моќни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 28 Mar 2020 09:01:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моќни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На социјалните мрежи, предизвик до предизвик… само внимавајте да не ги измешате: „Како кучката моја, нигде нема друга…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-socijalnite-mrezi-predizvik-do-predizvik-samo-vnimavajte-da-ne-gi-izmeshate-kako-kuchkata-moja-nigde-nema-druga-foto/ Sat, 28 Mar 2020 08:54:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141923

Корона вирусот и неговото експресно ширење не затвори сите дома... И додека светот бара начини како да се справи со пандемијата од чумата на 21-от век, ние  бараме начини како да си го олесниме животот во изолација. Да ни биде што педноставен, попопријатен, поподнослив, позабавен... И да не се интернетот и социјалните мрежи, веројатно до сега наместо корона, ќе имаше „жртви од друг вид“... Вака, како-така, полесно се турка денот, а Бога ми и ноќта... Една од главните забави на социјалните мрежи станаа поставувањето предизвици. Отвори Фејсбук, Твитер Инстаграм и има што да видиш... Предизвик до предизвик... Од споделување фотографии кога сме биле деца или многу млади, преку невестински фотографии од свадба, фотографии од матура, фотографии во бикини, фотографии од која каква домаќиннка е и што умее да зготви... Ама буквално, предизвик до предизвик. Најновите два, од пред ден -два. Првиот, фотографија од својот пес, домашно милениче, галениче, љубимец... Како сакате, важно да е моето куче. Вториот фотографија од самата себеси, ама претставена како моќна и силна жена пред завесата... не буквално, онаа што ти виси дома на корнизот пред прозорците, туку фигуративно, пред завесата од бариери, забрани, завесата на женска потчинетост и дискриминација... И едниот и другиот, како по правило го прифаќаат и познатите личност, јавните фаци, естрадни ѕвезди... Пејачки, актерки, новинарки, водителки и водители, режисери, кореографи... Ги има од сите јавни еснафи. И лавината тргнува... „Фрчат“  фотографии по Фејсбук и Инстаграм... Кученца, пци и кучки- колку сакаш. Социјалните мрежи - поплавени  од домашните миленици...  и нивните сопственици! Од друга страна, „друго цунами“ ги зафаќа социјалните медиуми, како што ги нарекуваат, иако не се. Ама затоа се полнат со најдобрите женски фотографии - од себе си! Силните и моќни жени,односно сите кои себе си се сметаат за такви застанати пред „завесата на новиот предизвик“! И во целата таа поплава на „предизвици“, на силни пци, моќни кучки и слатки мили жени... или ќе да беше обратно, внимавајте и Вам да не ви се случи, да го помешате предизвикот. Како што еден корисник на Фејсбук напишал: „Како 'кучката' моја, нигде нема друга...“ - па ставил фотографија од... жена му, која од разбирливи причини ја заменивме... со друга!  ]]>

18 моќни нешта кои треба да му ги кажувате на вашето дете https://arhiva.vistina.com.mk/18-mokjni-neshta-koi-treba-da-mu-gi-kazuvate-na-vasheto-dete/ Thu, 05 Jul 2018 17:33:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36182

