моќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Jun 2023 12:20:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали вашиот партнер има многу повеќе моќ од вас? Предупредувачките знаци на нездрава потчинетост во врската https://arhiva.vistina.com.mk/dali-vashiot-partner-ima-mnogu-poveke-mok-od-vas-predupreduvachkite-znatsi-na-nezdrava-potchinetost-vo-vrskata/ Mon, 19 Jun 2023 13:15:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306836

Романтичната врска не треба да биде борба за моќ. Иако можеби не е реално да се стремиме кон постојана еднаквост, изразената разлика во авторитетот не е природна. Понекогаш рамнотежата на моќта е многу искривена, при што потребите и целите на една личност имаат приоритет. Партнерот кој бара моќ може да има корист од оваа динамика, но тој што трпи обично страда. Истражувањата идентификуваа голем број негативни искуства поврзани со улогата на покорност, а ние ќе опишеме некои од нив. 1. Не можете да бидете автентични пред партнерот Луѓето кои се стремат кон моќ се генерално многу слободни во изразувањето и не кријат никаков дел од својот карактер, додека оние кои се потчинети живеат во постојан страв и притисок да го прилагодат своето однесување според преференциите на партнерот. Студијата покажала дека покорните партнери ги кријат негативните мисли и чувства за време на секојдневните интеракции со партнерот за да не ги вознемират. 2. Постојано се извинувате Доминантните партнери ретко знаат да кажат „извини“ дури и кога ја навредуваат личноста со која се. Наместо да се извинуваат, тие бараат изговори и често ја обвинуваат другата личност. Тогаш личноста со помала моќ често се доведува во безизлезна ситуација каде што презема одговорност и изразува каење иако е свесен дека не е виновен. Доминантните луѓе имаат намалено чувство на емпатија. 3. Тие можат да ве задеваат, но вие не можете да ги задевате Третиот предупредувачки знак е начинот на кој се „шегуваат“. Задевањето е забавно и сосема безопасно, освен ако не е еднонасочно. Ако вашиот партнер постојано ве задева, а вие не смеете да возвратите, тоа покажува недостаток на почит и се граничи со понижување. 4. Ве третираат како предмет Истражувањата покажаа дека луѓето кои се стремат кон моќ ги гледаат другите како предмети, односно средства за постигнување цел. Тие ја обезличуваат личноста, не го гледаат неговиот карактер, туку само користа што може да ја добијат. Ваквото однесување е дехуманизирачко и често експлоатирачко кога станува збор за интимните односи. 5. Прават да се чувствувате лошо Ако вашиот партнер постојано ве прави да се чувствувате засрамено или непријатно, знајте дека е време да ја напуштите врската или да ја промените динамиката на истата, пишува „PsychologyToday“. Извор: Попара.мк]]>

Што значи кога некој ќе ве бакне во чело, образ или рака? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-znachi-koga-nekoj-kje-ve-bakne-vo-chelo-obraz-ili-raka/ Mon, 31 Oct 2022 13:04:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273593

Kога усните ќе се спојат, се активира цела мрежа на неврони, зголемено се лачат хормони, телото е обземено од задоволство, возбуда, страст, желба… Кога ќе се случи бакнеж, дури и оној пријателскиот, уживаат и телото и психата. Овој најстар вид на комуникација меѓу луѓето покажува љубов, нежност и наклонетост, но и утеха, почитување, сочувство, тврдат италијанските психолози. Бакнежите не се само „разговор“ меѓу љубовниците туку и многу важен дел од комуникацијата со блиските луѓе, пријателите, роднините, семејството. Бакнеж во чело кој родителите често им го упатуваат на децата, се смета за заштитнички гест, а истражувањата кои ги спровеле италијанските научници покажуваат дека децата чии родители секојдневно се бакнуваат напредуваат и се развиваат во посилни личности. Пријателски бакнеж во образ е знак на блискост, особено кога личноста која го упатува ќе ги опфати образите на оној кој го бакнува со дланките. Бакнежот во око се смета за најромантичен затоа што тој буди посилни емоции затоа што очните капаци се многу чувствителни на допир. Научниците тврдат дека на секој му се потребни барем четири бакнежи дневно за да го издржат стресниот дневен ритам и да ја зачуваат здравата психа. Бакнеж во рака е знак на почит, понекогаш и романтични мисли, а според легендата, големите светски љубовници ги бакнувале дамите за рака за да по мирисот на нивната кожа откријат колку е заинтересирана за нив. извор:курир.мк]]>

