молитва – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png молитва – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nova-lubovna-prikazna-ke-vi-gi-nasolzi-ochite-i-raznezhni-dushata-so-svojata-molitva-video/ Fri, 03 Nov 2023 10:03:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325260

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна... И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна. „И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот. Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена. „Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми. Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути. Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи! Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“. ]]>

Молитвата на Анастасија Ражнатовиќ ќе ги расплаче и најјаките: „Боже, дај ми сила да го прифатам она што не можам да го променам“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/molitvata-na-anastasija-razhnatovik-ke-gi-rasplache-i-najjakite-bozhe-daj-mi-sila-da-go-prifatam-ona-shto-ne-mozham-da-go-promenam-foto/ Fri, 09 Jun 2023 10:13:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305655

Молитвата на Анастасија Ражнатовиќ изнудува солзи во очите. Животот, барем еднаш, на секој од нас ја докажа вистинитоста на изреката: „Човекот прави планови, но Бог се смее“. Анастасија Ражнатовиќ до пред една недела имаше многу причини да верува дека оваа година ќе биде една од најубавите во нејзиниот живот. За жал, се случи спротивното. Анастасија Ражнатовиќ во петтиот месец од бременоста го загуби своето бебе, кое таа и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, бескрајно го очекуваа. Кога малку се опоравила, од Севиља се врати во Белград и утеха побара во семејната средина. Сепак, се чинеше дека пејачката знаеше што ќе се случи и дека и претстојат тешки моменти, на што укажува цитат од книга, кој го сподели на Инстаграм непосредно пред да го деактивира профилот. Тоа е древна молитва на Индијанците од Сиу: „Боже, дај ми сила да ги прифатам работите што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост да ја знам разликата“. фото:Инстаграм принтскрин/Бошко Карановиќ]]>

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/296407-2/ Mon, 03 Apr 2023 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296407

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје - Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска. Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната. „Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ - рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“. Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Кажете молитва пред спиење – за душата е спокој, а за телото е лек https://arhiva.vistina.com.mk/kazhete-molitva-pred-spiene-za-dushata-e-spokoj-a-za-teloto-e-lek/ Mon, 06 Feb 2023 13:13:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287578

По дефиниција, молитвата е форма за обраќање на Бог, со воспоставување на однос со Бог или некакво божество, односно божица, бог или богови. Православните и католиците обично се молат на светците, на Марија и ангелите чувари. Научници од Сент Петерсбуршкиот универзитет, материјално докажале дека чудните лечења се поврзани со духовноста и откриле многу телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее за време на молитвата. Научниците докажале дека верникот кој е задлабочен во молитвата целосно ја исклучува мозочната кора, а тоа означува целосна сигурност и отсуство на стрес. Молитвата како лек против негативното размислување Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека свештениците и монасите кои се молат, целосно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа уште е забележано и кај деца од тримесечна возраст кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што стареат луѓето, чувството за сигурност им се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се намалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае врз луѓето. “Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човековиот организам, таа ја обновува и уништената структура на свеста”, посочи уште одамна Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофилозофија на Институтот за истражување и развој на психо-неврологијата во Сент Петерсбург. Повеќето болести предузвикуваат негативни ситуации и проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат, па дури и целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека после верските обичаи се нормализира крвниот притисок и другите вредности во крвта. Извор: Курир.мк  ]]>

Јована Јеремиќ започнува актерска кариера – доби улога во српска серија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-jeremikj-zapochnuva-akterska-kariera-dobi-uloga-vo-srpska-serija-foto/ Wed, 19 Oct 2022 06:51:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271916

Водителката на „Пинк“ Јована Јеремиќ ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека за прв пат ќе се проба во актерството. Освен во информативната програма, гледачите ќе ја гледаат и на малите екрани како актерка. Таа со фотографија и официјална објава на Фејсбук го потврди новиот ангажман. Јована Јеремиќ откри дека глумата е нејзина голема љубов и дека понудата што ја добила ја „повикала“ со молитва: - Уште еден сон наскоро ќе стане реалност! Од следната година улога во култна српска серија! – напиша Јована Јеремиќ. - Денес е филмски ден! Исто како и целиот мој живот! Бог го отвори патот на мојата голема желба. Слава му  – додаде таа. Јована не крие колку е среќна, а сите фановите едвај чекаат да ја видат на малите екрани и во таа улога. Фото:Принтскрин/Јована Јермиќ]]>

