монографија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Mar 2024 08:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png монографија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на монографија: Универзална сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска https://arhiva.vistina.com.mk/promotsija-na-monografija-univerzalna-sala-skopskiot-simbol-na-humanosta-od-vesna-damchevska/ Tue, 05 Mar 2024 09:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340329

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје. Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел. Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители. Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања…]]>

Промоција: „Монографијата 25 години творештво” на Пандора Апостолоска-Саздовска https://arhiva.vistina.com.mk/promotsija-monografijata-25-godini-tvoreshtvo-na-pandora-apostoloska-sazdovska/ Thu, 18 Jan 2024 13:28:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335443

Промоцијата на „Монографијата 25 години творештво” на Пандора Апостолоска- Саздовска ќе се одржи на 19 јануари 2024 година, во 21 часот, во Бруталсик (концепт-простор, центар за мултимедијален проект, архитектура, уметност и дизајн) во Скопје. Монографијата ги презентира актуелните визуелни истражувања на авторката во период од 25 години творечка работа. Текстот е на историчарот на уметност и ликовен критичар Златко Теодосиевски, кој потенцира дека Апостолоска-Саздовска е мултимедијална уметница. – Таа работи цртеж, сликарство, објекти/инсталации, перформанс, фотографија… – без самонаметнати преференци и правила, туку, водена од „темата“, го избира и најсоодветниот авторски исказ. На нејзините изложби најчесто гледаме комбинација на медиуми/искази, а тоа следствено се пренесува и во многу нејзини дела, каде што сликата, на пример, се трансформира во објект, објектот во инсталација, перформансот во слика итн. Тоа зборува за уметница со комплексна мисла и авторски исказ, за типичен постмодернист и ангажиран творец воден од идејата, темата, проблемот… елабориран во нејзината внатрешна „лабораторија“ на рефлексии и чувства, избори и одлуки. Инаку, Пандора Апостолоска-Саздовска е визуелен уметник, активист и истражувач. Во 2004 г., дипломира на Академијата за ликовни уметности, на отсекот Сликарство со реставрација и конзервација, под менторство на проф. Душан Перчинков и проф. Танас Луловски. Уметничката практика на Апостолоска-Саздовска е насочена кон меѓучовечките односи, истражувајќи ги аспектите на војната и насилството како политички и социолошки феномен. Во својата богата творечка кариера има реализирано изложби во музеи, галерии и во центри за современа уметност, вклучувајќи ги и: Музејот за современа уметност во Македонија, Музејот на Марк Ротко во Латвија, национален музеј во Кина, Центарот за современа уметност во Абу Даби, Универзитетот за уметност и дизајн во Аман, Јордан, Универзитетот во Шаржа, Обединетите Арапски Емирати, 19. Азиско биенале во Бангладеш, 58. Biennale di Venezia во Centro Culturale Don Orione Artigianelli во Италија, 14. Biennale di Venezia di Architettura Palacio Albrizi во Италија, Шпанија, Мароко, Катар, Тунис, Азербејџан, Саудиска Арабија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Германија, Хрватска, Словенија, Русија, Индија, Кореја… За својата работа, таа е наградена од Европскиот град на културата UMEA во 2014 г., во Париз, Франција, меѓу другите признанија, грантови и студиски престои. Во 2017 г., беше визитинг професор на Катедрата за визуелни уметности на Универзитетот за уметност и дизајн во Шаржа, Обединетите Арапски Емирати, а во 2023 визитинг професор на Универзитетот во Сокотра, Република Јемен. Извор: Република]]>

Промовирана монографијата „Мизар Откровенија 1981 – 2021“ од авторот Тошо Филиповски https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-monografijata-mizar-otkrovenija-1981-2021-od-avtorot-tosho-filipovski/ Mon, 28 Mar 2022 03:44:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244592

Монографијата „Мизар откровенија 1981 - 2021“, четвртото капитално дело на публицистот и рок-хроничар Тошо Филиповски беше промовирана синоќа во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје, со масовна дружба на дел од членовите на бендот од различни периоди на неговото четиридецениско постоење со вљубениците на нивната музика, колеги музичари од други рок-состави, јавни личности. За време на повеќечасовната дружба беа преслушани повеќето песни на Мизар, како и две, би можело да се каже, премиерно  кога станува збор за јавен собир, „Стој“ од 1986 година и гаражната - демо снимка на „Исус“ од 1982 година. Авторот на Монографијата Тошо Филиповски во обраќањето рече дека  „Мизар  Откровенија 1981-2021" е неговиот споменик кон еден бенд  кој извршил силно влијание како врз неговиот живот, така и врз целото општество. Тој во своето обраќање потсети на сите предизвици со кои се соочил во собирањето на потребниот материјал за создавање на вакво капитално дело и посака „Мизар откровенија 1981 - 2021“ да биде важно четиво за сите генерации, сегашни и идни. „Имаме значајни бендови кои заслужуваат да бидат напишани книги и за нив, јас физички во овој период и не можев повеќе да го сторам, имајќи предвид дека зад мене во изминативе години се четири капитални дела, почнувајќи од првата Македонска рок енциклопедија. Но се надевам дека ова е почеток на книгоиздателство во земјава во кое ќе биде пошироко опфатена македонската рок-култура и историја, но и издавањето на финални музички производи“; рече Филиповски. Извор: МКД.мк]]>

