монодрама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Jul 2022 13:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png монодрама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/ Tue, 12 Jul 2022 09:58:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258334

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен во истоимената монодрама на Драмски театар – Скопје ја доби главната награда за актерско остварување на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. – Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата во „Кармен“ на Драмскиот театар – Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово, соопшти Драмски театар-Скопје. Монодрамата „Кармен“ на ДТС премиерно беше изведена во мај минатата година. Ова е трета награда на Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола и годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија. Драмски театар – Скопје информира дека во текот на летово ќе настапи на 62. „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на 20 јули, а со претставата „Кармен“ на 15 јули ќе гостува на Вевченското културно лето и на 12 август на Бриони во Хрватска во рамките на Фестивалот РУТА.]]>

Драмски театар со „Кармен“ го отвора Фестивалот на монодрама во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/dramski-teatar-so-karmen-go-otvora-festivalot-na-monodrama-vo-bitola/ Mon, 21 Jun 2021 12:35:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207755

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски ќе го отвори меѓународниот Фестивал на монодрамата во Битола утревечер, 22 јуни, на сцената на Народниот театар во Битола. Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти. Премиерата на „Кармен“ беше на 23 мај 2021 година. „Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.]]>

Премиера на монодрамата „Кармен“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Драмски театар – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-monodramata-karmen-so-biljana-dragikjevikj-projkovska-vo-dramski-teatar-skopje/ Wed, 28 Apr 2021 13:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200883

На 07-ми мај 2021 во Драмски театар - Скопје својата пемиера ќе ја доживее  монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, по мотив од романот „Пет часа со Марио“. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, а преводот е на  Ненад Велковски. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Раде Василев, а композитор на музиката Горан Трајковски.Инспициент ќе биде Гоце Бојчев. „Нам жените ни се допаѓаат мажи со поголема решителност, да го браните тоа што е ваше. Зарем не се прави тоа и за татковината. Татковината и жената се територии кои треба крвнички да се бранат...„ -  е пораката која наместо покана ви ја праќа актерката, а ваше е навреме да обезбедите можност  ја погледнете преставата. ]]>

Хит преставата „Украдена личност“ со Лане Гутовиќ: Шоиќ за претседател во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/hit-prestavata-ukradena-lichnost-so-lane-gutovikj-shoikj-za-pretsedatel-vo-makedonija/ Fri, 16 Nov 2018 10:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58339

По големата европска турнеја и турнејата во САД хит преставата која експресно ги распродава билетите Украдена личност, конечно во Скопје!  Претставата “Украдена личност” е приказ на моралната слика на практичната, модерната и прилагодлива личност, за која условите за постигнување на личните цели, се невообичаено лесни. Истите услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи, бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската унија како кандидат за Претседател. Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување, бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува “соработка”. Диктирајќи ја неговата понуда за претседател, тој, со сета нејзина извитопереност, открива дел од личноста што го прават интересен на сцена. Сè што зборува е со леснотија, со измама, вешто ја искривува реалноста и се прилагодува на моментот, а сето ова го прави виртуозно со невиност, што од време на време станува слично на невиноста на едно кротко животно.
Мисламе дека овој став е премногу сериозен за веселата и лесна претстава што ве очекува. Истата можеби ќе биде завеса која може да ги покрие некои од сличностите на овој лик со актуелните луѓе кои сомнително го красат нашето време и тежок политички момент. Во претставата игра Милан Гутовиќ а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ “Бараба”. Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус. Билетите за преставата се веќе пуштени во продажба преку продажната цена на mktickets.mk . Организатор на претставата е Бекстејџ Медиа.  ]]>