Прекрасна молитва: Прочитајте ја на глас, ќе ве научи што е важно во животот https://arhiva.vistina.com.mk/prekrasna-molitva-prochitajte-ja-na-glas-kje-ve-nauchi-shto-e-vazno-vo-zivotot/ Wed, 14 Sep 2022 12:43:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266934

Оваа малку позната молитва била напишана од страна на Антоан де Сент Егзипери, писателот зад ремек-делото „Малиот принц“ за време на еден од најтешките моменти во неговиот живот. Таа ќе ве потсети што навистина е важно во животот и без сомнение ќе ве натера да се замислите, додека истовремено ќе ве допре и до душата. Прочитајте ја на глас: Боже, јас не се молам за чуда и визии, јас само барам сила за моите денови. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме мудар и снаодлив, за да можам да најдам важни откритија и искуство помеѓу разновидноста на деновите. Помогни ми да го користам моето време подобро. Претстави ми го чувството да бидам способен за одлука без разлика дали таа е важна или не. Јас се молам за моќта на дисциплината и умереноста, не само за да се водам низ животот, туку исто така и да ги живеам моите денови разумно и да ги набљудувам неочекуваните задоволства и подеми. Спаси ме од наивното верување дека сè во животот мора да тече лесно. Дај ми ја трезвената свесност дека потешкотиите, неуспесите, фијаското и препреките ни се дадени од самиот живот за да ни помогнат да растеме и созреваме. Испрати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја изговори вистината. Јас знам дека моите проблеми нема сами да се решат, па затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку ни е потребно пријателството. Направи ме вреден за најдобрите, најтешките, најризичните и најкршливите подароци на животот. Дај ми доволно имагинација да бидам способен да споделам со некој барем малку топлина, на вистинското место, во вистинското време, со зборови или со тишина. Поштеди ме од стравот дека го пропуштам животот. Не ми ги давај оние нешта што ги посакувам, туку оние што ми требаат. Научи ме на уметноста на малите чекорите! фото:курир.мк]]>

Евровизиската победничка Руслана се огласи рано утрово: Низ песна и молитва имаше што да му порача на својот народ молејќи се на колена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/evroviziskata-pobednichka-ruslana-se-oglasi-rano-utrovo-niz-pesna-i-molitva-imashe-shto-da-mu-poracha-na-svojot-narod-molejkji-se-na-kolena-video/ Thu, 24 Feb 2022 11:39:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240565

Украинската пејачка и победничка на Евровизија во 2004-та година Руслана речиси нема европеец кој не ја познава и е се сеќава на неа дваесетина години по нејзината победа. Таа од рано утрово се сочувствува со својот народ, а разбудена од сирените низ цела Украина се огласи на својот Инстаграм профил повикувајќи го народот да собере сили и да сфати дека војната е започната.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

„Дојде утрото (треба да собереме сили и да сфатиме дека војната против Украина започна. Сигурно знам дека светот ќе застане обединет за Украина. Работевме многу години за да обезбедиме современиот свет да ја избере Украина како земја која со векови страда од рускиот режим. Светот нè чувствува и ќе ни помогне. Сите ќе дејствуваат за да се запре војната. Сега најважно е да се знаат јасните дејствија на територијалната локална одбрана! Сега собирам информации – како да постапите и ќе ги објавам овде! Пријатели, пишете приватно или овде! Потребни се веродостојни информации! Ова е драгоцено време бидејќи постои начин каде може да се објави сето тоа ! Кога беа најопасните акции за време на Мајдан, единственото нешто што ни помогна да се спасиме беше координираната акција, јасна поделба на одговорностите и што е најважно, преземање информации од официјални извори или очевидци. Главната работа е внатрешен мир без емоции и паника. Слава на Украина! Господи, слушни ги и прими ги моите молитви за Украина, мир и спокојство 🙏 # Украина # Украина # Бог да ја спаси Украина“, стои во нејзиниот пост на Инстаграм Таа на објавената фотографија се моли, а на главата има и качулка.
 