На 27. март промоција на монографијата: „Мизар“ Откровенија 1981-2021 во кафе бар „Гуво куче“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-27-mart-promocija-na-monografijata-mizar-otkrovenija-1981-2021-vo-kafe-bar-guvo-kuche/ Mon, 21 Mar 2022 12:49:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243356

Монографијата (од едицијата - МАКЕДОНСКИ РОК АРХИВ) МИЗАР - ОТКРОВЕНИЈА 1981-2021 авторот Тошо Филиповски ја најавува за 27.03.2022 (недела) - Скопје, во кафе бар: „Глуво куче" од 18:00 часот, па додека законот дозволува. Формалниот дел...самиот чин на говоранција (секако интересен за новинари - ако воопшто се појават) ќе започне во 20:00 часот. Пред и потоа ќе има слушање музика, изложба, промоција, дружење. Вечер комплетно посветена на МИЗАР! И потсетување, ова е прва монографија за еден македонски рок бенд ! Дистрибуцијата на книгите, на оние кои до овој период нарачале , или деновиве ќе го направат тоа - ќе биде приоритет, веднаш по добивањето на првите примероци од печатницата. Првите 100 примероци ќе бидат рачно нумерирани и потпишани (по желба на купувачите и со посвета од авторот). Дополнително, само првите 50 примероци ќе бидат потпишани од страна на лидерот на бендот МИЗАР - Горазд Чаповски (+ гратис налепница).]]>

Промоција на монографија: Фолклорните фестивали посветени на 11 Октомври во Битола, Штип и Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-monografija-folklornite-festivali-posveteni-na-11-oktomvri-vo-bitola-shtip-i-skopje/ Wed, 10 Nov 2021 13:26:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226785

Утре, четврток, во 12 часот во Музеј на македонската борба ќе се одржи промоцијата на книгата „Октомвриски фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопје (1947 – 1952)“ на доц. д-р Наташа Диденко која ќе се одржи во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Промотор е проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска. Промоцијата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. Книгата „Октомвриски фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопје (1947 – 1952)“ претставува прво монографско претставување за овие фолклорни фестивали, организирани по повод одбележувањето на важниот меѓник познат како „Денот на востанието на Македонија“ или „Денот на народното востание на македонскиот народ“, но и како државен празник „11 октомври“. Во современата македонска држава, биле организирани како први музички фестивали од областа на фолклорното творештво во 1947 година во градовите Битола и Штип, а од 1948 година се одржувале во Скопје. Според досегашните истражувања, не постојат многу информации за овие фестивали, коишто во суштина се стожерот за формирањето на идните културно-уметнички манифестации низ Републиката. Затоа, со оваа монографија се прави обид да се проследи развојот на Октомвриските фестивали на народни игри и песни, во периодот 1947 – 1952 година, со цел пошироката и научната јавност да добијат поконкретни податоци, но и да се запознаат со континуитетот и значењето на овие фестивали, кои во наредните години придонеле да не дојде до згаснување на фолклорната традиција, по која нашата земја е позната ширум светот, туку и го забрзале процесот за создавање на професионален ансамбл и други културни институции за проучување на националната култура и фолклорното творештво во Македонија.]]>

„Театарот за деца и младинци“ ја промовира моногафијата „30 години ТДМ – Сон што трае“ https://arhiva.vistina.com.mk/teatarot-za-deca-i-mladinci-ja-promovira-monogafijata-30-godini-tdm-son-shto-trae/ Mon, 26 Oct 2020 14:15:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173037

На 27 октомври 2020 (вторник) со почеток од 13 часот, во Музејот на современа умeтност во Скопје, на отворено, Театар за деца и младинци – Скопје, ќе го одбележи три деценискиот јубилеј со промоција на монографијата „30 години ТДМ – Сон што трае“. Автор на монографијата е театарскиот критичар и новинар Тодор Кузманов, а проф. д-р Ана Стојановска е рецензент на монографијата. На промоцијата ќе се обрати и директорката на ТД Катарина Илиевска – Силјановска. Промоцијата требаше да се случи на 25 март годинава, кога ТДМ пред 30 години почна да работи, но беше одложена поради коронакризата. Првата претстава беше „Чудовиштата од нашиот град“. „Во Монографијата е сумиран три деценискиот развој на нашиот театар, единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција. Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија“ - велат од ТДМ.  ]]>

