мот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Nov 2022 13:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МОТ: „Можат ли птиците да се забавуваат“ на „Битеф театар“ и „Шопинг и факинг“ на Турскиот театар https://arhiva.vistina.com.mk/mot-mozat-li-pticite-da-se-zabavuvaat-na-bitef-teatar-i-shoping-i-faking-na-turskiot-teatar/ Fri, 11 Nov 2022 08:49:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275557

Претставата „Можат ли птиците да се забавуваат?“ во режија на Никола Исаковиќ, продукција на „Битеф театар“ од Белград, ќе гостува вечерва (11.11.2022) во 20 часот во киното „Фросина“, во рамките на 47. издание на „Млад отворен театар“ (МОТ). Автор на претставатга е Тијана Грумиќ, а настапуваат изведувачи – куклари: Младен Милојковиќ, Данило Бртакочевиќ и Ана Милосављевиќ. За сценографијата и куклите – објекти се задолжени Јована Матиќ и Ема Павловиќ. Во 22 часот на сцената „25 Мај“, ќе гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Шопинг и факинг“, во режија на Шенај Мандак. Претставата е во селекција за наградата БИШ 2022, за најдобра домашна претстава меѓу два фестивала. За претставата е обезбеден превод на македонски и на англиски јазик. Автор е Марк Равенхил. Улогите ги толкуваат: Метин Ибрахим, Стефанија Начевска, Накан Дачи, Ебру Мусли и Селпин Керим. Продуцент е Тадеа Павловска, сценографијата – Мартин Манев, костимите на Ивана Секулоска, драматург Стефан Миленков. Музиката е на Лука Јанкукоски, а кореографијата – Кренаре Невзати-Кери. Визуелен уметник на претставата е Муамер Вишко.
]]>

47. издание на Млад отворен театар – МОТ https://arhiva.vistina.com.mk/47-izdanie-na-mlad-otvoren-teatar-mot/ Sun, 06 Nov 2022 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274500

Младинскиот културен центар (МКЦ) го најавува и 47-то издание на Младиот отворен театар - МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма, кој ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности. Ова издание на МОТ се случува во годината на јубилејот - 50 години МКЦ. „Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47-ми пат ќе пркоси и ќе 'нервира' со своето присуство и живост. Во годината на јубилејот - 50 години МКЦ - Млад отворен театар направи програма со која ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, со најмал буџет во последните 20 години. Оваа година средствата за реализација на фестивалот ни се намалени за 60%, но нашата одговорност кон безмалку половина век фестивалска историја нè предизвика да направиме уште еден програмски одличен фестивал", истакна Русе Арсов во името на тимот на МКЦ. Фестивалската програма започнува со дуодрамата од домашна продукција на Народниот театар Битола со „Кислород" на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ, која ја најавува и програмската определеност на фестивалот кон домашната продукција, во чест на повеќедецениски програмски уредник и директор на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. „Годинешниот фестивал е во чест на еден од основачите на МОТ Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. Во негов спомен востановуваме награда БИШ, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. За таа цел МКЦ како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири. Инаку на 18-ти ноември имаме вечер токму посветена на Биш", дополнува Арсов. Меѓународната фестивалска програма на МОТ започнува на 11 ноември со „Можат ли птиците да се забавуваат?" по текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Никола Исаковиќ, претставата на Битеф театар, која не потсетува дека светот не е и не треба да биде антропоцентирчен. Луѓето се само дел од природата која исто така има свое право да расте, да цвета, да лета, да пее, да трча, да врие, па и да се забавува. Соработката на МКЦ со Атина и Епидариус фестивал од Грција, ја носи „Република Баклава" на фестивалот, како и соработката со Апстракт театар од Велика Британија, кој стигнува со „Red planet", а од регионот стигнуваат „Ана Каренина" од Црна гора, „Блискост на допирот" од Србија, „Under Construction" и „Sad Sam Almost 6" од Словенија. Домашната продукција ќе ја претстават „Демони" на Народниот театар Битола, потоа гостуваат НУЦК „Антон Панов" – Струмица со „Циркуз Пирандело", Турскиот театар со „Шопинг и факинг", „Градот како сцена (Изгубени модернистички утопии)" на ФРУ/АКТО, „ Скопјани" на Театар за сите, „Глумици" на Артопија, „Процес" на Ивица Димитирјевиќ, „ Создаваме град, градиме иднина!" на Симона Димковска. МОТ годинава има богат танцов театар, меѓу нив „УПМ" на ИКС на квадрат, „Go figure it out" на Скопје танцов театар, „Популус" Филип Петковски, како и „Јас сум ти" на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Фестивалот завршува со „Антитело" дипломска претстава на ФДУ. Зa дизајнот на овогодишното издане на фестивалот е користена фотографија од делото „Отаде црнилото" на уметникот Велимир Жерновски. 47-тиот Млад отворен театар ќе се случува на сцените на Младински културен центар, Public room и КЦ Јадро.]]>

Тажна вест: Почина Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на MOT https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ljubisha-nikodinovski-bish-eden-od-osnovachite-na-mot/ Wed, 10 Aug 2022 13:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262187

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ. Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.
Како тетарски глумец работел во театарот Кај Свети Никита Голтарот и Театарската работилница ФФ (Зелена гуска) каде што бил еден од основачите и продуцент. Бил и продуцент во МНТ и раководител на театарот Центар, а во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма.
Биш  ќе биде погребан в петок од 9.00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

46. издание на Млад отворен театар – МОТ https://arhiva.vistina.com.mk/46-izdanie-na-mlad-otvoren-teatar-mot/ Sat, 13 Nov 2021 11:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227186

46-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, ќе се одвива во два блока – од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември изведби во живо односно целосно физичко издание на фестивалот со програма од 26 внимателно селектирани претстави.

