молика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2024 11:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png молика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љубовта е минлива, ама интересот е вечен: За Џими и Анета Молика работата има своја цена, иако приватно разделени, повторно заедно на сцена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lubovta-e-minliva-ama-interesot-e-vechen-za-dhimi-i-aneta-molika-rabotata-ima-svoja-tsena-iako-privatno-razdeleni-povtorno-zaedno-na-stsena-foto/ Mon, 29 Jan 2024 09:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336588

Познатата музичка сега веќе екс- брачна двојка Анета Љумаковска и Џими Мицевски од „Молика“, сакале или не ќе бидат службено заедно неколку дена. Анета и Џими заедно со колегите од групата „Молика“ ќе отпатуваат во странство и ќе настапуваат на иста сцена. Иако се разделија уште пред неколку месеци минатата година, поранешните сопружници останаа лојални на оние што ги ангажирале за настап, па ќе мора да ги испочитуваат, а и да ги задоволат сопствените интереси. Па така, наскоро односно на 8-ми март Анета Љумаковска и група „Молика“ ќе пеат на дамите од дијаспората во Виена – Аврстија. Тука не завршува нивната работна задача, па ќе мора да се гледаат и да патуваат и настапуваат и следниот ден односно на 9-ти март во Брисел- Белгија. Натапите на својот профил на Фејсбук ги најави и самата Анета, ги информираше и оние што не разбрале навреме, да си обезбедат место. За потсетување, во време кога потврдија дека не се повеќе заедно и му ставиле крај на бракот, а постапката е во тек, Џими и Анета потврдија дека кога се во прашање заедничките настапи со „Молика“ ќе ги имаат и испочитуваат се’ она договороеното до месец авкуст годинава. Љубовта е минлива, но интересот останува ист! фото:Facebook/ Aneta Ljumakovska]]>

Анета Љумаковска по разводот и напуштањето на групата „Молика“, со песна во која може да се пронајде секоја жена, докажа дека се’ уште е – „Жива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-lumakovska-po-razvodot-i-napushtaneto-na-grupata-molika-so-pesna-vo-koja-mozhe-da-se-pronajde-sekoja-zhena-dokazha-deka-se-ushte-e-zhiva-video/ Tue, 19 Dec 2023 07:25:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331697

Со песната „Жива” која премиерно ја отпеа во студиото на ИН ТВ, Анета Љумаковска по разводот со Џими и заминувањето од групата „Молика“ најавува нов соло проект на кој ќе работат наши врвни имиња од светот на фолк музиката. „Жива“ е дело на композиторот и аранжер, маестро Сашко Велков, а текстот е на Анита Даева, која за Анета има напишано и други текстови на песни кои допрва треба да се реализираат. Песната е снимена во музичкото студио „Анастасија”  кај Љупчо Павловски, кој се потпишува зад аудио продукцијата. Привилегија на секој автор е да се соработува со Анета, која е професионалец за пример. Со години наназад Љумаковска потврдува дека е вокал кој плени секого, не само овде во Македонија туку во целиот регион и секаде каде што допира нејзиниот уникатен глас. По многуте промени кои и се случија на приватен план, Анета храбро ја продолжува својата кариера и буквално цел овој период не застанува со настапи. И како солист и како дел од групата „Молика“ со која ги одработува веќе договорените и закажани настапи. Од она што го дознаваме таа за дочекот на новата 2024 гидина по толку работни нови години , одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди. Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Жива” , прекрасна интерпретација и приказна во која може да се пронајде секоја жена. ]]>

Анета Молика за разводот и неверството: „Не можеш да му наредиш на срцето некого да сака“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-molika-za-razvodot-i-neverstvoto-ne-mozhesh-da-mu-naredish-na-srtseto-nekogo-da-saka-video/ Sat, 02 Dec 2023 09:06:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328264

