрола, од течност до амортизер, откако онака стручно ја објасни постапката за проверка, покажувајќи до каде е пропишаната мерка на шипката за масло под хаубата. Сепак, едно изостана во процедурата, какво масло се дотура, доколку се случи при проверката да констатирате дека на моторот масло му недостасува!? Ова веројатно беше изоставено од „строго безбедносни причини“, зашто како што се гледа од приложената илустрација,  не секоја русокоса е подготвена да ја запази пропишаната процедура, а уште помалку да го погоди типот на маслото, неговата густина, вискозност и текстура. Особено ако маслото е зејтин, што го наметнува прашањето: „Чие масло е русокоса сама да менува масло?“ И дали  воопшто треба да и падне на памет и да проба?  Освен ако не е толку вична, како Викторија Лоба! Фото: Инстаграм принтскрин/victorialoba/#јасвнимавамсовет    ]]>