морал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Jul 2023 07:59:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png морал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Џесика Паркер откри зошто не сакала да снима 18+ сцени во „Сексот и градот“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-dhesika-parker-otkri-zoshto-ne-sakala-da-snima-18-stseni-vo-seksot-i-gradot-video/ Tue, 04 Jul 2023 07:57:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308763

Фановите на хит серијата Сексот и градот многу добро знаат дека на почетокот на серијата сите актерки во еден момент се соблекоа - освен Сара Џесика Паркер. Ѕвездата на серијата во неодамнешното интервју со Хауард Стерн објасни зошто одбила. Таа откри дека на почетокот се двоумела дали да го потпише договорот бидејќи не сакала да снима голи сцени. „Мислев дека сценариото е навистина интересно, возбудливо, различно и свежо и никогаш не сум видела нешто слично“, рече таа. „Мојата единствена грижа беше што едноставно не се чувствував удобно гола и се сомневав дека ќе биде дел од серијата иако не беше во пилотот“, додаде таа. Таа потоа изјави дека креаторот на серијата Дарен Стар и рекол: „Тогаш немој да го правиш тоа. Ќе имаме други актери, ако им е удобно да го прават тоа, тие ќе го направат тоа, но ти не мораш“. Мислам дека никогаш не сум се чувствувала удобно да се изложувам на тој начин“, рече таа и појасни дека не сака да снима такви сцени бидејќи е срамежлива. „Никогаш не сум осудил некој што го прави тоа. Не беше прашање на морал“, заклучи таа. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Вака „Меморија“ се подготвува за најголемата „концертна лудница“ под отворено небо: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-memorija-se-podgotvuva-za-najgolemata-koncertna-ludnica-pod-otvoreno-nebo-ja-izlezi-gjurgjo-na-visoki-shtikli-i-crni-chorapi-a-i-ti-shefe-zaedno-so-dirlada-na-nashata-rok-en-rol-maturska-proslava/ Wed, 25 May 2022 07:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251773

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично одбран  за втората и поледна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ на која ќе бидат соопштени сите детали за нивниот концертен спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Интересот на медиумите огромен, оној на публиката пак, досега незапаметен... Во меѓувреме се прават сите подготовки голимиот концерт навистина да биде величествен и незаборавен, од оние како ќе изгледа сцената и техниката, звукот и осветлувањето, видео лед скриновите.... па се' до попдготовките на бендот за она што „Меморија“ ќе и го прстатави на скопската, но и на македонската публика, зашто десетици автобуси се најавуваат организирано да дојдат и донесат публика од сите градови во Македонија. Затоа не смее да има ни најситен пропуст, не смее „влакно да фали“ и се' мора да биде беспрекорно увежбано и изведено. А, за да биде тоа така, членовите на бендот и специјалните гости ги прават последните подготовки и музички проби. Дека ќе биде навистина најголемата „концерна лудница“ под отворено небо годинава, потврдуваат и фотографиите и видеата кои се дел од атмосферата на заедничките музички проби на „Меморија“ и нивната гостинска музичка компанија. Групата „Морал“ како едени од специјалните гости, ќе отпатува назад во времето за публиката да ја потсети на некој од нивните најгиолеми хитови. Секако, во спомен на некогашниот нивни вокал, прерано заминатиот Влатко Илиевски, чии вокални делници за оваа прилика ќе ги преземе Ристо Самарџиев. „Конкорд“ беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија преку видео порака го најави своето доаѓање во Македонија специјално за оваа прилика и порача: „Хај еврибади... Со особена чест и радост едвај чекам да дојдам, за сите љубители на рок музиката на концертот на „Меморија“  да го пееме и големиот хит на Конкорд. Се гледаме на 11-ти јуни во Скопје“. „Некст тајм“ се деца од најновата рок генерација иако и тие веќе доволно долго се на сцената. Близнаците Стефан и Мартин Филиповски како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат  оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години. „Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд. Браќата Енко и Сецко Хаџиќ - вистински рок „шефови“, кои на рок спектаклот на „Меморија“ ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што  било вредност некогаш, останува - засекогаш! Конечно, големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика. Затоа тука е „Веселата дружина“ заедно со „Меморија“ да  кулминира со „Дирлада“... Или ако собереме се' на едно купче, како што тоа ќе биде на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, срочено во некаква најава би звучело вака: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“... За „Кога патувам“ длабоко во себе, заедно со вас да се потсетиме на едно време... Она нашето што било, ова нивново што е сега и она, кое многу поубаво и посреќно треба да им го оставиме на оние, чие време допрва доаѓа! Со најдоброто што го знаеме... дружење, забава, песна, музика... Од „Нена до „Дирлада“!]]>

Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за поддршка на својот народ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukrainskiot-bend-selo-i-ludi-gi-objavuvaat-svoite-nastapi-vo-zivo-od-zasolnishteto-za-poddrshka-na-svojot-narod-video/ Thu, 10 Mar 2022 13:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242689

Украинскиот бенд „Село и Луди“ ги објавуваат своите настапи во живо од засолништето за да го кренат воениот морал и да му дадат поддршка на украинскиот народ и повикаа на мир во светот. Членовите на бендот се од градот Харков, а на фронтменот на бендот, Алекс, му била уништена куќата за време на руската инвазија. Оттогаш со колегите живее во подрумот кој го користат како засолниште. Алекс за „Би-Би-Си“ изјавил дека покрај неговите колеги, во засолништето има и многу други луѓе. Тој рекол дека му е мило што во овие тешки моменти може да биде во засолништето каде што се чувствуваат барем малку безбедно. „Луѓето ширум светот на вестите гледаат што се случува во Украина. Не требаше да има војна. Но, никогаш не престанувајте да се борите, не се откажувајте. Слава на Украина – рекол Алекс. ]]>

Зоки – Фаци распука по македонските јавни лица: „Пејачките денес имаат секс за сок и тост!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-raspuka-po-makedonskite-javni-lica-pejachkite-denes-imaat-seks-za-sok-i-tost-video/ Wed, 03 Feb 2021 08:48:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187928

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки - Фаци, познат македонски естраден новинар кој  нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ... Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања, но и по контроверзниот начин на ооднесување, облекување, живот... Oсобено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „плесне в лице“ пред камера или зад неа, сеедно... До душа,  „му го плескале“ и нему, но никогаш ниту се налутил, ниту изреагирал непријателски, напротив... Секогаш се водел по максимата: „Не сум толку несериозен, работите да ги сваќам сериозно“, па затоа можеби и толку долго опстојува во јавниот живот иако повеќе не во професијата. Имено, Зоки- Фаци од пред една година работи во маркетингот и го работи ПР-от на најпознатото и најголемо казино во Македонија, кое покрај она на излезот од Гевгелија, на самиот граничен премин со Република Грција, лани отвори и во Скопје, во срцето на градот, на самиот плоштад Македонија, во големиот хотел на истата локација. Фаци деновиве му беше гостин на младиот колега Стефан Лазаров кој го „провозе“ во своето „драјв ток шоу“, па го „протресе“ со прашања на кои Зоки не одолеа да не даде „сочни“ одговори кои ќе ја заскокоткаат јавноста, а некои од јавните лица ќе ги изнервираат, налутат, шокираат, запрепастат... „Светските ѕвезди направија кариера не само од песните туку од многу други нешта, како голотијата, на пример... Една Мадона или Џеј Ло, еве сега на пример, на 50 и кусур години гола снимаше спот... Добро и Тамара кај нас се соблече своевремено за календарот на еден познат наш бренд за вода, ама јавноста ја исплука. А жената беше баш убава, згодна, млада... Што и фалеше? Ама ете, мора да биде проститутка зашто се соблекла гола! А оние што работат во банка и обложувалница, тие не се  е*ат, тие се фини девојки? До душа за тие пари јас би се соблекол и пиштол гол, и тоа качен на коњ“ - му објаснуваше Фаци на младиот колега, за тоа како се станува ѕвезда и како голотијата кај нас се доживува! Во својата новинарска кариера, наводно  заради својата отвореност добил и ќотек, односно бил сериозно истепан, особено кога пред 10-ина години беше начекан навечер пред неговата зграда од две маскирани лица и удрен со шипка во главата, а медиумите и истрагата подоцна тоа го третираа како обид за убиство!? „Никогаш не го фатија сторителот, иако се шушкаше кој е во прашање, ама ете... Паднав во бесознание и кога се освестив, бев сиот облеан во локва крв, а ме најде соседот. Но, тоа не ме обесхрабри, јас продолжив емисијата да си ја работам со љубов и се' што обајвував во неа беше вистина, иако жолтиот печат понекогаш знаеше тие настани да ги преувеличи“ - раскажува Фаци за своето ТВ искуство. На прашањето дали во Македонија постојат ѕвезди, Зоки- Фаци категорички тврди: „Не! Последна ѕвезда во Македонија беше Тоше Проески! Имавме можност и сакавме да направиме вистинска естрада како што имаат една Србија или Бугарија, ама нашиве пејачки како Калиопи или Елена Ристевска се 'стерилни'. На пример, кога Елена Ристевска се мажеше, прв земав камера, снимав дело од атмосферата, а кога се разведе, ја снема и буквално го исклучи телефонот, зашто тоа е приказна која не смее да се раскаже во јавноста!? Фаци смета дека во Македонија нема класични старлети како Сораја во Србија да речеме, иако тврди дека некогашното момче на Александра Накова кога била млада и анонимна, му пришло на маса во еден локал и му дало 500 евра со зборовите: „Ти создаваш познати, сакам од ова девојче од Гевгелија да направиш ѕвезда“, па Александра Накова е тоа што е денес, тврди Фаци, кој распука по денешните млади пејачки: „Ма врска немаат... Денес тие се е*ат за сок и за тост... За една пијачка!“ - тврди контроверзниот Фаци, кој има своја теорија зошто еден Влатко Лозаноски не може да го наследи Тоше или зошто момчињата од „2 Бона“ во своите спотови го имаат сето она што приватно го немаат, а не пропушти да го искоментира и можеби единствениот поконтроверзен јавен лик од него, Боки 13-ка: „Ми се јавува едно утро Бокица кога ја правеше '1 ТВ' и ми вика: Зоране, јас тебе ич не те сакам, ама ти ја  почитувам професионалноста и твојот труд. Ајде дојди во телевизија да се договориме да правиш емисија. Во денешно време генерално не постои морал. Отвори Инстаграм и види дали има една морална девојка? А во последно време и мажи! Тие се полоши, тие се прифаќаат...“ - тврди Фаци убедувајќи не дека тоа е реалноста. Што се уште му раскажа поискусниот колега на младиот водител, а преку  видеото на неговиот Јутјуб канал и на целата јавност, погледнете од видеото во кое е содржан разговорот на Зоки - Фаци и Стефан Лазаров. https://www.youtube.com/watch?v=jMW3nQgCnDs    ]]>