Промовирана „Фестивалска приказна“ – монографија за 60 години „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/163504/ Sat, 15 Aug 2020 09:56:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163504

„Охридско лето“ е нашиот музичко-сценски бисер, Фестивалот по кој не препознаваат во светот. Тој е симбол на македонската државност и културата во неа. А Охрид има посебно место во приказната. Градот се гордее со своето „Охридско лето“, невидливиот флуид меѓу него и Фестивалот е рамен на стотиците музички концерти и исто толку театарски претстави… Тоа меѓу другото беше истакнато на вечерашната промоција на Монографијата насловена „Фестивалска приказна“ посветена на шесте неповторливи децении на „Охридско лето“.
„Охридско лето е најзначајната културна манифестација во Македонија, заради својата многустраност, заради својот космополитизам, хуманизмот што го шири, заради комуникацијата со врвните интернационални квалитети од областа на музиката и театарот. Не е лесно да се стават шест децении историја меѓу две корици на една книга, но секако е прекрасно. Секое враќање во минатото има своја цена, но и убавина, истакна Снежана Анастасова-Чадиковска, една од коавторките на шестдецениската монографија.
Роза Нолчева-Ангеловска од своја страна истакна дека да истрае еден Фестивал 60 изданија, низ разни премрежија е успех сам по себе.
„Охридско лето“ уште од првиот ден, од иницијалниот концерт на Ана Липша-Тофовиќ станува еден вид вистинска икона на градот Охрид. Преку него светот го запознава Охрид и Македонија низ поинаква призма, преку духовното, уметничкото, убавото. Навистина за нас беше огромна чест да работиме на едно издание што не говори само за она што сега ни се случува, туку да се потсетиме на сите имиња кои историски го одбележале овој град, оваа земја и пред се овие неверојатни споменици на културата каде се случиле сите тие настани, рече таа.
Нолчева-Ангеловска уште забележа дека оваа монографија, како што рече, тој необичен спој на авторство, нејзин и на Анастасова-Чадиковска, говори за генерациска сеопфатност на „Охридско лето“.
Оваа фестивалска приказна кажува една поинаква сторија…Низ еден наративен начин говори за значењето што „Охридско лето“, и градот Охрид го имаат за нашата култура. Снежана се сеќава на концертите од времето кога јас се уште не сум била ниту родена, а јас за последните две децении на Фестивалот. Можеме и двете да говориме за незаборавни настани, неповторливи изведби, од огромно културолошко значење. Сите што ќе ја имаат в рака Монографијата ќе забележат дека во неа има фотографии од настани кои и во денешно време би било предизвикувачки да се направат. Тоа значи дека имало изведби на отворено, на мета надвор од вообичаените сцени, бројни креативни напори да се направат нови во тоа време визионерски настани. И во тој смисол сите ние можеме да учиме за она што се случувало пред години, со што може овој Фестивал да се гордее. Еден Рихтер, еден Ојстрах, луѓе кои во светски рамки навистина го одбележале минатиот век, свиреле и тука во „Света Софија, рече Нолчева-Ангеловска.
Доколку не се запишат сеќавањата и не се зачуваат, тие лесно бледнеат, а може и прав да ги прекрие. Тоа не смее да  биде така кога се работи за „Охридско лето“.]]>

Се подготвува монографија и албум со необјавени песни на Влатко Илиевски https://arhiva.vistina.com.mk/se-podgotvuva-monografija-i-album-so-neobjaveni-pesni-na-vlatko-ilievski/ Tue, 12 May 2020 13:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149263

Таткото на Влатко, Драган Илиевски во интервју за  Нова Македонија“ најави дека во подготовка се  две цедиња со песни што ги отпеал Влатко, како и монографија за неговиот професионален и приватен живот.  Монографијата ја подготува музичкиот новинар Иван Беќковиќ. Во книгата ќе се користат и огромен број на исечоци од медиумски  натписи за Влатко кој неговиот татко со години ги архивирал. „Подолго време со колегите на Влатко се договаравме да направиме нешто за да го зачуваме од заборавот она што тој го испеа. Во најскоро време ќе се издаде цеде „Најдобро од Влатко“, а потоа се подготвува уште еден носач на звук со необјавени песни. Има снимки со композиции на Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова, кои требаше Влатко да ги објави на новиот албум, кој, за жал, не ја здогледа светлината на денот. На албумот ќе има бонус, „Не желиш крај“ од „Дивље јагоде“ и песна што ја сними со „Генерација 5“ – „Најјачи“ -  изјави Драган Илиевски. Покрај книгата и носачите на звук се планира и настан насловен „Пријателите за Влатко“ со намера овој настан да прерасне во традиција. Извор: Нова Македонија]]>