Фолк-пејачката Анета Љумаковска - екс Мицевска по дваесет и две години брак со музичарот Џими Мицевски се разведува -  беше топ вест изминaтиот период низ медиумите. Заедно ја имаат ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му  беше втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар. Инаку, Анета и Џими важеа за складен и хармоничен пар, но очигледно решиле дека е најдобро да донесат една ваква тешка одлука и да започнат нова фаза во нивните животи. Се плетаеа разни приказни, чаршијата зборуваше, озборуваше, нагаѓаше, шпекулираше... а, тие молчеа. Во најгледаниот  естраден ТВ магазин Бекстејџ гостинка беше Анета, каде пејачката реши да си ја отвори душата за да стави крај на сите шпекулации и чаршиски приказни, околу тоа кој е виновникот, дали причината за разводот се неверство и е прељуба, презаситеност еден од друг или нешто сосема трето... Што кажа Анета во интервјуто за нашите соработници од „ТВ магазинот од зад сцената“, проследете во видеото во продолжение: ]]>

Анета Љуманковска екс Молика по разводот редовно први големи промени, а овој пат на сцената има ново засилување (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-lumankovska-eks-mitsevska-po-razvodot-redovno-prvi-golemi-promeni-ovoj-pat-na-stsena-ima-novo-zasiluvane-foto/ Thu, 02 Nov 2023 09:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324991

Веруваме дека намногумина им треба време да помислат за кого точно станува збор кога ќе се каже Анета Љуманковска, но тоа е попозната за сите Анета „Молика“ Мицевска, сега веќе екс. Откако се раздели од Џими Мицевски по две ипол децении брак, Анета верна остана на музиката, но и на публиката која ја ангжирала како пејачка на „Молика“ се до месец август следната 2024 година. Таа, а исто и сега веќе поранешниот сопруг веќе изјавија во медиумите дека сите настапи како Анета и „Молика“ ќе бидат испочитувани. Договор е дововор, па Анета останува лојална на колгите музичари и секако публиката која ја ангажирала претходно да ја гледа и слуша заедно со „Молика“. Со големите промени автоматски се прилепуваат нови гледишта, ставови, желби, побарувачки, понуди... Анета е доста активна на Инстаграм каде откри дека деновиве е во студиото „Анастасија“. Таму ја сними новата песна под наслов „Жива“, чии автори се Сашко Велков која ја компонирал музиката и го направил аранжманот  и Анита Даева, која ги напишала стиховите за песната. Покрај тоа најави и настап со ново инструментално засилување зад себе и тоа бенд од Тетово со кои ќе пее на еден настап во месец декември. Анета е отворена за промени, тука е за сите кои и одговараат, а и таа ним. Едно останува исто желбата за песна, добра забава и секако заработка од она што е нејзината примарна егзистенција од која живее години наназад. фото:Инстаграм принтскрин/Анета Љумантковска/Молика]]>

По крајот на бракот и големата промена Анета екс – „Молика“ има кристално јасна животна девиза: „Моли го Бога…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-krajot-na-brakot-i-golemata-promena-aneta-molika-ima-krstalno-jasna-zhivotna-deviza-moli-go-boga/ Sat, 16 Sep 2023 08:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317473

Социјалната мрежа Инстаграм е сигурна зона за фолк пејачката Анета Љумаковска која народот е навикнат да ја поврзува со „Молика“, иако таа сега преферира да ја знаат како Љумаковска- моминското презиме со кое и ја почна музичката кариера. По разделбата од сопругот и колега Џими Мицевски, Анета и музичарот се во бракоразводна постапка, но поради договор остануваат да функционираат со група „Молика“ се до следниот месец август. Анета се штеди од коментарите на Фејсбук, бидејќи како што вели тешко со носи со истите, но затоа пак е активна и гласна на Инстаграм каде често ја има со нешто ново. Овој пат на ум имаше само едно - едноставна животна девиза која веројатно ја следи и почитува, па сакаше да го акцентира својот пат кој го следи за благосостојба и мир на душа, а гласи: -Моли го Бога никогаш да не зависиш од никого. Бог да ти даде здравје и среќа. Да ти ги чува очите, рацете, нозете, да имаш чувства и разум. И додека е така, среќен си. Здравјето ја носи и независноста, па и се’ останато, а пејачката потенцираше која е нејзината секојдневна водилка. Е сега, кому сакаше да му се докаже, дали ова на некој начин беше индиректна порака или пак едноставно се пронајде во истата, најдобро знае самата. А вие? Кој знае и умее, нека „чита меѓу редови“! Фото: Инстаграм принтскрин/anetaljumakovska123]]>

