мојата пролет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Jan 2019 10:29:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мојата пролет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иако Розга и Хаусер не се поздравија во бекстејџот, Јелена се расплака на сцена, додека бившото момче ја гледаше од публиката!  https://arhiva.vistina.com.mk/iako-rozga-i-hauser-ne-se-pozdravija-vo-bekstejdzot-jelena-se-rasplaka-na-scena-dodeka-bivshoto-momche-ja-gledashe-od-publikata/ Wed, 30 Jan 2019 10:27:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70148

Хрватската поп дива Јелена Розга на доделувањето на регионалните музички МАЦ награди вчеравечер, 29 јануари 2019 во Штарк арената во Белград со солзи во очите ја изведе својата тукушто излезена балада „Мојата пролет“.
Очигледно, разнежнета и обземена од силни емоции како и на видото, Розга со солзи во очите ја изведе новата песна, додека нејзиното бившо момче, Стјепан Хаусер од дуото „Ту челос“ седеше и го следеше нејзиниот настап вод публиката.
Подоцна, кога Хаусер настапуваше, таа исто така го проследи неговиот настап коментирајќи  го заедно со својот колега Петар Грашо.
Инаку, очевидци велат дека Розга и Хаусер кога претходно се сретнале во бекстејџот воопшто не се ни поздравиле.
За потсетување, по повеќе од две години љубовна врска, тие во 2017 година ја раскинаа својата романса... Очигледно, на не баш пријателски начин!
Видеоизвор:Курир.рс/Прва ТВ
]]>

Јелена Розга го остави срцето во новата балада „Мојата пролет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-go-ostavi-srceto-vo-novata-balada-mojata-prolet-video/ Tue, 29 Jan 2019 13:54:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70009

Регионалната поп дива, хрватскат пејачка Јелена Розга денес, вторник, 29-ти јануари 2019,  премиерно ја претстави песната и видеото за нејзината најнова балада насловена „Мојата пролет“ (Moje proljece), со која ќе се претстави и на вечерашното прво доделување на регионалните музички МАЦ награди во Белград.
Розга за прв пат соработува со сосема нова екипа, во која покрај Популарната Емина јаховиќ, која ги потпишува музиката и стиховите на песната, се појавуваат и нашиот Дарко Димитров кој го работеше аранжманот и мастерингот на песната, додека придружните вокали во неа ги пее нашата Антонија Гиговска.
„Овој пат не ви донесов песна... ви го носам моето срце, емоции, живот. Годините низ кои сетпо тоа она што го чувствував, спакувани во неколку минути. Ова не е моја песна, јас сум нејзина. И тоа за прв пат. пуштете ја утре силно, гласно. дали ќе почувствувате исто што и јас?“ - со овие зборови хрватската поп дива им се обрати на своите обожаватели, очигледно видно возбудена пред премиерата на оваа ретко трогателна балада.
Дека емоциите навистина ја погодиле, кинејќи и ја душата, Розга покажува и во самото видео, каде отворено ги покажува сите свои чувства, споделувајќи ги со своите фанови. За едноставниот, но мошне ефектен видеоспот и овој пат се погрижил нејзиниот стар соработник со својата екипа, режисерот Дарио Радушин.
Како звучи „Нејзината пролет“ и како изгледа Розга во снежнобелата визуелизација, премиерно проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=e3AHm4K3XwU      ]]>