моме седи на чардакот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Jan 2019 13:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моме седи на чардакот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Андоновска ја визуелизираше својата верзија на „Мома седи на чардакот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-ja-vizuelizirashe-svojata-verzija-na-moma-sedi-na-chardakot-video/ Thu, 17 Jan 2019 13:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67939

Фолк пејачката Елена Андоновска деновиве ги промовираше во медиумите новиот видео запис за песната „Мома седи на чардакот“, која е уште едно музичко парче од новиот музички проект на Елена и членовите на групата „Седенка“, насловен „Кој што ме чуе да пејам“. Ова е втора песна од албумот која добива видео запис, веднаш по дебитантската „Босо моме“. 
Инаку, проектот содржи десет композиции кои се всушност еден вид кавер верзии, односно преаранжирани преработки на познатите народни песни, испеани од легендарните доајени на македонската народна песна.
Песните се преаранжирани во ново руво од страна на  Александар Јовевски, кои иако задираат во модерениот етно стил, исполнет со современи музички примеси, воопшто не изгубиле од својата оригиналност и автентичност, толку карактеристични за  македонскиот мелос. Напротив, дури и се збогатени со што добиле на својата музичка вредност која соодветствува со духот на модерното доба, што е редок пример во денешново време, во кое царуваат кичот и шундот.
Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“, а зад  продукцијата стои проверениот мајстор Ангел Ќосев. Видеото е  сниманово амбиентот на скопскиот ресторан Лира, а него го потпишува продукцијата „Арт студио“.
Гости во видеото се и дел од екипата музичари со кои Елена соработувала на снимањето на нејзиниот албум, од кои најголем дел се нејзини колеги од групата „Седенка“, во која таа однеодамна и самат членува.
Инаку Елена Андоновска е професионален музичар, која студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Професионално е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“, а е во брак со својот музички колега Марјан Андоновски.
Како звучи и изгледа  „Мома седи на чардакот“ во изведба на Елена Андоновска проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=nUvWGXhCkTg
]]>