Џими си го кажа своето за разводот со Анета, а сега и таа доби потреба да се изјасни јавно: „Се’ што се случува е со некоја причина“ https://arhiva.vistina.com.mk/dhimi-si-go-kazha-svoeto-za-razvodot-so-aneta-a-sega-i-taa-dobi-potreba-da-se-izjasni-javno-se-shto-se-sluchuva-e-so-nekoja-prichina/ Tue, 05 Sep 2023 07:30:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316696

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеји… ) до август следната година – останува да се испочитува. Анета иако неодамна го потврди разводот откако првично Џими за Вистина.мк потенцираше дека се разведуваат, сега таа во интервју за Гламур.мк се доплни за она што се почувствува недокажана. -Се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се’ што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Најголемата поддршка во овие моменти ми е фамилијата, најмногу мојот брат на кој сум му благодарна до небо. Иако не е тука, тој е многу важна личност во мојот живот без кој не можам да донесам ниту една одлука“, вели Анета за „Гламур“. Таа открива дека не ја користи социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи таму може да прочита нбегативни коментари со кои не би можела да се носи. Затоа пак, Инстаграм некако е посигурна зона за неа, па таму веќе е потпишана со моминското презиме Љуманковска и е доста активна. Анеета открива и дека ќе продолжи да функционира како и претходно, ќе ги изработи договорените настрапи со „Молика“ се до следната година, бидејќи песната и сцената се нејзиниот живот. Да потсетиме, пред да застанат на лудиот камен Анета и Џими беа во врска една година, а Џими има и син од првиот брак, а пак во заедница ја добија ќерката Мони. фото:Инстаграм принтскрин/Анета Љуманковска]]>

Шефот на групата Молика по разводот од Анета, со својата нова убавица замина на Јадранот: Кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shefot-na-grupata-molika-po-razvodot-od-aneta-so-svojata-nova-ubavitsa-zamina-na-jadranot-koga-dhimi-ke-ja-javne-zadovolstvoto-nishto-ne-mozhe-da-go-zapre-foto/ Thu, 24 Aug 2023 10:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315124

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски  и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените  обврски со групата (свадби, настапи, турнеји... ) до август следната година - останува да се испочитува. Сепак, иако летото за естрадата важи за „сезона на жетва“, сепак многумина од нив наоѓаат малку слободно време и за себе, да одморат и да ги наполнат батериите.  После месеците напорна работа и пред се'  турболентна приватност, на Џими и тоа како му требаша начин да ги тргне мислите, ослободи умот, релаксира душата... Затоа музичарот заедно со својата нова убавица, заминал на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ. Разбирливо, Јадранот летно време е неизбежен, а сообраќајните гужви кои се вообичаени на патиштата и граничните премини, за да ги избегне му помогнала токму споменатата „убавица“ со која шефот на „Молика“ вешто ги минувал и километрите и гужвите и границите. Впрочем, кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре! Дива како ждребица, црна како пантер,  брза како гепард, елегантна како газела, моќна како анаконда, убавото и корисното Џими го споил уживајќи во возењето со својата нова Хонда. „Лутата машина“ која искусниот моторџија  летово го одведе на неколку егзотични дестинации, како своевидна „утеха“ која музичарот си ја пронајде во возењето мотор со кој решил да замине во Хрватска за да ужива во убавините на Јадранот. Анета, која во меѓувреме си го промени и презимето, на социјалните мрежи не е така активна. Но, тоа не важи за нејзиниот сега веќе екс сопруг, кој своето летно мото патешествие го овековечил со неколку фотографии од разни локации на патот кон јадранското крајбрежје. Од преубавиот мост на полуостровот Пељешац, преку древниот Дубровник... Надалеку прочуеното лековито Игало... Па се' до обновениот стар мост на Неретва во Мостар, изграден во времето на Османлиите, а урнат во југословенскиот воен конфликт. Неговата црна убавица на две тркала,  која верно му служи без да го изневери и со која Џими Мицевски ова лето реши да ги мине најубавите денови, преточени во незаборавни спомени, кои музичарот ги овековечил со фотографии, споделени на социјалните мрежи! Фото: Фејсбук/Dzimi Micevski]]>