Пејачката Сани Гроздановска доби секси роденденски подарок, го покажа, ама не го проба… или го проба, а неговата моќ ја почувствуваа и машки раце? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-sani-grozdanovska-dobi-seksi-rodendenski-podarok-go-pokaza-ama-ne-go-proba-ili-go-proba-a-negovata-mokj-ja-pochuvstvuvaa-i-mashki-race-foto/ Wed, 26 May 2021 07:24:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204013

Роденден е денот што го чекаме, цела година... Та биле деца мали или возрасни, сеедно, денот мора да се прослави, во зависност од условите, околностите и можностите. Коронапанедемијата полека како да стивнува, но масовните дружби се' уште не се дозволени, па затоа македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска роденденската прослава ја организираше поскромно, но сепак славје имаше. И тоа каде, ако не кај нејзиниот најдобар пријател, колега и соработник, Трајче Толевски во неговата кафеана, која и се погоди како измислена за роденденската прослава на пејачката. А стариот „скопски боем“ знае како тоа да го направи, особено кога се во прашање драги колеги и колешки, па на Сани и приреди роденденска организација за фасцинација: И амбиентот и храната, а Бога ми и газдата - топ, како што славеничката и сама ги пофали Трајче и неговата кафеана, „Камин кама“. Но, за топ прослава, потребна е и топ гардероба, па роденденскиот стајлинг Сани и го препушти на нејзината исто така пријателка и сограѓанка, проверената модна дизајнерка Ива Спасовска и нејзиното модно атеље „Ива“.  Двете кумановки оддамна се познаваат и соработуваат, па затоа дизајнерката најдобро знае на фолкерката да и ја земе  мерката, па што се вели и без проба да и стокми совршена гардероба. Онаква, каква што најдобро на Сани ќе и прилега за славеничка прилика. Затоа пејачката ја посети својата сограѓанка во нејзиното модно катче, па проба неколку варијанти, чисто онака, за илустрација, за да види во која комбинација изгледа како вистинска роденденска грација?! На вито тело  му прилега и посмело парче, можеби ултра кусо со шлиц од страна и отворен грб што ја покажа големата тетоважа на Сани, која сепак се одлучи за малку поинаква, исто толку смела, но поелегантна комбинација. Патем, не изостана ниту роденденскиот подарок од „кројачката“ за пејачката: Комплет секси долна облека од тантела, со роденденска посвета од креаторката за интерпретаторката: „Среќен роденден душо“, на картичка за посвети со нејзиното мото:  „Моќта е во твои раце“! Сани во модното атеље на Ива трпеливо ги пробуваше модните комбинации за роденденското славје, а ја отвори и кутијата со секси подарокот. Го покажа, ама него не го проба... не барем пред камерата на мобилниот. Дали и колку подарокот има моќ, можеби таа роденденска вечер дозна некој друг, „за лека ноќ“? Судејќи по фотографиите од роденденската прослава на Сани, веројатно истата имала и „after party“. А моќта на подарокот од креаторката, многу или малце, ја почувствуваа и машки раце? На обострано „роденденско задоволство“, се надеваме?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>

Кога Снеже Велков ќе те мотивира, се’ во тебе експлодира: „Биди најдобрата верзија од себе и… блескај“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-sneze-velkov-kje-te-motivira-se-vo-tebe-eksplodira-bidi-najdobrata-verzija-od-sebe-i-bleskaj-foto/ Wed, 14 Oct 2020 07:23:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171222