Јелена Спенџарска вака си ја крева самодовербата… пред да се соблече (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-spendzarska-vaka-si-ja-kreva-samodoverbata-pred-da-se-sobleche-foto/ Mon, 17 Jun 2019 07:12:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92987

Пеколот започна. Летото уфрли во 5-та брзина и полека гази на гаста до даска! Спасот од горештините го бара кој како знае и умее... И колку му е буџетот. Па, кој со нозете во леѓен во двор, кој покрај поголема вода... На базен, крај езеро, море, океан... Кој колку може да си дозволи. Или кој(а) колку јак спонзор може да си најде! Нејсе... Се опуштаат и разладуваат сите, па и познатите лица. Особено интересни се јавните фаци. Политичар(к)ите тешко дека ќе ги видите расоблечени, ама затоа оние  од естрадата, телевизијата, како пејачките, водителките, актерките, манекенките... сами ќе се пофалат на социјалните мрежи!
Особено важно е како ќе изгледаш кога ќе се соблечеш... Па макар било тоа за на плажа. Е сега, никој не е совршен, па ни таа. Водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска. Само што за вита Јела не важат телесните недостатоци, крупни или ситни, видливи или не!
Таа има начин и метод како да си ја крене самодовербата, пред да се соблече! Целулит или мали гради, стрии или испукани капилари? Сеедно! Важно е да си убедена дека си совршена... Па макар била и несовршено... совршена!
Мотивираната Спенџарска со вака кренат морал и висока самодоверба нема сила што ќе ја натера да не се соблече и да го мине денот крај базенот, како што најчесто знае. Впрочем кај и да е, покрај вода да е!
А откако ќе се соблече, она што се гледа, (не)совршено или не, некому му е доволно привлечно и примамливо... Впрочем, Јелена добро знае дека се' е едноставно кога сакаш и се' е комплицирано кога не знаеш што сакаш. А таа очигледно знае што сака... Она што не знаеме е... Има ли фидбек и од другата страна?    ]]>