Откако Џими Мицевски за Вистина.мк го потврди разводот, сега Анета се реши на крупен чекор иако бракоразводната постапка е во тек (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-dhimi-mitsevski-za-vistina-mk-go-potvrdi-razvodot-sega-aneta-se-reshi-na-krupen-chekor-iako-brakorazvodnata-postapka-e-vo-tek-foto/ Fri, 28 Jul 2023 08:35:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311889

Музичарот и фронтмен на популарните „Молика“, Џими Мицевски неделава во изјава за Вистина.мк го потврди крајот на 22 годишниот брак со пејачката Анета Мицевска. Тој во телефонски разговор со нас даде одговор на написите кои изминатиот викенд како непотврдени се ширеа во домашните медиуми. -Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски. Приказните секогаш имаат две страни, па така сега и Анета почувствува потреба да покаже јавно дека и таа е согласна со потврдата дека на бракот му дошол крај по повеќе од две децении заедница. Имено, македонскиот славеј пред три дена го прослави својот 39-ти роденден, а за своите следбеници на социјалните мрежи сакаше да се претстави во едно поинакво стилско светло, но и со една голема промена во одност на нејзиниот профил на Инстаграм. Имено, Анета иако е во бркоразводна постапка, таа уште сега се реши на социјалните мрежи да го промени презимето по кое е препознатлива, па од Мицевска стана Љуманковска, односно го врати моминското. Тоа не беше се’, пејачката се почувствува неискажана, па во изјава за порталот Гламур.мк го кажа своето:
-Да точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи, вели пејачката која наедно го кажа истото што и екс- сопругот. Истата сцена ќе ја делат уште една година, но не и истиот покрив над главата. Да потсетиме, пред да застанат на лудиот камен Анета и Џими беа во врска една година, а Џими има и син од првиот брак, а пак во заедница ја добија ќерката Мони. фото:Инстаграм принтскрин/Анета Молика]]>

Се огласи осудениот Џими Мицевски – фронтменот на групата „Молика“: Ме осудивте за најчесно и најдомаќинско работење, но немојте да мислите дека ќе ме скршите!“ https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-osudeniot-dzimi-micevski-frontmenot-na-grupata-molika-me-osudivte-za-najchesno-i-najdomakjinsko-rabotenje-no-nemojte-da-mislite-deka-kje-me-skrshite/ Fri, 03 Apr 2020 07:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143000