]]>

Денеска е Задушница: Ако ги заборавиме починатите, се забораваме себе си https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-zadushnica-ako-gi-zaboravime-pochinatite-se-zaboravame-sebe-si/ Sat, 06 Mar 2021 07:37:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192850

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. Ако ги заборавиме нив, се забораваме и себе си, а заборавот е темнина, а молитвата е светлина. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Ова е трета по ред Задушница за помен на починатите која се одржува во време на пандемија, каде што одењето и собирањето не се претпорачуваат. Со носење заштитна маска, дистанца од најмалку 2 метри, и без масовност на граѓаните е апелот на свештениците. Свештениците исто така апелираат и да не се раздава храна, туку да се спроведе само молитвениот чин, со пченица, вино и леб. Оние кои нема да можат да одат на гробовите на починатите, можат да се помолат во соборните храмови. Вечен нека им е споменот на сите што се упокоиле со надеж за воскресение и живот вечен и Бог да ги упокои каде што сјае Неговата светлина.]]>

Шок, неверување, тага и молк во кошаркарската академија „Мамба“ по веста за смртта на Коби (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shok-neveruvanje-taga-i-molk-vo-kosharkarskata-akademija-mamba-po-vesta-za-smrtta-na-kobi-video/ Mon, 27 Jan 2020 09:11:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131120

Кошаркарите, тренерите и семејствата на играчите од кошаркарската академија „Мамба“ чиј сопственик беше Коби, беа очигледно емотивно потресени додека ги слушаа вестите за смртта на Коби ... Но, сепак сите се собраа за момент на едноминутно молчење и молитва за великанот. Некои од водачите на Академијата им се обратија на сите присутни во објектот...  Ги охрабруваа да се поддржуваат едни со други, да тагуваат заедно и да му оддадат почест на Коби живеејќи добар, квалитетен живот. Децата, родителите и навивачите направиле еден вид светилиште на Коби пред вратите на Академијата, оставајќи цвеќе и запалени свеќи. Фото и видео: ТМЗ Спортс.ком]]>

Шерифовиќ за „Proud“ имаше само пофални зборови, а што ќе каже сега? Тамара во Данска ја пееше победничката „Молитва“ https://arhiva.vistina.com.mk/sherifovikj-za-proud-imashe-samo-pofalni-zborovi-a-shto-kje-kaze-sega-tamara-vo-danska-ja-peeshe-pobednichkata-molitva/ Wed, 06 Nov 2019 08:17:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116754

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на Евровизија и го освои најдобриот пласман досега, односно прво место од жирито и седмо место од публиката. Со „Proud“ таа го освои регионот, но и Европа. Многумина фанови од светот снимаа кавер верзии, реакции, имаа позитивни коментари за евровизиската претставничка. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ima-na-shto-da-bide-proud-tamara-todevska-dobi-ushte-edno-priznanie-na-evrovizija/ Тамара доби поддршка и од нејзините колеги и колешки како од македонската така и од српската естрада, а многумина ја нарекоа и морален победник. Некогашната победничка на „Евровизија“, Марија Шерифовиќ имаше само убави зборови за Тамара, па истакна дека таа дефинитвно е најдобриот вокал на овагодинешната „Евровизија“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-nea-taa-e-pobednik-jelena-karleusha-i-marija-sherifovikj-so-poddrshka-za-nashata-pretstavnichka-na-evrovizija/ По завршувањето на ова музичко случување, на Тодевска и се отворија вратите за европска кариера. Пејачката закажа неколку настапи надвор од границите на Македонија односно пред неколку недели пееше во Шпанија. По настапот во европската метропола, Тодевска продолжи со концерти, па овој пат настапуваше и во Данска. На својот концерт освен што ја пееше „Proud“ ја отпеја и „Молитва“ песната со која Шерифовиќ победи на „Евровизија“ во 2007 година. Овој момент беше снимен и објавен на социјалните мрежи, а под објавата имаше само убави зборови за вокалот на македонската пејачка. Дали Шерифовиќ ќе ја слушна оваа изведба и што ќе каже останува да видиме. Во продолжение слушнете ја „Молитва“ во изведба на Тамара. https://www.youtube.com/watch?v=dE4c73SiiC4&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3BQKo8irKnIrVm5MbxVYMeTS7y7oMNG4A4Nj-XlsXmTyLCzgTIF2BvBm4]]>