мотивација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Jun 2023 11:06:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мотивација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „ 6-те најголеми доктори на светот“ – Игор Џамбазов потврди дека за здрав живот никогаш не е доцна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/6-te-najgolemi-doktori-na-svetot-igor-dhambazov-potvrdi-deka-za-zdrav-zhivot-nikogash-ne-e-dotsna-foto/ Wed, 21 Jun 2023 06:57:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307127

Не е лесно во ова време со брзо темпо на живеење да останеме при чиста свест ако не се придржуваме до некои вредности и навики кои во ист момент ќе ни причинуваат и задоволство и здравје. Македонскиот шоумен Игор Џамбазов постојано е зафатен со разни работи па, најчесто новите животни лекции ги стекнува преку искувствата што постојано ги има. Но, за да може да истрае потребни се животни приоритети преку кои ќе може да го постигне сето тоа што го прави и секогаш во секој момент да биде подготвен. Џамбазов редовно на социјалните мрежи објавува приказни од неговите дружби, активности и новитети кои обожава да ги споделува со фановите. Овој пат, меѓу нив на неговиот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ се најде и едно со кое тој сакаше да потврди дека ништо не е случајно туку дека во живот се согласува со неколку важни правила за здраво тело и здрав дух. „ 6-те најголеми доктори на светот: Сонце, одмор, вежбање, исхрана, само почит , пријатели“ - ги сподели  тој. Овие важни доктори се најважните двигатели во животот на Џамбазов, а  дека Игор ги почитува е очигледно и  поради начинот на живеење кој тоа несебично го споделува и го покажува во секоја прилика. Но, се разбира се во умерени количини и исходот ќе биде повеќе од очигледен, а никогаш не е доцна да ги ставите на листата и на вашите приоритети.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Игор Џамбазов]]>

Тамара Тодевска ги откри мотивирачките особини кои ја прават цела и говорат за нејзините дела (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-gi-otkri-motivirachkite-osobini-koi-ja-pravat-tsela-i-govorat-za-nejzinite-dela-foto/ Wed, 14 Jun 2023 07:53:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306205

Македонската пејачката Тамара Тодевска која на почетокот на овој месец го прослави 38-от роденден, е реализирана и среќна жена. Таа во животот обожава предизвици и нови искувства, а само така се стекнуваат и новите животните лекции. Тамара низ годините изградила свои ставови и убедувања и знае дека за било каков личен успех потребни се неколку работи ... Таа редовно на социјалните мрежи објавува густи сториња бидејќи е доста активна и ѝ се случуваат постојано новитети кои  обожава да ги сподели со нејзините следбеници. Овој пат меѓу нив на нејзиниот „Инстаграм“ профил се најде и едно на кое неа ја нема, но со кое таа сакаше да покаже со што пејачката се согласува, што почитува и кон што се придржува во животот. Едноставно ништо не е без причина и без добра организација на себе си па така позади нејзините успеси стојат и правила кои таа верно ги почитува. А сега и несебично ги сподели со сите. „Сонувај, Работи, Верувај, Освој, Заблагодари се, Обиди се“ - се работите кои ја мотивираат македонската пејачка Тамара Тодевска. Навиките се стекнуваат само преку добра мотивација, а токму тоа и пејачката сакаше да го покаже. Тешко е да се успее без сон, без верба, без благодарност, без да се обидеме, а резултатот сам ќе си дојде откако ќе си поставиме цел, успехот е загарантиран. На врвот кај неа секогаш се нејзините две деца Хана и Дарен кои веруваме дека ги мотивира на истиот начин, а во  музиката е успешна токму поради овие мотивирачки особини. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска    ]]>

„Покажете да видам“: За Илина Арсова стомачните вежби не се мачни, а за другите и за очи мрачни (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pokazhete-da-vidam-za-ilina-arsova-stomachnite-vezhbi-ne-se-machni-a-za-drugite-i-za-ochi-mrachni-foto/ Fri, 17 Feb 2023 09:58:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289355