Промоција на монографијата “Македонска Дискографија – Винили (19858-2019) – Прв Том” https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-monografijata-makedonska-diskografija-vinili-19858-2019-prv-tom/ Tue, 23 Jul 2019 12:47:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98931

Почитувани и драги пријатели, љубители на македонската музика, Задоволство ми е да Ве поканам на промоција на монографијата “Македонска Дискографија-Винили (19858-2019), Прв Том”, автор Тошо Филиповски. Техничките перформанси на ова печатено издание се: претставување на 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја, А4 формат. Подарок со секоја монографија е компилациската плоча со 12 актуелни македонски рок бендови: "Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?"
Промоцијата ќе биде дел од поголемиот настан кој го организира МКЦ, “МКЦ за Скопје” и ќе се случува на летната сцена на домот, во паркот позади, на 26.07.2019 година. Промотори на монографијата се Бранка Костиќ-Марковиќ и Ѕвездан Георгиевски. Претставувањето на монографијата ќе започне во 21:15 часот.
Но, пред самата промоција ќе се случат и две помали промоции на компилациски плочи, кои верувам исто така ќе ви бидат интересни: - 19:45 – 20:30 слушачка промоција на LP компилација "Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?" - (Corpus Delicti Records). - 20:30 – 21:15 слушачка промоција на LP компилација "Има ли забава - Macedonian new wave 1981-1985" - (Corpus Delicti Records). - 21:15 – 21: 45
ПРОМОЦИЈА на Монографијата "МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА-ВИНИЛИ (1958-2019), Прв Том" - (Corpus Delicti Records). - 21:45 - 00:00 - концерти - 00:00 - 01:50 - Проекција на филм Искрено се надевам дека ќе бидете во можност да присуствувате на овој настан. Со почит, Тошо Филиповски Корпус Деликти Рекордс]]>

Монографија за „Марков манастир“ – духовно и културно богатство од 14 век https://arhiva.vistina.com.mk/monografija-za-markov-manastir-duhovno-i-kulturno-bogatstvo-od-14-vek/ Wed, 07 Feb 2018 13:31:30 +0000 http://vistina.mk/?p=12051

- Монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана, излезе од печат деновиве во издание на ПНВ Публикации, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Свечената промоција на изданието, кое е прво од ваков вид посветено на овој манастир, ќе се одржи на 13 февруари (вторник), со почеток од 19:00 часот, во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.
Промотори на монографијата, ќе бидат проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. д-р Јован Белчовски.
Монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“ е труд кој е посветен на различни аспекти од вековното опстојување на манастирот. Во изданието на околу 140-те страници презентирани се различните димензии кои ја даваат пошироката слика на манастирот, тргнувајќи од историско-културниот аспект, па сѐ до естетската димензија и духовно-монашкиот елемент низ вековите па сѐ до денес.
Монографијата е илустрирана со фотографии од фотографот Ивана Батев кои ги откриваат убавините на манастирот, богатиот фрескопис, иконопис, монашкото секојдневие... Промоцијата ќе биде збогатена со мал концерт од виолинистите Михаило Куфојанакис и Момчило Куфојанакис.
Марковиот манастир е лоциран на околу 20 километри од центарот на Скопје, во живописна природа во близина на Маркова Река. Манастирскиот комплекс го сочинуваат: добро сочувана манастирска црква од 14 век посветена на Св. великомаченик Димитриј Солунски со отворен трем од 19 век, две манастирски трпезарии кои се фрескописани во 14 век, чии остатоци од фрескоживописот денес се сочувани преку конзервирани фрагменти, изложени во трпезариите, конаци со убави чардаци, параклис посветен на Св.Ап.Марко, музеј/галерија за икони и други помошни простории.
Манастирот имал добри времиња, кога бил економски богат, а и тешки денови, денови на грабежи, уривања и палења. Во манастирот цветал интензивен монашки живот. Во средината на 14 век, се подвизувале голем број на монаси, а во 19 век игуменувале Кирил Пејчинович и јеромонах Макариј. По нив тука тихувале архимандрит Јоаникиј Ракотински и Епископ Велички Гаврил Светогорец.
Во денешно време во манастирот е обновено женското монаштво, возглавено од игуменијата Илијана, со живот устроен според општежителен монашки типик, каде Исусовата молитва го зазема главното место, заедно со послушанието.
Секој може да дојде во ова духовно светилиште, да се помоли, да се исповеда, да се крсти, да се венча, да се здобие со книга со духовна содржина, со икона, со бројаница, крст, да слушне убави зборови за историјата на манастирот, а оној, кој е вистински жеден за Господа, да биде упатен во длабочините на верата Христова.
извор:сител.мк
]]>