мосел и слоган – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jul 2019 12:56:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мосел и слоган – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Слаткаристика“ ја сподели „Марија“ со колегите од Грција, Мосел и Слоган (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/slatkaristika-ja-spodeli-marija-so-kolegite-od-grcija-mosel-i-slogan-video/ Wed, 10 Jul 2019 12:56:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97076

Марко Маринковиќ  - Слаткаристика, баеги сериозно ја сфатил агендата на актуелната власт за терање добросоедска политика. По неколкуте соработки со колегите од соседна Бугарија, на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција. Имено, Слаткаристикаденовиве ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружил со грчките колеги Слоган и Мосел.
„Го правиме ова возможно… Првата македонско-грчка соработка е сега на Јутјуб“, напиша музичарот, кој заеднички со Мосел и Слоган ги потпишува и музиката и стиховите. Диџејот и продуцент Мосел ја потпишува и продукцијата, а аранжманот му е заеднички со Иван Јованов, кој се погрижи и за миксот и мастерингот.
Веруваме дека ако дојде време за приспитување на авторството, двете засегнати страни ќе најдат „компромисно“ решение за спорот, чија е песната, со оглед на тоа што се работи за заедничко авторство на музиката и стиховите на „Марија“... Та била „Марија мета китрина“ или „Марије млада невесто“, сеедно... Името во песна го имаме и ние и Грците.
Ама нејсе, белким нема на „Слаткаристика“ да му се повтори „грчка варијанта“  на „Балканистика“ - скандалот при соработката на проектот со српскиот автор Александар Рајковиќ, кога „Слаткар ги објави неговите песни без согласност на српскиот музичар.
Инаку музиката за „Марија“ е спакувана и во видео што го реализирала екипата на македонската продукција „Год-ај“ (GodEye Production).
Како изгледа и звучи првата македонско-грчка песна, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=67&v=-siw0izWFAg  ]]>