Алпинистката и сликарка Илина Арсова од пред неколку месеци реши да тера кариера, доби професорска стипендија и замина преку океанот, но со тоа замина и љубовта со Игор Џамбазов. Оваа вест за нивното ракинување не им се допадна на многмина кои беа фанови на љубовниот спој, но што е, тука е, тој во Стрезовце, таа во Америка или секој по своето. Периодов на Инстаграм профилот на Илина веќе нема нови колаж фотографии од видео разговорите со Игор, но има доста мотивациони видеа кои таа ги објавува за своите верни следбеници кои сакаат да ја доведат линијата во топ форма. Илина редовно им објавува мотивациони спортски вежби во домашен амбиент. Она што таа го порави не е за секого, бидејќи нејзе и нема рамна, но колку толку успева да прати позитивна вибрација и мотивација. Од последните предизвици на листа беа стомачните мускули за 30 дена. -Што велите за вежбање стомачни? Не секој ден се чувствуваме мотивирани (како денес сигурно не), но дисциплината е круцијална! Запомни: многу нешта во животот не доаѓаат сами- пишува Илина. А дисциплина кај неа има за извоз! Дека е така покажа со резултатот од камен стомачните кои успеа да ги направи не за 30, туку за само 10 дена. -Покажете го вашиот прогрес, напиша таа во описот на фотографијата каде позира со крената маичка, а глетката едноставно „страшна“. Тешко кој би се осмелил да се спореди со неа, но барем сме сигурни дека оваа јака женска успева да мотивира барем дел од нејзните следбеници на Инстаграм кои редовно и се восхитуваат на нејзината издржливост, изглед, принципи во животот… фото:Инстаграм принтскрин/ilina_arsova
]]>

Совети за вежбање во зима: Не губете мотивација поради студеното време и секогаш внимавајте на исхраната https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-vezbanje-vo-zima-ne-gubete-motivacija-poradi-studenoto-vreme-i-sekogash-vnimavajte-na-ishranata/ Fri, 11 Nov 2022 10:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275439

Доаѓа зима, а одењето на трчање или тренинг кога надвор е студено можеби не изгледа најидеално. Дури и ако сакате да продолжите со спортски активности, можеби немате мотивација за тоа. Но, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го пребродите вежбањето во зимските месеци. Вежбајте во затворен простор Ако живеете во регион каде што е многу студено, вежбањето во затворен простор може да биде подобра опција. Колку е потопла околината, толку е попогодна за вежбање и ќе бидете помотивирани за каква било физичка активност. Носете соодветна активна облека Кога климата е влажна, сакате да се одлучите за памучна облека бидејќи ја апсорбира влагата (пот). Но, во зима треба да избегнувате бидејќи ако облеката ви е натопена со пот, тоа само ќе ве лади. Затоа изберете спортска облека направена од мешавина од памук или синтетички влакна бидејќи апсорбира 50 проценти помалку влага во споредба со памукот. Не пропуштајте го загревањето и истегнувањето Зима или не, загревањето пред тренинг е многу важно. Но, во ладно време станува задолжително. Кога вежбате на пониски температури, имате зголемен ризик од исчашувања и повреди. Загревањето ќе ја зголеми циркулацијата на крвта и основната температура на вашите мускули, што може да спречи повреда за време на зимскиот тренинг. Всушност, можете дури и да правите неколку вежби за загревање дома пред да одите во теретана. На овој начин, помала е веројатноста да ви биде ладно во моментот кога ќе излезете надвор. Слично на тоа, не заборавајте да вежбате насочено истегнување на мускулите после тренингот. Нашите мускули се стегаат при постудено време и се повеќе склони кон дехидрација и грчеви. Целното истегнување може да спречи грчеви кои би можеле да влијаат на вашиот тренинг следниот ден. Останете хидрирани во текот на зимата Зимскиот воздух не е само ладен, туку и сув. За да не ви се исуши кожата, пијте многу вода за време на вежбањето. Неопходно е ова да стане навика бидејќи можеби нема да чувствувате голема жед поради студеното време, но вашето тело сепак да биде дехидрирано. Загрејте се со вежби Ако чувствувате ладно помеѓу сериите, направете 10-20 повторувања на сквотот помеѓу двете вежби. Нозете, како најголема мускулна група, ќе произведуваат најмногу топлина. Ако не сте навикнати на чучњеви, можете да трчате во место 60 секунди. Ова ќе ја задржи вашата крв да циркулира и ќе ве спречи да се чувствувате студено или тромо. Не се откажувајте Во текот на зимата, понекогаш може да биде тешко да се собере мотивација да се облечете и да излезете од дома за да вежбате. Доколку се најдете во таква ситуација вежбајте дома. Можете само да го изберете вашето омилено видео за вежбање онлајн и да го следите. Како што велат, најдобар тренинг е тој што се случил. Затоа имајте го ова на ум наместо целосно да прескокнувате тренинг. Важноста на исхраната во зима Избегнувајте преработена или калорична храна, а сите знаеме дека студеното време може да ве натера да посегнете по нив. Не само што ќе избегнете дополнително зголемување на телесната тежина, туку и ќе бидете мотивирани да вежбате редовно ако се храните правилно. Вистинскиот начин на размислување за да не се препуштите на временските услови е се што ви треба за да продолжите со зимските тренинзи. Се разбира, ако имате одредени медицински состојби како што се астма или проблеми со срцето, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар за да ги разгледате сите посебни мерки на претпазливост што можеби ќе ви бидат потребни врз основа на вашата состојба или лекови. Извор: Курир.мк]]>