Снеже Велков која ја знаете како ТВ водителка или пилатес инструкторка, социјалните мрежи не ги користи за „инфлуенсерско тезгарење“ или  за да ги „инспирира“ мажите, како што повеќето познати дами и нејзини колешки тоа го прават, туку и за да ги мотивира сите припаднички на понежниот пол и тоа во разни области. Од тоа да не бидат „очајни“, туку добри домаќинки, посветени мајки, предани сопруги... со еден збор на универзалните човечки и традиционалните семејни вредности... Во добрината е убавината на еден човек, велат, но, за на крајот да не испадне дека добриот и „будалиот“ се браќа, човек треба најпрвин да се сака, цени, почитува и вреднува себе си... Само така истото ќе може да го очекува и од другите. Самодовербата и мотивацијата, покрај сите деруги квалитети, знаења и вештини се движечка сила на личноста, па попусто инспирацијата и соништата, ако не си сигурен во себе и доволно силно мотивиран да посегнеш по нивноито остварување, без оглед на сите сопки, рампи и ѕидови, пречки и препреки на патот. Токму убавата и шармантна водителка и пилатес инструкторка на својот Инстаграм сподели мотивационен пост во кој им се обраќа на припадничките од понежниот пол, кои на половина пат да станат „принцези“, налетале на некој „лажен принц“ кој се обидел или успеал да ги претвори во „жаба“!? И тоа само заради недоволната храброст да му се спротистават, несигурноста во себе: како после него, или изгубената самодоверба дека не можат и без него, апатични, немоќни и неподготвени дека еднаш треба да и се стави крај на „лажната бајка“ која всушност е нивен „кошмар“. Брачен, животен, љубовен, приватен, професионален, работен, општествен... Каков и да е!? „Сакав да ти кажам дека си убава. Да ти што читаш сега,Ти  си убава и имаш самодоверба и си храбра и силна. И сабајле кога стануваш си најубава. Веројатно не се сеќаваш ама кога се будеше наутро ти беше најубавото нешто што го гледаше твојата мајка. Аха и такво сонливо и бушаво и со полна мочана пелена те гушкаше мама...Зошто ти си совршенство. И кога ќе се измачкаше по муцето дур те хранеше баба- беше најубава. И кога сама ќе се  "дотераше" со кармин низ лицето и лак на фустанчето  и тогаш беше најубава и се перчеше знаеш? И кога ќе паднеше па белите хулахопки ќе ги направеше со прав и тогаш гордо ќе се истресеше и ќе се вратеше во игра ... И кога фустанчето ќе ти се поткренеше напред оти мешето ти беше големо..тоа не те спречуваше самоуверено да викнеш:Јас принцеза!🙌 Ти кажувала мама сигурно како си го бакнувала огледалото бакнувајќи се себе си дека се сакаш. И кога врескаше на цел глас замислувајќи се дека си позната пејачка знаеш дека во тој момент ти беше тоа И кога ќе ги построеше децата пред зграда и ќе им речеше е сега јас сум ви учителка знаеш дека веруваше во тоа... Па убава,храбра,сигурна и самоуверена принцезо... Зошто мила му дозволи на светов да те направи кревка?“ - напиша Снеже во мотивациската порака, потенцирајќи ја всушност моќта на кревкоста која лежи во секој/а од нас. Мотивирачки, самоуверливо, храбро, сигурно, одважно, силно... и пред се корисно! Единствено останува дилемата дали важи само за „принцезите“ во приказната на Снеже Велков или можеби и многумина од „посилниот пол“  подлежат на истите слабости? Односно, дали мотивациската лекција е универзална приказна која важи за сите... НАС?    ]]>

Зошто интелигентните и моќни мажи пијат виски? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-inteligentnite-i-mokjni-mazi-pijat-viski/ Wed, 07 Nov 2018 15:30:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56601