Во последниот ден на месец март годинава, во судската завршница во Основниот суд – Скопје 1 беше донесена првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години. Меѓу осудените се најде и битолскиот музичар и лидер на мегапопуларната и реномирана група „Молика“, Џими Мицевски, воедно и сопруг на пејачката на групата, Анета Мицевска, кој доби затворска казна од 2 години и 6 месеци. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzimi-miceski-liderot-na-grupata-molika-i-soprug-na-pejachkata-aneta-miceska-osuden-na-2-godini-i-6-meseci-zatvor-foto/ Македонското таканаречено „Луј Витон“ судство уште еднаш покажа „одмазничка правда“ со драконски казни кон функционерите на бившата власт - денес опозиција. Покрај сувото, гори и суровото - вели народот, па така меѓу сите осудени се најде и лидерот на фолк групата „Молика“, Џими Мицевски, чија фирма „Џими Турс“ вршела транспорт на ученици во времето на градоначалникувањето на Владимир Талески, а наводно наплаќала повеќе пари од општинската каса од што услугата реално чинела. Музичарот и лидер на „Молика“ не можејќи да ја издржи направдата, писмено и се обрати на јавноста преку својот Фејсбук профил, тврдејќи дека е апсолутно невин, жртва на политиките, дека нема наплатено ниту денар повеќе од договореното и дека правдата ќе ја тера до крај, ако треба и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. При тоа Џими ги повика порталите да ја пишуваат вистината, а написите да ги темелат на факти, а не на „од ракав истресени“ информации. Неговото јавно Фејсбук обраќање го пренесоа и некои домашни, локални битолски портали, како и еден портал кој е наменет за информирање на нашата дијаспора во Австралија, каде Џими, Анета и нивната група „Молика“ се чести гости со своите настапи и турнеи. Но, само ден по јавната објава, истата исчезна, односно ја снема од фејсбук профилите на Џими. Ниту на едниот, ниту на вториот негов Фејсбук профил таа повеќе не се наоѓа.   А, со тоа исчезна и од споменатите портали, односно од оние, кои со линк целосно ја пренесоа неговата изјава!!? Дали музичарот се исплаши од уште поостри консеквенци, поголема одмазда, дали некој го уцени или му се закани или едноставно  пријателски го посоветува дека е подобро да молчи и да ја турка работата или пак самиот процени дека е најдобро така, останува отворена поканата од Вистина.ком.мк, самиот Мицевски одговорот да го сподели со нас и јавноста. Во меѓувреме ние успеавме да дојдеме до неговата интегрална изјава која остана зачувана кај некои од неговите Фејсбук пријатели, па ви ја пренесуваме во целост: „Јас, Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот, прво на моите деца, а потоа на мојата фамилија, на мојот славеј, Анета Мицевска и групата Молика.. Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола, поточно во мегапознатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети, а сите угледни и чесни граѓани на Битола, кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење. Јас, Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма 'Џими Турс' немам наплатено ниту (1) еден скршен денар повеќе од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ). Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност, а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две спротиставени страни, правдата ќе ја барам и во Стразбур во Франција, во меѓународниот суд за човекови права…“ „Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга, јас сум спремен да одговарам во секое време… Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго. Меѓутоа, немојте да мислите дека ќе ме скршите. Битката продолжува. Немојте да се чудите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите...  Не дај Бог да ви стане јасно, како на мене сега што ми станува јасно. Немам намера на никого да му се правдам и ќе ве замолам вие од порталите, ако имате барем малку човечко достоинство, да пишувате според факти, а не од ракав истресени информации“ - напиша Џими во своето фејсбук обраќање до јавноста.  ]]>

Анета и „Молика“ ја нападнаа МРТ и жирито зашто тие годинава не заминале на Евровизија: Кој ли те тебе прелажа? https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-i-molika-ja-napadnaa-mrt-i-zirito-zashto-tie-godinava-ne-zaminale-na-evrovizija-koj-li-te-tebe-prelaza/ Wed, 21 Feb 2018 08:57:14 +0000 http://vistina.mk/?p=13435