„Ако можам јас на 61 година, тогаш можат сите“: Лепа Брена ја откри тајната на добриот изглед https://arhiva.vistina.com.mk/ako-mozam-jas-na-61-godina-togash-mozat-site-lepa-brena-ja-otkri-tajnata-na-dobriot-izgled/ Thu, 10 Mar 2022 09:41:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242544

Лепа Брена открива како ja одржува витката линија и има затегнато тело во седмата деценија. Пејачката истакнува дека секој ден го прави истото - медитира! Згодната Брена многу се грижи за својот изглед и здравје, па сега ги откри деталите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

- Пијам многу вода секој ден, медитирам и вежбам. Ако можам да бидам активна на 61 година, тогаш секој може. Кога патувам, се трудам да одам на плажа или базен и да пливам. Најважно е човекот да не го запоставува телото, треба да го движиме секој ден – изјави фолк ѕвездата за српски„Информер“ и додава дека внимава и на гласот:
 
- Ние пејачите мора да внимаваме на гласот и да го негуваме. Не пушам затоа што ги уништува гласните жици. Понекогаш сакам да наздравувам со пријателите со чаша вино, и тоа е тоа, вели Брена со мотивирачка порака до сите за подобро здравје, дух и изглед. фотот: Инстаграм/Лепа Брена]]>

Во теретана со Марјана: Инспирација за мотивација! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-teretana-so-marjana-inspiracija-za-motivacija-foto-video/ Sat, 04 Dec 2021 07:08:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77531

Марјана Станојковска, македонската лото девојка и ТВ водителка се' уште важи за една од најзгодните дами од јавниот живот. Дека умее со топчињата оддамна е познато, особено кога ги држи вашите в рака, а вие треперите како лист на ветер... Секако оние на кои се испишани лото бројките што  „живот  значат“. Но како тоа оваа убавица умее постојано да биде во совршена форма, да има фит изглед и топ тело, сега ќе ви покажеме. Или поточно, ќе ви открие самата. Веруваме дека ќе ви биде доволна инспирација за да ја поттикне и Вашата мотивација!
Тајната на Марјана не е нова ниту непозната и се вика теретана! Фитнес, боди билдинг, физичка рекреација... е тајната на нејзината долгогодишна доминација меѓу македонските убавици од ТВ екранот! А, се започнува отприлика вака...
Понеделник - ден за мотивација... малку лесни вежби за размрдување, раздвижено тело и мотивациско селфи!
Вторник - ден за цврсто газе... Горе - долу, горе-долу... Па подраширени нозе, лево - десно, лево- десно... Ем здраво, ем естетски убаво, ем практично... Вежба ептен корисна... За да ти се најде во секоја ситуација!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

Среда - среќен ден... А, денот не лош за вежбање раце и гарден кош! Притисни-пушти и така не знам колу пати, па зголеми тежина за да добиеш на цврстина! На мускулите на рацете, рамената, а и она што е во деколтето... До душа, надоградено со силикон!
 
Четврток - ден за силни нозе. Малку туркаш, малку амортизираш. Напред-назад и така во круг, колку што е потребно за  „пушка нога“ цврста и затегната, и кога цврсто стоиш на земја и кога си легната...
Петок - ден за... урда? Јок бурда! Добро, може и за тоа, ама пред тоа малку вежби на степер... Како репер, дали имаш доволно цврст чекор, и стегнати нозе за совршен визуелен декор!
И на крај - рекапитулација пред водителката  да се покаже пред целата нација...  Ама, пред да се појави на Лото, Марјана прави уште една проверка, дали е се потаман, на свое место и по нејзина мерка.
Па следува уште едно селфи за самодоверба и потсетување... Ако сакате да бидете згодни, стегнати и секси како Марјана, вежбајте во теретана.
Останатото е дело на мајката природа... И секако, по некој „уметнички зафат“ на некој естетски хирург!