Џејмс Бонд е познат по тоа што сака добар пијалок. Во „Skyfall“ тој пие виски заедно со неговиот антагонист Силва. Ова изгледа направи тој да премине од неговото традиционално мартини на виски, затоа што и во наредниот филм за Џејмс Бонд, двојниот агент повторно пие виски. Човек мора да се запраша дали е ова само реклама за шкотската алкохолна индустрија која го прави тој бренд, но не мора долго да се мисли, затоа што повеќето луѓе се согласуваат дека на  доброто виски не му треба маркетинг. Причината за ова е тоа што со декади, па и векови, овој пијалок го претставува се она што Бонд го има: мажественост, моќ, интелигенција и храброст. Но, зошто сите, почнувајќи од гангстерите од високата класа од холивудските филмови до банкарот од Волстрит и сите останати коишто имаат големи амбиции, пијат виски? Одличната репутација на вискито е многу стара Стефан Габани знае што зборува кога станува збор за виски. 23 години работел како експерт за виски во еден од најпознатите барови во Минхен. Тој оттогаш има отворено свој сопствен бар за квалитетен алкохол. Тој верува дека вискито ја добило својата репутација од една причина: Неверојатниот маркетинг на Шкотите во 19 век. Тој вели: „Шкотите уште многу рано сфатиле дека нивниот продукт ќе се продава подобро ако со него доаѓа и определена слика. Па така тие го продавале вискито во Англија како сировата убавина од планинската земја.“ Тие го рекламирале вискито како нешто диво и благородно. Францускиот коњак бил оштествено прифатливиот пијалок во тоа време, но вискито било нешто специјално. Остатокот е историја: Огромната империја на Велика Британија со себе носела и огромно културно влијание. Така вискито дошло до Индија и САД, придружено со одлична слика на моќ и опасност. Неверојатната работа е тоа што оваа репутација се уште стои. Вискито се смета за пијалакот на интелигентните и моќните и тоа поради овие 6 причини: Вискито е мажествено Габани вели: „Во 19 век, жестоките пијалоци биле пијалоци за мажи, со многу малку исклучоци. Силниот и остар вкус на вискито бил најдобар пример за мажествен пијалок.“ Американските писатели често го користеле овој мажествен, див и благороден пијалок како средство за да го опишат архетипот на „осамениот волк“, а тоа најчесто се ликови како каубоите и гангстерите од  Западот. Холивуд ја задржал оваа слика и ја направил уште попопуларна. Така вискито станало пијалок за мажите, факт кој не можат да го променат дури и познатите жени кои пијат виски како Ава Гарднер и Хилари Клинтон. Вискито е скапоцено и уникатно Правењето виски не е скап бизнис. Она што е уникатно кај вискито е начинот на кој старее. Доброто виски се остава да созрее во дрвени буриња. И колку подолго созрева, толку е подобро. Затоа и најстарите вискија се најретки. Но, најдобрите вискија се и уникатни.  Секое виски може да има различен вкус во зависност од тоа колку време созревало и во каков тип на буре.„Мекалан М“  е најскапиот тип на виски во моментов. Во 2014 година 1.5 галон од вискито било продадено за 630.000 долари. Вискито го купуваат луѓе кои гледаат во иднината или едноставно сакаат да уживаат во неа Откако ќе го надминеме периодот во животот кога се мачиме за да ги обезбедиме неопходните работи, треба да почнеме да размислуваме за иднината. Некои луѓе купуваат злато, некои инвестираат во недвижнини, а некои купуваат виски. Собирачите на виски можат да купат ново издание за 150 долари и потоа откако ќе „остари“ да го продадат за неколку илјади долари. Вискито е симбол за општествениот статус Издигнувањето на шкотското виски пред стотици години објаснува зошто вискито се гледа како еден вид симбол за општествениот статус. За шкотскиот крал Џејмс IV се вели дека бил првиот благородник кој го пробал пијалокот во 1506 година. Потоа тој го донес во својот двор и во повиските општествени слоеви во државата. Кога вискито дошло во Англија, било претставено како пијалок за високите класи. Габани вели: „Морнарите пиеле рум, но офицерите и генералите пиеле виски.“ Можеби тоа е и причината поради која денес вискито е симбол за богатство. Вискито станува се попопуларно во држави како Кина, Бразил и Индија. Ова не е случајност: Ова се земји во кои се зголемува бројот на богати луѓе. Ако домаќинот служи виски на своите гости, тоа е знак за неговото богатство. Големите мажи низ историјата пиеле виски Винстон Черчил и писателот Марк Твен биле големи обожаватели на виски. Писателот Џорџ Бернард Шо за вискито рекол дека е „течно сонце“. Франк Синатра многу сакал виски, дури и бил погребан заедно со шише Џек Даниелс.  За овие луѓе вискито не било само некакво скриено задоволство, тоа било израз на нивниот животен стил. Ако имате познавања за вискито делувате образовани Не е случајно тоа што вискито понекогаш се нарекува виното од Волстрит. Ова е пијалок за кој луѓето обожаваат да зборуваат со своите бизнис партнери со цел да ги импресионираат. Секој кој знаее да каже приказна за историјата на вискито и вкусот на вискито ќе делува образовано и интелигентно.]]>

