мона лиза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 12:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мона лиза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Стојанова ја засени и Мона Лиза… или барем така си помисли: „Во соба полна уметност се’ уште зјапам во тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanova-ja-zaseni-i-mona-liza-ili-barem-taka-si-pomisli-vo-soba-polna-umetnost-se-ushte-zjapam-vo-tebe-video/ Thu, 02 Nov 2023 11:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325024

Нова сезона - нова програма. Летните предизвици за неа и нејзината „Пич ( праскички) армија“ завршија, ама најпознатата фитнес инструкторка тука не застанува. Есенско-зимската понуда е веќе подготвена, а кога  расната Ана Стојанова нешто ќе ви понуди, бидете убедени дека тоа е нешто што не ќе можете да го одбиете.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Во меѓувреме, пред да се фати за работа, „кумата на фитнесот“  замина за Франција. На полнење батерии во Париз, градот на љубовта и романтиката, градот на светлината и уметноста кој  ја обзема и опчини, исто толку колку што таа него и неговите постители... Или барем така Ана во еден момент ќе си помисли! Но, за тоа - потоа! Најпрвин прекрасните ресторани на париските улици и шеталишта беа нејзино неодминливо свратилиште... Како и книжарниците полни со разновидна литература, ама и слаткарниците преполни со изобилство од најубави слатки.
 
А потоа, да се дојде во Париз а да не се посети лулката на светската уметност, единствениот и најпознат светски музеј Лувр, е речиси еднакво на грев. За да не биде „грешница“ која го прескокнала храмот на уметноста, Ана се упати кон влезот на музејот. Внатре додека љубопитно ја набљудуваше секоја слика од светската бесценета уметност, впивајќи ја со поглед секоја честичка од движењето на четкичката на врвните светски мајстори на уметноста, на „фитнес инструкторката“ и пролета една мисла низ главата. И самата со извајана позадина како да ја клесал самиот Микеланџело Буонароти, во целата толпа која се туркаше од што поблизу да го види најпознатото светско ремек дело на Леонардо да Винчи, македонската фитнес инструкторка  Ана Стојанова стегната во црни тесни кожени панаталони, сите ги засени.  Дури и Мона Лиза... или барем така си помисли. А, можеби и не? Впрочем, фразата што ја споделила:  „Во соба полна уметност се' уште зјапам во тебе“ - може да се разбере само на два начина: Или „фитнес кумата“ покрај сета таа уметност мислела на единствената Мона Лиза, или единствено на себе и влажните машки погледи кои се фокусираат таму долу, кога Ана ја гледате одзади! Што е неодминливо дури и во „полна соба уметност“ во најпознатиот светски музеј, освен... ако не сте г*ј! Фото: Инстаграм/annstojanova  ]]>

Игор Џамбазов сподели стара слика во ново руво: Вака би изгледала Мона Лиза да постоеше селфи во нејзино време (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-spodeli-stara-slika-vo-novo-ruvo-vaka-bi-izgledala-mona-liza-da-postoeshe-selfi-vo-nejzino-vreme-video/ Fri, 25 Oct 2019 07:19:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114408

Откако беше лоциран во Бардовци, ама јавноста констатираше дека Игор Џамбазов не е таму од здравствени, туку од уметнички причини, сите со нетрпение ја очекуваа неговата нова песна снимана во студиото „Тра ла ла“ кај Мите Димовски во елитната скопска населба Бардовци. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/igor-dzambazov-zavrshi-vo-baradovci-foto/ Арно ама, ни од „Племето, ни од семето“... засега ниту трага ни глас, а уште помалку звук или видео. Џамбазов за да не ги држи во недоумица своите обожаватели, сепак се јави. Не, не се појави, ама се јави со сајбер реплика на една интерсна стара слика... Не е од „Преспав“ - од Лувр, е! Можеби не е најстара, ама е една од највредните, ако не и најскапоцената на светот. Само што Џамбазов веројатно листајќи ги и природните и особено силиконските убавици по Фејсбук и Инстаграм, сфатил дека секоја од нив прави селфи во истата поза - со напучени, усни. Поза во која ги истакнуваат набузените усните за да им изгледаат поголеми, а всушност изгледаат... Кому како! Зависи кој каква имагинација има! А чичо Миле, пардон батко Игор има и тоа каква имагинација... Затоа инспириран од „силиконските филер убавици“ покажа како би изгледала сликата на Мона Лиза да постоеле мобилни и селфи во нејзино време. Слика и прилика на денешниве, а милиони вредна! Слика или фотографија - позата е таа!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

А кога сме веќе кај фотографиите, додека ја чекаме да се појави „И племето и семето“, еве и ние да ве потсетиме на една стара „фотографија“ на Џамбазов... Само оваа слика не е масло на платно, туку е музичка... „Фотографија“! https://www.youtube.com/watch?v=jVy8o9ajixc      ]]>