Како да ја пронајдете изгубената мотивација за слабеење? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-pronajdete-izgubenata-motivacija-za-slabeenje/ Fri, 17 Jul 2020 12:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159229

“Мотивацијата обично не е под ваша контрола и не може цело време да биде на високо ниво. Животот има падови и подеми, а истото важи и за мотивација. Кога ќе ја достигне својата најниска точка, една личност се чини изгубена. Сепак, постои начин да се промени тоа”, вели таа . Прво, прифатете дека вашата мотивација не е завидна. Многумина не се во можност да го видат тоа, па затоа се обидуваат да ја надминат кризата со тоа што ќе си кажат себеси дека ништо не е важно. “Луѓето не сакаат да признаат дека им е досадно или дека доживеале промена. Тоа е како кога на патот од вашата куќа до продавницата се појавува градилиште што ве тера да заобиколите. Во одреден момент го губите копнежот да одите на шопинг, но знаете дека сè што треба за да преживеете е таму “, објаснува Јозефсберг. Потоа истражете нови можности. Ако вашиот план за исхрана не функционира, променете го и прилагодете го на вашите потреби. Откако ќе дознаете која диета е соодветна за вас, продолжете да ја користите. “Ако кето диетата му помага на вашиот пријател, обидете се барем два рецепти. Запрашајте се кои аспекти на оваа диета би му помогнале на вашето тело да се ослободи од вишокот маснотии”, објаснува Јозефсберг, како што е објавено од здравјето на мажите. Кога ќе најдете метод што ви се допаѓа, применете го веднаш и почекајте ги резултатите. Ако ништо не се случи, подгответе се за нова промена. Процесот на слабеење се заснова на радоста за почитување на поставениот (нов) план. извор:попара.мк  ]]>

Совети за како да го мотивирате вашето дете да спортува https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-kako-da-go-motivirate-vasheto-dete-da-sportuva/ Wed, 06 Jun 2018 11:51:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31012

Многу е тешко да пораснете физички активно дете во ерата на компјутерите, кога во најголем дел од времето децата играат компјутерски игри или се дружат на социјалните мрежи. Ако вашето дете го сака спортот, но само кога го следи на телевизискиот екран, или ако го мрази часот по физичко воспитување, тогаш време е да преземете нешто. Факт е дека децата кои спортуваат добиваат многу бенефиции од физичката активност. Па затоа, не треба да пронаоѓате изговори за неактивноста на вашето дете. Не користете изговори како Ќерка ми има премногу училишни обврски и нема време за спорт“ или „Син ми нема проблеми со тежината, па ако нема желба, не мора да спортува“Мотивирајќи го вашето дете да спортува, вие му правите услуга за која ќе ви биде благодарно цел живот. Деца кои спортуваат

ЗОШТО Е ВАЖНО ВАШЕТО ДЕТЕ ДА СПОРТУВА?

Во здраво тело, здрав дух“ – сите сме ја слушнале оваа мудрост, а сепак често како да забораваме колку вистина се крие во неа. Придобивките од физичката активност се многубројни. Истражувањата покажуваат дека децата кои спортуваат се посилни и поздрави отколку децата кои не се вклучени редовно во физички активности. Еве само неколку од многуте придобивки од редовната физичка активност:
  • здрав физички развој;
  • намален ризик од прекумерна тежина;
  • силни коски и мускули;
  • подобрување на рамнотежата, координацијата и флексибилноста;
  • подобрување на концентрацијата;
  • намален стрес;
  • намален ризик од депресија и анксиозност;
  • поголема самодоверба и самопочит;
  • можност за запознавање нови пријатели;
  • чувство на припадност кон одредена група.