Децата имаат потреба од нашите зборови, независно дали преку нив ја искажуваме нашата љубов или поддршка или пак ги учиме како правилно да се однесуваат. Но, додека зборовите кои ги изговараме додека сме лути можат да остават трајни лузни, други имаат моќ да ја зголемат детската самодоверба и да создадат здрави навики кај нашите најмили. Користете ги мудро зборовите! Еве кои нешта треба што почесто да му ги кажувате на вашето дете:
  1. „Те сакам безусловно.“ Детските лудории се бескрајни – скршена играчка, паѓање од височина, извалкан мебел... Да, можеби понекогаш чувствувате дека стоите на работ на лудилото, но не дозволувајте вашето дете да мисли дека љубовта кон него ви се намалила само поради лоша постапка. Децата имаат потреба да знаат дека родителите не им поставуваат услови за да ги сакаат и дека нивната љубов постои и кога прават грешки.
  2. „Пријателите ќе доаѓаат и ќе си одат.“ Други деца ќе му го кршат срцето на вашето малечко. Тие ќе го разочаруваат, ќе му вртат грб и ќе го обесхрабруваат. И тоа е составен дел од детството и растењето и вие не можете да направите ништо за да го спречите. Но, можете да го научите вашето дете да не ги зема луѓето здраво за готово. Оние кои сега му се пријатели, не значи дека ќе бидат покрај него по десет години. Можеби нови лица ќе го заземат местото на неговите другарчиња и тоа е во ред.
  3. „Смеј се. Искрено, на цел глас.“ Многу родители ги караат своите деца кога се смеат гласно, бидејќи буката им пречи. Дозволете му на вашето дете да биде само дете, да му се радува искрено на животот, да пронаоѓа хумор и во добрите и во лошите настани и отворено да го покажува тоа. Нема ништо повредно од детската насмевка.
  4. „Среќата започнува однатре.“ „Не чекај некој друг да те усреќи.“
  5. „Се гордеам со тебе. Работеше напорно за тоа.“ Не секое дете поседува вроден талент за пеење или генијалност за да биде врвен математичар, но секое дете може да работи напорно за да постигне нешто. Со овој пристап вие го истакнувате на пиедестал трудот, а не интелигенцијата или вродениот талент.Мајка и ќерка
  6. „Обожавам да те гледам додека (неговата омилена активност).“ Кога при анкета спроведена во американски колеџ, спортисти биле запрашани што е она што нивните родители им рекле, а што направило да се чувствуваат одлично, најголем дел одговориле: „Обожавам да те гледам додека играш“. Доколку вашето најмило има омилена активност или се занимава со спорт, кажувајте му ги овие зборови додека го бодрите. Бидете негов најголем фан кога гледате дека прави нешто со страст.
  7. „Предметите се само предмети“. Голема е веројатноста во иднина вашето дете да сака да поседува вредни предмети, можеби ќе носи брендирана облека и ќе вози скап автомобил. Научете го да не дозволува материјалните нешта да го дефинираат како личност.
  8. „Благодарам“ и „Те молам“. Нашето однесување е наш избор, но децата избираат како ќе се однесуваат гледајќи ги своите родители. Бидете модел на личноста која сакате да ја видите во своето дете во иднина. Секојдневието е преполно со ситуации во кои можете да ги користите зборовите „Благодарам“ и „Те молам“, а кои се витални за добра интеракција меѓу вашето малечко и останатиот свет.
  9. „Како ти помина денот?“ Не дозволувајте вашето дете да живее во тишина. Интересирајте се за неговиот живот од мали нозе и прашувајте го што се случува во него. Ако не сака да одговори на прашањето како поминал неговиот ден, споделете што се случило во вашиот или поставете му конкретно прашање како „Со кои играчки игравте?“„Што нацрта денес?“. Така ќе го поттикнете да сподели повеќе.
  10. „Никогаш не се откажувај. Верувам во тебе.“ Вашето дете има голем сон? Не го обесхрабрувајте, туку поттикнете го да го следи. Верувајте во него и научете го и тоа да верува во себе. Ако нешто тргне наопаку, охрабрете го да проба повторно и повторно, гледајќи ги нештата од друг агол. Бодрете го вашето најмило од првите редови и тоа ќе Мајка и ќерка
  11. „Те слушам.“ Ако секогаш се преправате дека го слушате вашето дете додека ви раскажува за случка која го усреќила, разочарала или поттикнала, следниот пат начулете ги ушите и навистина слушајте. Додека ви раскажува, поставувајте прашања како „Кој беше со тебе?“„И што рече Марија?“... така ем ќе му покажете дека вистински слушате, ем ќе дознаете многу повеќе за неговиот живот надвор од домот.
  12. „Никогаш нема да бидеш сам.“ „Јас секогаш ќе бидам покрај тебе.“
  13. „Во ред е да плачеш.“ Зборовите „Престани да плачеш“ се многу моќни, но само ако сакате да му пренесете на вашето дете порака дека не ги цените неговите чувства и дека тагата и стравот се нешто неприфатливо. Дозволете му отворено да ги покажува своите чувства. Сите луѓе плачат: од болка, од тага, од гордост, плачат кога се исплашени, лути или осамени. Доверете му ја вашата тајна – „Возрасните плачат. Јас плачам исто така“ и бидете негово рамо за плачење кога му е потребно.
  14. „Браво. Како се сети на тоа? Раскажи ми повеќе.“ Пофалбите можат да бидат многу голем мотиватор, но не ги кажувајте пречесто, бидејќи ќе ја изгубат силата.
  15. „Сите правиме грешки. Не е крај на светот.“ Вашето малечко истури нешто на подот или скрши чаша од вашиот омилен комплет? Не претерувајте со реакциите. Кажете „Знам дека ти е жал. Ти опростувам“. Дајте му до знаење дека е во ред да прави грешки, дека сите ги правиме и дека треба да учи од истите. А мама нема да биде бесна поради нив. Доколку е доволно големо, поттикнете го да најде решение.
  16. „Извини. Ти беше во право, а јас погрешив.“ За да го научите вашето дете како да презема одговорност за своите постапки, истото треба да го направите и вие самите. Кога ќе почувствувате дека сте погрешиле, признајте го својот „грев“, а потоа обидете се да се искупите за него. Децата се чувствуваат посамоуверени кога знаат дека и возрасните прават грешки.
  17. „Не може секому да се допаднеш. И тоа е нормално.“ Вашето дете е уникатно, различно и специјално, но некои луѓе нема да го ценат тоа. За разлика од нив, други ќе го обожаваат. Кажете му да не се обидува да задоволи секого и да се допадне секому.
  18. „Научи да се сакаш себеси сега“. Како што ќе расте вашето дете, оваа цел ќе биде потешка за постигнување. Ако успеете да го натерате да ги прифати своите несовршености од мали нозе, никој повеќе нема да може да ги искористи против него. Ова е особено важно ако имате ќерка.
]]>