Ова издание на МОТ е особен предизвик бидејќи се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународен театарски фестивал во регионот, во овие несигурни времиња, кога многу фестивали се принудени да ги откажуваат своите активности, а самите театри се борат да ги одржуваат своите редовни репертоари. Ние одлучивме храбро да го правиме 46-от МОТ и тоа во два блока, првиот посветен на меѓународна програма во која ни гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска и вториот на домашна независна продукција“ – изјави Русе Арсов во име на тимот на МКЦ.

Фестивалската програма започнува на 18 ноември во МНТ со „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност. Претстава во која нема актери, а публиката може да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Куриозитет на ова издание е што ќе имаме можност да одгледаме три изведби на расказите на Румена Бужаровска „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, а речиси истовремено во сред пандемија се поставувше на три сцени: Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ), Словенско народно гледалишче, Љубљана (СЛО) и во Драмскиот театар во Скопје.
Трите режисерки, Јована Томиќ, Ивана Ѓилас и Нела Витошевиќ за прв пат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во рамки на МОТ. Отстапивме простор за три продукции курирани од нашите долгогодишни соработници Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, а ќе ги погледнеме и Скопје танцовиот театар со „Искричаво“, Турскиот театар „Вишновата градина“ и копродукциите на Македонскиот народен театар со претставите на Ѓорѓи Јолевски „Последната лента на Крап“ и македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“ – копродукциски проект со САРТР од Сараево, БиХ, во режија на Нина Николиќ. Задоволство е да се биде домаќин и на ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви“ на Бранко Брезовац и Народен театар Битола и претставата „History of motherfuckers“ на Андраш Урбан. МОТ ќе биде домаќин и на австриската продукција „Theater am Lend“ со претставата „Кабли“, во која учествуваат и двајца македонски автори – Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а при крај на првиот блок се гледаме со Словенско младинско гледалишче (СЛО) и нивната „Уметноста е ормар“ во режија на Иван Петернељ. Вториот дел од МОТ почнува на 2 декември и во него го гледаме одразот на незвисната домашна продукција, која во периодот на пандемија се покажа како исклучително активна и токму затоа го заслужува вниманието и овој МОТовски репертоар. Ќе ги погледнеме претставите на Лука Кортина „Дневна доза мазохизам“, Сибел Абдиу „Модиљани“, Ангела Стојановска со „Срам“, Борис Василески „Вистинскиот запад“, Нела Витошевиќ „Работи за кои не зборуваме“, Јован Ристовски „Три“, Ана Батева „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“, Пандорината кутија: Наследството на ќерката  на Ришард Ниечим, „Мајсторот за спомени“ на Јане Спасиќ, „ПодГотвено“ на Дејан Спасовиќ, „Имагинарен, ти“ на Блерим Дардишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова и Бобан Русески.  46-тиот Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени, Младински културен центар (сала 25 Мај и сала Фросина), Драмски театар, Театар Комедија, МНТ и Дом на АРМ. Повеќе информации за целата програма и распоред на www.mot.mk и www.mkc.mk. Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите ќе бидат достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ од 15 ноември (понеделник). Сите настани ќе се одржуваат според важечките протоколи за одржување на настани. Сепак, тимот на МОТ го задржува правото на измени во програмата, за што навремено ќе биде известена јавноста.]]>

„Лоунли планет“ на Ателје 212 на МОТ: Престава во која наместо актери играат оние што ја напишале – нејзините автори https://arhiva.vistina.com.mk/lounli-planet-na-atelje-212-na-mot-prestava-vo-koja-namesto-akteri-igraat-onie-shto-ja-napishale-nejzinite-avtori/ Thu, 03 Dec 2020 14:13:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179453