Македонскиот избор за наш претставник на Песна на Евровизија во Лисабон помина. Изборот на стручното жири кое го состави МРТ  од речиси 400 пристигнати песни на конкурсот ја одбра групата „Ај Кју“ со песната на нивниот лидер Бојан Трајковски, насловена „Lost and found“.
И како по обичај иако песната се’ уште никој не ја ни слушнал, почанаа задкулисните игри и чаршиските муабети. најмногу на социјалните мрежи се разбира, ама и на некои од медиумите кои имаат „блиски релации“ со оние кои беа кандидати или имаа свои песни на конкурсот. Уште со недели па и месеци пред домашниот избор, односно пред конкурсот воопшто и да биде распишан, почнаа шпекулациите во јавноста за тоа кој годинава ќе ја претставува Македонија на Евровизија. Лобирањата и ПР-от по медиумите и социјалните мрежи секако дека е дозволен, ама кога претпоставките ќе станат „потврдени информации од сигурен извор“, а на крај домашниот есап и желбите нема да се поклопат со есапот на пазар, настанува општа какофонија.
Ѕвездите на кои наводно „им било ветено“ дека сигурно ќе пеат на Евровизија, а ниту самите не знаат кој тоа им ветил, а и да знаат, требале уште претходно да знаат од кого примаат ветувања, наеднаш се наоѓаат „во небрано“... „Изненаѓени и увреѓени“, зашто некој, замислете не си стоел на зборот. А зборот никој и не им го ни дал... Или ги излажал! Трето нема!
Меѓу „несудените“ годинешни македонски евровизиски претставници во Лисабон и фолкерката Анета Мицевска со нејзината група „Молика“. беа од оние за кои наголемо се тврдеше во кулоарите, аи се пишуваше по порталите дека се „сигурни патници“ за Португалија! Арно ама, откако шпекулациите се покажаа како невистинити, фолк ѕвездата и нејзината група со полна уста горчина... Ама и со „дрвја и камења“ по МРТ, која доколку решила годинава да има конкурс, а имаше, ама баш никако не можела да им вети сигурна победа! Или битолските фолкери некој ги „мамел“ или тие „загризале погрешна јадица“, па сега националниот сервис и членовите на жирито им се виновни за она што не го добиле, а на што се надевале! Кој им дал, ако воопшто им дал  лажна надеж, само тие си знаат... А ако веќе знаат, редно е да го кажат... по име и презиме!
Како и да е еве на што и кого се „кивни“ битолските фолкери и нивната пејачка. Деновиве на порталот „Естрада Плус“ се појави напис со наслов: „Анета и Молика жалат што го погазија зборот во поглед на евровизискиот настап“! Еве што интегрално пишува во него: „Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на било каков избор , евровизиски или фестивалски кој е во организација на Македонската телевизија, и жалам што си го погазив зборот и јас и моите колеги одгрупата Молика“ - истакна Анета Мицевска која годинава заедно со групата Молика беа едни од потенцијалните претставувачи на нашата земја на Евровизија. Таа изразува огромно каење за сето тоа и додава дека нема никогаш повеќе да се случи. „Не знам ни јас самата што се случи, меѓутоа едно знам дека многу ми е жал што си го погазив зборот и јас и моите колеги од групата Молика. Кажавме дека никогаш повеќе нема да да учевствуваме на било каков настан, било каков фестивал во организација на МТВ, меѓутоа ете бидна што бидна, јас се каам за тоа и повеќе никогаш. Ова беше последно. Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на такво нешто, бидејќи има некој друг што не е компетентен и ќе го оценува моето пеење и тука е мојата публика луѓето од надвор. Така да, ние ќе учевствуваме секаде каде што ме почитуваат и каде што го ценат моето пеење“ - истакна Анета при гостувањето во еден национален медиум.
  Според неа и покрај големата поддршка кој ја имале, најповеќе од нивните фанови на социјалните мрежи од тука произлегла идејата да влезат во овој избор. Таа додава дека сето тоа е нефер и нерегуларно кон неа, но како колеги на групата “Ај Кју” им посакува премногу среќа на нивниот настап во Лисабон. Нашата кариера продолжува и понатака, ова беше прв и последен пат за ваков евровизиски настап, децидно истакна Анета.
Чудно но вистинито, ако е воопшто така. До душа, кој губи има право да се лути, но на вистинска адреса. Онаа по која Анета и Молика сега плукаат, како што се МРТ и нивното стручно жири кое пак наместо нив и нивната песна ги избра „Ај Кју“ за на Евровизија, секако дека не заслужиле без ниту еден аргумент да бидат омаловажувани. Ако веќе некој им гарантирал учество, тој некој секако дека има и име и презиме. И веројатно „дебела“ причина тоа да го направи! Ако е така, време е да „измамата“ да се лоцира! Вака, само џабе „лаење“... од пусто незнаење!  ]]>