На 28 јануари Морал во Станица 26 https://arhiva.vistina.com.mk/na-28-januari-moral-vo-stanica-26/ Mon, 22 Jan 2018 14:11:18 +0000 http://vistina.mk/?p=10438

Најдобрата македонска хард рок група на сите времиња Морал со мала помош на своите пријатели во организација на 3 гонга со концерт ќе го промовира својот најнов албум „Coffeine Blues“! Бидете и вие во Станица 26 на 28 јануари во 21 часот за да ја почувствувате во живо моќта на автентичниот Rock&Roll од овие простори ! Билети во предпродажба на Купи карти за се! https://goo.gl/Qy5xr5]]>

„Морал“ со концертна промоција на новиот албум https://arhiva.vistina.com.mk/moral-so-koncertna-promocija-na-noviot-album/ Fri, 05 Jan 2018 11:05:47 +0000 http://vistina.mk/?p=8901

По 13 години од издавањето на последната плоча „Кога патувам“, членовите на групата Морал минатата година конечно  го објавија албумот „Кофеин блуз“ а сега новиот материјал ќе биде и концертно промовиран пред скопската публика. Со мала помош од своите пријатели и во организација на „3 Гонга“, бендот ќе одржи концерт на 28 јануари (недела) во „Станица 26“. „Албумот се снимаше 5-6 години во неколку студија. Нè следеа сите можни малери: пожари, губење ленти, бришење снимки од компјутер и уште многу нешта, но еве, албумот е тука и навистина сме сите задоволни како звучи. Го имаме препознатливиот рокенрол-звук, иако песните се многу различни. Како гости на албумот се појавуваат Тамара, Слаткар и Игор Џамбазов. На некои песни ни се гости и старите гитаристи на ’Морал’ – Венко Серафимов, Димитар Божиков и Љубо Жишка од ’Парпл Цепелин’“, рече Славчо Стојановски на минатогодишната промоција. „Coffeine Blues“ е во издание на „Горила рекордс“, за добриот звук се погрижи Дарко Поповски, а фотографиите на обвивката се на Јулија Луна, додека за графичката обработка се погрижи Урош Вељковиќ. Концертната промоција е со почеток од 21 часот, а влезниците се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.]]>

Морал конечно не почестија со „Кофеин блуз“ https://arhiva.vistina.com.mk/moral-konechno-ne-pochestija-so-kofein-bluz/ Thu, 26 Oct 2017 12:38:59 +0000 http://vistina.mk/?p=1566

Скопската  група „Морал“  го објави долго најавуваниот албум „Coffeine Blues“, чија промоција се случи минатата недела во пивница „Стар град“ во Старата скопска чаршија. Членовите на бендот со промотивен мини настап претставија дел од песните на  новото ЦД, како најава за вистинскиот   промотивен концерт, кој ќе се случи  на 15 декември во клубот  „Станица 26“ во Скопје, како  и настапите низ повеќе градови во Македонија. Славчо Стојановски (бас), Сашо Ангелов (тапани), Ивица Јорданов (гитара) и Влатко Илиевски (вокал) покажаа дека се во одлична форма и желни новиот материјал да го отсвират во живо пред своите фанови. Според лидерот на бендот Славчо Стојановски, кој е автор на осум од деветте песни на цедето, и на овој албум е задржан препознатливиот звук на „Морал“, иако песните звучат многу позрело и поразлично од досега. 22528550_2168120309880519_7563158422274412437_n Како гости на албумот се појавуваат Тамара Тодевска, Слаткар и Игор Џамбазов. За жал, никој од нив, поради наводна презафатеност не се појави на промоцијата, иако членовите на Морал најавија дека тоа ќе се случи на нивните концерти. На некои од песните како специјални гости свират и пејат и старите членови на бендот – Венко Серафимов, Димитар Божиков и Љубо Жишка . 20102017155248_main_moral Издавач на ЦД -то е  „Горила рекордс“, Урош Вељковиќ  ја направил графичката обработка на обвивката, а Дарко Поповски  се погрижил за добриот звук, додека  Јулија Луна се потпишува како автор на фотографиите за провокативната обвивка на ЦД-то. https://www.youtube.com/watch?v=lkl1xgZEXwg]]>