Секој хороскопски знак си има по една супермоќ – дали си ја знаете вашата? https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-horoskopski-znak-si-ima-po-edna-supermokj-dali-si-ja-znaete-vashata/ Wed, 29 Aug 2018 10:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45012

Овен – неограничена енергија Припадниците на овој знак може да бидат јунаци чија енергија никогаш не пресушува. Брзи се, снаодливи, па дури и може да не јадат и не спијат сè додека не го добијат она што го сакаат. Бик – супер сила Не бадијала се вели „силен како бик“. Припадниците на овој знак знаат и физички и емоционално да им одолеат на предизвиците. Лесно се снаоѓаат во тешки ситуации и буквално ништо не може да ги скрши. Близнаци – ментално снимање Близнаците обично имаат способност да впијат огромна количина на информации за неверојатно кратко време. Без разлика дали читаат или само набљудуваат, имаат капацитет да научат многу нови информации. Рак – моќ за сочувство Да имаат супермоќ, Раковите дефинитивно ќе се пофалат со емпатија. Тие се способни да ги разберат сите луѓе и мотиви околу себе, па лесно се поврзуваат со сечија емотивна состојба. Сакаат да воспоставуваат посебна врска со секој човек, животно или билка на Земјата. Лав – господар на огнот Нивниот жежок темперамент може да создаде оган од ништо – доволно е само малку да се налутат. Но, со еднаква брзина можат да го изгасат ако забележат дека им штети на нивните блиски пријатели и сакани. Девица – човечко торнадо Заради брзината и интензитетот кој ги краси луѓето родени во овој знак, слободно може да се наречат како човечки торнада. Благодарение на способностите да размислуваат 5 чекори однапред, можат целосно да ја променат ситуацијата, баш како торнадо. Вага – менување на облици Припадниците на овој знак ги краси една практична способност – моќ на приспособување. Како супер јунаци, тие лесно ќе се приспособат на секој и насекаде. Таа нивна моќ им овозможува да го живеат животот во повеќе облици и од повеќе позиции. Скорпија – читач на душата Припадниците на овој знак дефинитивно знаат како да ја читаат туѓата душа. Тие се единствениот знак во зодијакот со толку силна перцепција и моќно логичко заклучување. Штом Скорпијата ќе ве погледне во очи, може да ги проценат вашите најскриени желби, страсти и цели. Стрелец – детектор на лаги Стрелците многу лесно може да ја извлечат вистината од било кој. Затоа се супер јунаци наречени човечки детектор на лаги. До вистината нема да дојдат преку мерење на пулсот и промените во дишењето, туку преку ситни манипулации со кои ќе го откријат соговорникот додека да трепне. Јарец – управувач со мислите Имаат неверојатно силна ментална енергија и упорност со која и другите ги убедуваат во нивното лично мислење и нивните одлуки. Јарците знаат буквално да ги контролираат туѓите мисли. Идеите им се секогаш генијални затоа што знаат издржано да ги одбранат. Водолија – исчезнување Водолиите лесно стануваат невидливи. Нивната моќ за исчезнување е неверојатна, и физички и ментално. Благодарение на оваа способност знаат да се дистанцираат кога треба, но и да го обиколат светот и да запознаат нови луѓе и нови ситуации. Риби – творци на нови светови Вечните сонувачи кои не се снаоѓаат најдобро во реалниот свет знаат како да создадат некои нови, паралелни светови. Нивната фантазија и креативност нема граници, па ако ги прашате со задоволство би живееле во некој футуристички филм како Матрикс. извор:боза.мк]]>