„Лоунли планет“ е претстава која ја изведуваат пет писатели, Маја Пелевиќ, Олга Димитријевиќ, Тања Шиливар, Игор Коруга и Димитрије Коканов, кои се автори на текстот и се изведувачи на претставата. Таа е настаната за време на карантините како желба да се промисли театарот како уметничката практика која во пандемијата стана нужно одвишок и невозможна. Напротив ние сакавме да покажеме дека е возможно да се напрви претстава и да се изведе во околности почитувајќи ги сите заштитни мерки пропишани во тие моменти. Од таму дојде идејата да ги користиме сите можни простори во театарот, освен регуларниот сценски простор. Петте различни простори овозможуваат движење на ограничен број на публика низ театарот, и така ги почитуваме мерките на потребното дистанцирање“ - вели Димитрије Коканов од Ателје 212. „Лоунли планет“ е претстава од имерсивен карактер, која се изведува на отворени и затворени простори, околу и во театарската зграда, намерно избегнувајќи го класичниот сценски простор, односно самата сцена. Преку колажната структура од пет авторски и изведувачки гласови, кои се испреплетуваат и се провираат едни со други, уметниците ја водат соодветно оддалечената публика на туристичка турнеја низ двете страни на паричката на утопијата и дистопијата на нашето (театарско) секојдневие. „Лоунли планет“ претставува слалом преку можните утопии и дистопии на нашите градови и нашите интимности и се фокусира на неколку прашања: Како го користиме јавниот простор за да ги претвориме нашите индивидуални проблеми и потреби во општествени? Како размислуваме за светот пред и по заканата што се појави, во разни, дури и поопасни форми? Како ги спроведуваме најелементарните интеракции со други луѓе, предмети, суштества додека сме во позиција на апсолутна несигурност за тоа каков живот нѐ чека утре? Оваа претстава е одраз на светот во првата половина на 2020 година, додека истовремено се обидува да ги преиспита формите на театар што може да се случат и покрај вирусот, и следствено на тоа, потенцијалните форми на заедништво во јавниот простор на иднината. Програмата на 45-то издание на Млад отворен театар трае до 6 декември.]]>

МОТ започнува со „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ https://arhiva.vistina.com.mk/mot-zapochnuva-so-univerzalna-vo-plamen-tragedija-vo-shest-dekadi/ Tue, 24 Nov 2020 14:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177822

Годинешниот интернационален театарски фестивал „Млад отворен театар“ МОТ  сќе биде отворен со премиера на „Универзална во пламен - трагедија во шест декади“, ко-продукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат. Претставата ќе има 5 премиерни изведби од 24 до 28 ноември.
На 27 јули 2020, ден по 57-годишнината од земјотресот во Скопје, во јавноста се појави идејата дека Универзална сала ќе се руши. Оваа идеја веднаш поттикна општествена дебата.
Што е улогата на уметноста кога општеството дебатира? Да одговори на дилемата или да (си) го постави прашањето: Какво е тоа општество што нѐ доведе до оваа ситуација?
Ова е претстава за новата солидарност, која овие времиња ја бараат: за пожарот, трагедијата и за катарзата од која треба да роди нова солидарност како фениксот што се раѓа од пепелта, од пепелта на Грамши.
... ќе има и утре!
фото: Драгица Николовска

45-тото издание на МОТ ќе биде хибридно: Онлајн претстави по пат на видеостриминг https://arhiva.vistina.com.mk/45-toto-izdanie-na-mot-kje-bide-hibridno-onlajn-pretstavi-po-pat-na-videostriming/ Fri, 20 Nov 2020 07:20:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177246

45. издание на интернационалниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ - MOT 2020 и покрај коронапандемијата сепак ќе се одржи и тоа под мотото: МОТ ...ќе има и утре!
Но овој пат за прв пат во поинакво, онлајн издание, преку видеострим во периодот од 24 ноември до 3 декември 2020.
„Со огромна чест го најавуваме овa 45-то, за прв пат хибридно издание на MOT theatre festival. Програмата ќе може да ја следите во живо и онлајн (специјални стримови само за МОТ од нашите домашни продукции, како и пријателите од Словенија, Грција и Хрватска).
Сработивме многу годинава и нема да дозволиме да извиси МОТ. Не ја даваме живата уметност, не го даваме театарот и оптимистично го отвораме и затвораме фестивалот со претстави во живо, бидејќи ќе има и утре другари! Заради целава ситуација во која се наоѓаме, го задржуваме правото на измени во распоредот, затоа ве молиме да не следите. Наскоро повеќе инфо и влезници...“ - вели во кусото соопштение организторот во својата објава на Фејсбук страниццата на МКЦ.

„Tiger Lillies“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/tiger-lillies-vo-mkc/ Mon, 16 Sep 2019 12:28:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107172

Светот на The Tiger Lillies е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Во овој нов настап, бендот ќе ве однесе на патување до Devil's Fairground, каде што чекаат искушението и гревот. Дали ќе преживеете за да ја раскажете приказна или ќе бидете заведени од Golem? Формирани во 1989, The Tiger Lillies остануваат еден од најуникатнте, провокативни и genre-defying бендови, кои може да ги сретнете. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел. Песните на бендот ги покриваат сите темни аспекти на животот, од проституција и зависност од дрога до насилство и очај, секогаш инфилтрирани со допир од превртен хумор и остра иронија. The Tiger Lillies настапувале насекаде по светот, соработувајќи со артисти од сите дисциплини: од циркуски изведувачи до Шекспир актери, експериментални танчери до авангардни фотографи и бурлески кукли на класични музички ансамбли. Освоиле Olivier награда за нивниот хит West End musical Shockheaded Peter (што ја имаат напишано и глумат во неа). За ова посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот, номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре - The Tiger Lillies ќе настапат со нивниот нов албум.  ]]>