мојата улица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Apr 2020 12:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мојата улица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Васил Гарванлиев сликите од детството ги преточи во песна – „Мојата улица“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-slikite-od-detsvoto-gi-pretochi-vo-pesna-mojata-ulica-video/ Mon, 06 Apr 2020 12:29:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143510

Васил Гарванлиев, кој требаше да ја претставува нашата земја на јубилејниот 65. Евровизиски фестивал на 16 мај во Ротердам, Холандија, периодов, кога целиот свет е во изолација, деновите ги минува во родната Струмица. Во меѓувреме, Гарванлиев го промовираше видеото за својата најнова песна. Станува збор за баладата „Мојата улица“, за која самиот напишал музиката, а на пијано го придружува Давор Јордановски, македонски композитор што живее и работи во Канада. Eмотивниот текст, за кој и самиот Васил вели дека има и биографски елементи, го напишал Игор Џамбазов. Видеото за песната  кое го снимил и режирал Ѓорѓи Вацев, е снимено во старата касарна во Струмица, и тоа во еден потег. „Мојата улица“ фицијално беше промовирана на концертот во неговата Струмица, но се раѓа во комбинација со видео токму во момент кога сите сме дома, и не потсетува на значењето токму на првиот дом и првата адреса. „По најавата за големото телевизиско шоу на 16 мај, на кое ќе бидат претставени годинашните евровизиски учесници пред телевизискиот аудиториум во Европа и во целиот свет, со евровизискиот тим од МРТ ги чекаме деталите за настапот“ - вели гарванлиев канејќи ве да ја преслушате„Мојата улица“ и погледнете виодеото за неа: https://www.youtube.com/watch?v=78oMcdOv6-o&fbclid=IwAR0rMGoGRT_2mrNfb12Zw3G_Zu37HUMdInGtLB-rWmJkZOOaZPY2co-4_G4]]>