9 СОВЕТИ КАКО ДА ГО МОТИВИРАТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ДА СПОРТУВА

  1. Изберете спорт кој му одговара на вашето дете, а не вам. Повеќето родители избираат одреден спорт за своите деца само затоа што самите тие го практикувале истиот или затоа што ним им се допаѓа. Ова е погрешна тактика, бидејќи детето може да не го поседува ентузијазмот на родителите. Децата сакаат да се забавуваат и она што го прават треба да им носи големо задоволство. Ако вашето дете не се чувствува среќно и задоволно кога игра фудбал, тогаш сте избрале „погрешен“ спорт. Обидете се со кошарка, ракомет, одбојка, пливање, гимнастика или тенис.
  2. Дознајте која е причината за неговата наклонетост кон одреден спорт.Вашето дете веројатно има афинитети кон одреден спорт, независно дали тоа е кошарка, фудбал, одбојка или пак модерни танци. Дознајте зошто обожава да речеме фудбал. Дали затоа што му е забавна играта, затоа што фудбалот е популарен кај неговите другари или затоа што неговиот идол е Лионел Меси. Која и да е причината, потребно е да ја знаете и да ја искористите за да го мотивирате.
  3. Зголемете му ја самодовербата. Децата кои не практикуваат никаков спорт имаат ниска самодоверба кога станува збор за изведување на одредени физички активности. Без оглед која е причината за ниската самодоверба – дали е прекумерната тежина или слабата кондиција – ваша задача е да дадете свој придонес во нејзиното зголемување. Кажете му дека може да постигне сè што сака, но дека е потребна напорна работа. Раскажете му дека и неговиот идол некогаш бил мало дете, но дека напорната работа го претворила во врвен спортист. Тоа ќе ја зголеми неговата самодоверба и ќе го мотивира да започне да спортува.
  4. Научете го дека победата не е сè. Некои деца по првиот изгубен натпревар ја губат мотивацијата и ентузијазмот и развиваат апатија кон спортот. Ако вашето дете е едно од нив, научете го дека победата не е сè. Кажете му дека и покрај поразот тој е победник, затоа што дал сè од себе и играл одлично. Целта е да го научите дека не е толку важна победата, колку што е важно да учествува и да се труди. На тој начин ќе го научите достојно да ги прифаќа поразите, а тие може да станат дополнителен мотив за да тренира поупорно.
  5. Претворете го спортот во забава. Колку позабавен му е спортот на вашето дете, толку почесто ќе го практикува, а со тоа ќе ја подобрува и својата изведба. Откријте што ја поттикнува возбудата кај него. Ако тоа обожава кошарка поради поентирањето, предизвикајте го да играте заедно и умислено дозволувајте му да постигнува многу кошеви. На тој начин тоа ќе се забавува и уште повеќе ќе ја засака кошарката, па и вам ќе ви биде многу лесно да го мотивирате.
  6. Бидете и вие физички активни. Доколку сакате да го мотивирате вашето дете, сигурно тоа нема да ви успее ако го поминувате целиот ден пред ТВ. Изградете си позитивен однос кон спортот. Ако вашето дете согледа дека вие уживате во физичката активност и ви е забавно, кај него ќе се зголеми желбата да учествува.
  7. Спортувајте заедно дома. Заедничкото спортување со вашето дете може да биде голема мотивација за него. Ако немате можност да го правите дома, одете во најблискиот парк. Вашето дете сигурно сака да поминува повеќе време со вас, а вие најдобро знаете како да го направите спортот позабавен за него.
  8. Ангажирајте го и вашиот сопруг. Ако имате син, вашиот сопруг полесно ќе може да го поттикне да се заљуби во спортот. Поканете ваши пријатели и организирајте мали натпревари. Така забавата ќе биде двојно поголема.
  9. Гледајте заедно спортски натпревари или спортски филмови. Децата лесно можат да се заљубат во одреден спорт преку филмови. Најчесто во филмовите главниот јунак постигнува успех со многу труд, па тоа испраќа позитивна порака до вашето дете. Следењето на спортски натпревари исто така може да послужи како одлична мотивација.

Ви треба мотивација за фит изглед: Ова е вистинската Инстаграм страница за тоа! https://arhiva.vistina.com.mk/vi-treba-motivacija-za-fit-izgled-ova-e-vistinskata-instagram-stranica-za-toa/ Wed, 18 Oct 2017 13:01:32 +0000 http://vistina.mk//?p=431

Сите сакаме да имаме совршено тело, рамен стомак, затегнати муускули, без целулит, стрии и уште многу недостатоци со кои се сочуваме. Вежвањето и здравиот начин на исхрана се клучот на успехот, а оваа Инстаграм страница насловена Transformation е вистинска ризница од фотографии кои ќе ве шокираат колку може да се промени човечкото тело, но само доколу постои дисциплина и мотивација. Во продолжение погледнете некои од личностите кои посветеноста ги донесе до неверојатни резултати.

A post shared by Fitness (@transformation) on